Господар на огледалата

*

Се ослободив од насобраната нечистотија и се погледнав во огледалото за да видам дали останало нешто од мене и дали имам сили за да продолжам по овој пат. Успеав некако да седнам на мојот имагинарен престол во мојот нов фантазерски затвор со надеж дека овој пат нема да ги направам истите грешки кои ме доведоа до него.

Околу мене зуеја безглави муви незнаејќи каде се и што прават во овој свет. Дали си ги бараа главите или бегаа од нив не знам, но сигурно е дека летаа без цел. Понекогаш ќе им се придружеше некоја од малкумината нормални муви која за кратко време ја губеше главата и ,како и сите околу неа, го започнуваше хаотичниот танц на безглавите.

Во тој момент господарев со нивните судбини. Посакав да им влезам во мислите за да видам што сакаат, што бараат, која е нивната цел, ако ја имаат воопшто, но како кога беа безглави. Можев да ги спојам со нивните глави, но кога ќе ги споев пак им пајѓаа и ги губеа уште повеќе.

  • Дали е ова мојата цел, мојата задача ?
  • Да се занимавам со обезглавени тела и да им помагам во тоа што повеќе да си ја губат главата ?

Една мува ми зуеше, замавнав и ја сплескав.

  • Што бараат воопшто овие крилести чудовишта околу мене и во мојот живот ?

Мислев дека овој пат задачата ќе ми биде полесна, но гледајќи низ судбините кои ми беа доверени, повторно се вратив на почетокот на патот до целта, на патот до престолот.

*

 “Бараше, но не можеше да најде, а кога успеа да најде, како да заборави што бараше”

Се сеќавам на неа, дури и самовилите можеа да и позавидат на нејзината игра и движење низ просторот. Приближувајќе се пополека кон местото каде што седев не ги ни забележа накитените петли кои не пропуштаа прилика а да не и дофрлат нешто. Седна до мене и ми се претстави. Ги набљудував петлите како се претвораат во искубани кокошки. Ми објасни дека овде требало да се најде со некого и ме замоли да и правам друштво додека го чека. За кратко време се запознавме, времето застана и просторот се исполни со магнетна привлечност. И предложив една игра. Тешка игра за двајца што само што се запознале, но сепак лесна бидејќи чувствуваа дека се познаваат цел живот. На посакуваната вечност и дојде крајот кога љубоморен поглед ја проследи сцената како таа ми се заблагодари за друштвото и со тажен поглед се поздрави со мене. Бев сигурен дека тие очи ќе станат дел од мојот живот.

Долго време поминав во безуспешно барање и талкање по улиците и баровите. Секогаш се враќав дома со надеж дека има утре, дека има нов ден исполнет со талкање. Надежта дека играта ќе стане стварност пополека бледееше.

Лутајќи низ избледеаните простории го видов тој што не беше јас. Гледав и неможев да го препознаам тоа изморено, избрчкано и забрадено лице. Го погледнав во очите и забележав остатоци од некој што го знаев.

Повторно седев во истиот бар и на истата маса. Ми пријде еден ангел, ми остави нешто на масата и ме погледна, повторно тие очи. Веднаш ја запомнав адресата која што беше испишана на ливчето кое стоеше пред мене.

Стоев во собата, го гледав тој што не беше јас и ја повторував адресата. Дали е можно после толку време да најдам нешто, невистинито, што ќе ме одведе до тие планински езера. По којзнае кој пат размислував за повторната средба, што би кажал, што би направил. Знаев дека се ближи тој миг.

Се беше темно и мрачно, дури и розата што ја купив. Дали беше до местото или до мене, не знам, но сигурно беше дека тоа не е добар знак. Отидов до вратата и затропав. Тропнав уште неколку пати, но никој не ми отвори. Ја оставив розата пред вратата и заминав кон хотелот во кој што бев сместен. По патот размислував каде би можела да биде, што би можела да прави и со кого. А зошто пак и воопшто размислував на таа тема после овој нереално очајнички обид, ни самиот не знам. Чашката ги испи и последните мисли. Се разбудив во хотелската соба незнаејќи каде сум и што барам овде. Можев да бидам што сакам и каде сакам, но јас избрав да бидам нешто што неможам да бидам и да барам нешто што не можам да го најдам. Ладната вода ме врати во реалноста и повторно го гледав тој што не беше јас. Сакав веднаш да заминам.

Тоа и се случи, не не таму каде што сакав. Се наоѓав во една чудна просторија опкружен со безброј огледала.

  • Дали е ова сон ? – се запрашав.

Некој ме фати за раката.

*

Седеше безнадежно дома и го чекаше да се врати. Многупати се чудеше како успеа да се најде во тој бездушен град, со тој бездушен човек и да ги пропушти најдобрите работи, да го пропушти духот на авантурите.

Се сеќаваше на него, на неговите очи и на играта што и ја опиша. Застана, и долго гледаше во таа убавина. Мислата за играта не и бегаше од ум.

Светна силна молскавица. Се најде пред скалите во една непозната куќа и во еден непознат простор. Од горниот кат доаѓаше тивка музика. Внимателно и тивко тргна по скалите. Преку подотворената врата во собата од која што доаѓаше музиката можеа да се забележат две голи тела легнати на подот во љубовна прегратка. Веднаш ја препозна личноста од играта. Додека двете тела беа споени во едно, почувствува дека личноста е свесна за нејзиното присуство. Таа ги посматраше некое некое време, но кога личноста погледна во неа и гледајќи ја продолжи да ја исполнува неговата партнерка, таа не знаеше што да прави, какво чувство. Музиката се претвори во плач, воздухот во солзи, собата ја снемуваше, погледите останаа. Силна светлина.

Таа се наоѓаше во домот на нејзините родители во нејзиното родно место во прегратките на нејзиниот партнер. Колку се беше живо и стварно. Лежеа на подот од нејзината соба и страсно водеа љубов. Додека таа го чувствуваше во себе беше свесна за трета личност, всушност беше сигурна, но никаде не ја гледаше. Погледна кон вратата која што беше подотворена, очите повторно им се сретнаа. Колку повеќе го гледаше толку пострасно ја исполнуваше собата. Беше маѓепсана од неговиот поглед. Единствена желба во тој момент и беше да го смени партнерот со личноста од играта.

Но единствено нешто што се случи беа нејзините очи. Ги гледаше и се прашуваше зошто не ја прифати таа игра кога личноста и ја предложи. Остана уште долго да гледа надевајќи се дека сето тоа повторно ќе се случи. Занесот го прекинаа тропањето на вратата и мирисот на пеплосаната вечера. Некако успеа да ја спречи катастрофата и побрза да отвори. Пред вратата немаше никој а улицата беше пуста и мрачна како никогаш до сега.

  • Дали е ова сон ? – се запраша.

Но розата беше вистинска како и нејзината пеплосна вечера. Долго време не можеше да заспие, дали од мислите или затоа што креветот и беше празен. Таа вечер го сонуваше најубавиот сон. Пак беше таа истата, но овојпат се наоѓаше во постела со личноста од играта. Човекот што го чекаше никогаш не се врати, но и се врати животот, повторно беше сама и спремна да си го врати духот. Тоа и беше најголемата желба. Гледајќи ја розата, ја гледаше и останатата убавина која што ја опкружуваше.

Убавината се претвори во безброј огледала кои беа насекаде. Не беше сама. Вкочанета фигура се наоѓаше до неа и вчудоневидено го посматраше просторот. Го фати за рака колку да го освести од шокот.

*

  • Што се случува, се гледав во огледалото кога ?! – ми се обрати  исплашен женски глас.

Тоа беше ангелски глас кој ми одзвонуваше во ушите, тоа беше гласот што го бев слушнал и по кој што трагав.

Пополека се завртев кон изненаденото лице кое занемено ме посматраше.

  • Многу си се променила, но очите ти се сеуште исти – и забележав.

По толку време барање конечно ја најдов, но како, ни самиот незнам. Изненадувањето можеби и не беше преголемо бидејќи мислевме дека сето ова е сон и дека набргу се ќе исчезне, но бевме среќни поради оваа чудна средба.

  • И ти си друг, но кој и да си, сепак ќе те препознаам – ми се насмевна.

Насмевката го сопре времето, но и тоа време не беше доволно за нашите чувства и мисли.

Толку се занесовме што не ни забележавме дека се наоѓаме под нечие љубопитно детско око.

  • Кој си ти ? – го запрашав малиот кој цело време стоел до нас и не посматрал.
  • Јас сум следниот господар на огледалата ! – ми одговори горделиво.

Вратата се отвори и во просторијата влезе еден старец облечен во црно со сива наметка.

  • Што правиш овде, кои се овие луѓе ?! – загрме силно.
  • Ништо, само си играм. Нив ги доведов во собата на љубовта, ми беше жал да ги гледам како се измачуваат – следуваше одговор од малиот.
  • Знаеш дека ти е забрането да си играш со животите на луѓето !
  • Ве молам простете му, знаете, чиста детска душа, сигурно не ви мисли ништо лошо. Вас ве знам, вие сте од оние малкумина што се наоѓаат во собата на љубовта – ни се обрати старецот

Ја прифативме оваа игра и се однесувавме највообичаено.

  • Зошто од оние малку, сигурно има многу заљубени во овој свет ?
  • Појдете со мене – не покани старецот

Куќата беше огромна, со многу ходници и соби. Поминавме покрај многу различни соби: соба на животот, соба на смртта, соба на среќата, соба на злото, соба на доброто, итн, секоја со своја функција и улога во човечките животи. Разбравме дека овде се контролира и корегира судбината на одредени луѓе кои навистина го заслужуваат тоа и имаат зададено поголема улога и цел во животот. Доколку некој од избраните се оддалечи од остварување на пишаното, со помош на моќта на огледалата повторно се враќа на вистинската патека која ќе го одведе до остварување на целта. Овие личности имаат предодредена  главна патека, патека на животот, која што е разделена на повеќе помали патеки кои на крај од линијата повторно се спојуваат. Штом се појави изместување на некоја од патеките, тогаш тоа изместување се става во одредена соба каде што се решава, односно се поттикнуваат избраните сами да си го решат тоа изместување преку сервирање на разни фантазии. Се вративме во “собата на љубовта” од каде и што излеговме. Навистина немаше многу огледала. Луѓето што ги гледавме во нив не беа заедно. Едноставно лутаа еден без друг со израз на лицето дека бараат нешто што изгубиле или бараат нешто за да изгубат. Следуваше објасунување за се.

  • Навистина има малку љубов останато. Овде се наоѓаат некои души кои што заслужуваат, сакаат, живеат и се предодрени за вистинска љубов. Повеќето од нив се имаат видено само еднаш, па дури и во разминување, некои пак се знаат цел живот, потсвесно знаат, чувствуваат дека се створени еден за друг, мислат еден на друг и се сакаат, но не се свесни за тоа. Тоа е онаа љубов на која што треба да и се даде шанса и правилна патека. Затоа и тие луѓе се овде, бидејќи заслужуваат да го исполнат пишаното. Вие сте едни од ретките кои со своите чувства, мисли и фантазии успеале да ја контролираат моќта на огледалата. Сигурно сте го почуствувале тоа во одредени ситуации, а еве и со помош на мојот мал наследник успеавте да дојдете и до овде.

Се приближивме  до едно од огледалата во собата на љубовта. Детето весело трчаше околу нас.

  • Бидејќи веќе знаете доволно и знаете како се користи моќта на мислата, ви ги оставам овие сродни души од “собата на љубовта”. Знаете што треба да правите, да ги изведете на вистинската,заедничка, патека на љубовта. Фантазијата ќе ве носи таму каде што треба. Има само едно правило: никому не смеете да ја оддадете тајната на огледалата бидејќи последиците можат да бидат катастрофални ! Откако ќе заминете од овде, можете да го користите секое огледало за да се вратите во оваа соба, треба само да ја замислите. Ги имате клучевите единствено од собата на љубовта. Сега морам да заминам, ги слушам останатите души како плачат. Нека ве води силата на љубовта и фантазијата и внимавајте на правилото.

Старецот го заврши својот говор и излезе од “собата на љубовта”.

Почувствував како ја снемува раката која што цврсто ја држев во мојата. За миг сите огледала се претворија во едно. Стоев во тоалетот од хотелската соба и си го гледав мокрото и збунето лице.

*

Летнав низ хотелската врата и се упатив кон нејзиниот дом. Тишина го беше прекрила небото. Тропнав, но вратата остана нема. Беше отклучено па без да размислам влегов. Сеуште стоеше пред огледалото возбудена од она што се случи. Ја погалив по косата по што таа се заврте, силно ме гушна и ме бакна. Усните и беа свежи и благи како зрели јаготки. Се бакнувавме толку долго што дури и времето ни позавиде. Ја кренав на раце и ја однесов во спалната соба. Телото и трепереше како лист на ветре. Низ воздухот струеше нејзиното забрзано дишење, легнав до неа и ја прегрнав. Ја чувствував цела ноќ како забрзува и успорува се додека не заспа мирно како јагне, енигма во сон.

Се гледавме без зборови, секој имаше безброј прашања во мислите, но кој би започнал. Заедно го скршивме ледот.

  • Како ?!

Силна смеа ја разби монотонијата.

  • Можеби се е во желбата и во тоа колку ти е силна – започнав; Ако посакуваш нешто доволно силно, цел универзум ќе биде со тебе тоа и да го добиеш. Меѓутоа, како што кажа старецот, сепак треба да покажеш дека искрено се бориш за тоа и да докажеш дека заслужуваш и вредиш за посаканото. Силата на желбата е огромна. Се што е створено, па дури и самите ние, е било нечија желба. Наша задача е да продолжиме да посакуваме и да продолжиме да создаваме.

Гледаше во мене како ангел во дете и го голташе секој збор, беше спремна да посакува и создава нешто вредно, нешто што ќе остане засекогаш запишано во звездите, единствените сведоци на она што се случувало, што се случува и ќе се случува. Желба ни беше да живееме во фантазија, во нереалност, сега ни беше шансата преку нашите фантазии да заживееме нечии желби, нашите фантазии да станат нечија стварност. Спремни да загосподариме со “собата на љубовта” се приближивме до огледалото. Розата сјаеше како никогаш дотогаш, сето црнило како да беше исчезнало. Застанавме и ја замисливме “собата”. Сето тоа го изведовме толку лесно како да ни е секојдневна работа и веќе ги гледавме огледалата кои желно не очекуваа. Без размислување одбравме две споени во едно. Тоа беше почетокот на нашата пловидба низ водите на фантазијата.

*

По којзнае кој пат безуспешно го вртеше истиот телефонски број. И овој пат слушалката од другата страна беше нема. Го сретна на автобуска станица каде што го чекаше автобусот кој никогаш не дојде. И двајцата го чекаа истиот автобус. Се пратеа со поглед додека тој не и пријде. Разговорот беше краток но сладок и заврши со неговиот телефонски број. Можеа да го продолжат разговорот само да дојдеше проклетиот автобус. Тој отиде бркајќи си друга работа а таа остана со ум да го брка него. Тој мораше неочекувано да замине во странство на некаков деловен состанок па тоа и беше причината што слушалката остана неподигната.

  • Што мислиш, вреди ли ? – го пресеков филмот.
  • Секогаш вреди. Проблемот е тоа што тој премногу размислува за кариера. Да почепка малку по внатрешноста ќе наиде на поважна работа-таа. Па, време е за внатрешноста ! – ја крена раката и покажа кон неговото огледало.

Ги спреми материјалите, ја намести врската и замина во канцеларијата за состаноци. Беше празна. Слушна како вратата се заклучува и се заврте.

  • Каде се другите ? – ја запраша сенката што му се приближуваше
  • Ние сме единствените овде – доби брз одговор

Приближувајќи му се пополека, како да лебди низ воздухот, таа ја испушти наметката која и го покриваше голото тело. Веднаш му се врати сликата на автобуската станица кога ја забележа одблиску – Ти ?

Не ни успеа да се докаже кога таа започна да го бакнува и раскопчува. Канцеларијата се вжешти од нивната топлина. Состанокот беше историја а масата за презентација се користеше за друга, поважна работа. Атмосферата се стишуваше, се слушаа последните воздишки. Таа се облече и како што дојде така и си отиде.

Испотен стоше пред огледалото во ходникот и ја држеше врската.

  • Ајде побрзај, сите те чекаат – се појави од некаде секретарката.

Збунет и задишан се појави во канцеларијата. Ја немаше таа живост од пред малку, мртвило беше завладеало со просторијата. Некои мртовци желни за богатство гледаа во него. Не ги интересираше неговиот проект, само ги чекаа крајните пресметки за да видат кој колку би инкасирал на својата дебела сметка. Разочарани и лути алчни погледи го следеа како ја напушта таа мртовечница. Се качи на првиот авион и со една мисла чекаше да стаса. Автобуската му беше следната дестинација. Таму сврте безброј погледи кон сите патници. Автобусот беше веќе пристигнал. Разочарано бараше место за да седне. Седна, се сврте кон прозорецот и веднаш започна да прави планови како да ја најде.

  • Извинете, слободно е ? – го запраша изморен женски глас.
  • Слободно седнете – сеуште замислено гледаше низ прозорецот.
  • Каде патувате ? – го допре со раката за рамото.

Безброј громови го погодија кога се сврте и го виде тоа ангелско лице како му се смее.

  • Таму каде што и вие – излета одговорот од неговата уста

Лицата им беа исполнети со заљубени насмевки. Овојпат автобусот не само што дојде, туку беше и оној вистинскиот. По пат таа му раскажа една неверојатна приказна.

*

Кујнската маса, како замена на маса за презентација, беше главен сведок на задоволството од успешно извршената задача. Бевме горди на тоа што сме и на тоа што го работиме. Не беше она што го замислувавме, но ова беше подобро и од тоа. Ја чувствувавме моќта како ни струи низ вените. Немаше време за повеќе разговори, немо се приближивме до огледалото и ја замисливме “собата”

  • Каде сме, ова не е “собата” ? – и го слушнав гласот помешан со свирки од возилата кои минуваа.
  • Ова е една од улиците во нашиот град, што бараме овде ?! – збунето одговорив.

Две познати, изгубени, лица ја преминуваа улицата. Изгледаа како да бараат нешто. Разминувајќи се, се судрија, се извинија еден на друг и секој со својот прашалник продолжи бесконечно и безуспешно да бара.

Повторно местото и двете лица ни беа познати. Тапкајќи во место и двајцата чекаа такси. Во моментот кога дојде, туркајќи го него, таа влезе и замина со таксито.

  • Но тоа беше моето, можевме заедно – викна кон таксито

Тоа беа неговите зборови кои никој не ги слушна, зборови кои можеа да променат многу нешта. Времето на одведе на друго место.

Двете познати лица седеа во еден ресторан чекаа да нарачаат. Келнерот пријде на неговата маса и ја прими нарачката. За нејзина несреќа тоа беше последната подготвена порција, и таа го нарача истото.

  • Извинете, но господинот од соседната маса ја нарача последната, ако сакате да почекате ќе нарачам да ви спремат – и објасни учтиво келнерот

Таа налутено стана и го напушти ресторанот.

  • Тоа беше последен пат што го посетив тој ресторан – ми се обрати тажно
  • Но, јас мислев дека за прв пат сме се сретнале во барот, каква е оваа игра на судбината – гласно размислував

Во сите тие ситуации бевме ние и во секоја од нив имавме можност да избираме, требаше само подобро да погледнеме околу нас и сигурно ќе го најдевме тоа што го баравме. Залудно поминат пат во барање, талкање и очај, кога патот можеше да биде едноставен, краток и без никакви последици. Се прегрнавме и посакавме тоа да не им се случи и на други.

Две жални огледала, оддалечени едно од друго, ја прекинаа таа блажена прегратка. Две жални души се измачуваа во нивните сонови.

*

Стоеше покрај прозорецот и ја набљудуваше гужвата надвор. Во далечината се забележуваа врвовите од добро осветлените пирамиди.

  • Сигурно тие врвови некогаш претставувале врска со некој друг свет – изговори

Опкружена од мистеријата, возбудата растеше, беше спремна да отиде на друг свет. Тој седеше на креветот до прозорецот и ја гледаше како се допира и гали насекаде по мазното тело. И се приближи од позади, и го слече останатиот дел од облеката, и тргнувајќи од нозете заврши со бакнежи на вратот. Навлегувајќи во неа од позади, го чувствуваше и го примаше нејзиниот здив кој стануваше се побрз и пожежок. Таа се завте и го оттурна на креветот. Веднаш му се искачи и започна со ритуалните движења. Се поднаведна малку колку да ги допре брадавиците на неговото тело и триејќи ги продолжи уште повозбудено со нејзиниот стомачен танц. Не ја сакаше многу нејзината доминантност, па ја грабна, и прилепена за неговото тело, ја сврте на грбот. Капките пот од неговото лице и тело направија таа да полуди до бесвест. Така споени во едно, исчезнаа во нивниот свет. Повторно соновите им останаа без завршница, повторно сонуваа еден за друг и повторно се будеа со едно исто прашање во мислите.

Денот им помина во исчекување на вечерта и новиот сон, за кој се надеваа дека овојпат, можеби, ќе ја почувствуваат бурната завршница. Тој ја заврши деловната вечера и веднаш се упати кон својот апартман. Влезе задишано, се раскомоти, си го изми измореното лице и се фрли во кревет. Дишењето пополека се стишуваше, очите му се затворија.

Се најде во просторија слеана во едно огледало, мебелот беше од стакло и немаше остри агли и немаше врата. Неговиот осамен одраз можеше да се види насекаде. Внимателно му се приближи и седна на ладниот кревет од стакло.

  • Зошто сум овде сам, каде е таа ? – се запраша

Беше во посета на нејзините родители. Доцните разговри придружувани со кафе и сок завршија. Таа им посака добра ноќ на сите, се качи во својата соба, се пресоблече и застана да си ја исчешла косата.

Тој веќе беше задремал потпрен со рацете на главата кога таа го погали, го спушти на креветот и легна до него. Ги отвори очите, и во моментот кога сакаше да и проговори, таа го спречи со бакнеж.

  • Сега можеш да ме прашаш – му се насмевна слатко.
  • Но ова беше мој сон и ти не беше во него, како влезе ?!
  • Не знам, стоев пред огледалото и си ја чешлав косата – збунето му одговори.
  • И размислуваше за него, нели ? – и ја продолжив реченицата.
  • Кои сте сега па вие, и што барате овде ? – не прашаa налутено.
  • Не е важно кои сме ние, важна е целта за која сме овде. Вие сте едни од оние на кои што им е предодредено да бидат заедно, а ние сме овде за го спроведеме пишаното – им одговорив
  • Но ние не се познаваме еден со друг и никогаш се немаме сретнато, единствена врска ни е сонот – ни вратија и двајцата

Бркнав во џепот, извадив едно ливче и го оставив на стаклената маса.

  • Запомнете го пишаното, утре напладне кога ќе се поклопат стрелките ќе се сретнете и ќе ја имате цела вечност за да бидете заедно  – ставив точка на разговорот.

Ние се вративме во собата на љубовта, таа пред огледалото во собата во куќата на нејзините родители, а тој пред огледалото во тоалетот на апартманот.

Цела вечер останаа будни и размислуваа за случката, за чудната средба со луѓето од друг свет, за тоа што се случи и што допрва треба да се случи.

Тој подрани, застана до еден знак и нетрпеливо чекаше конечно да ја сретне неговата судбина. Стрелките на часовниокот се поклопија, ја забележа на другата страна од улицата и започна да и мафта со рацете. Таа забрза кон него, но веќе на третиот чекор падна како покосена од едно возило што се движеше со голема брзина. Стоеше над нејзиното безживотно тело и изгледаше како цел свет да му потонал, не му се веруваше што се случи. Клекна над неа и почна да и ги брише крвавите дамки од нејзиното бело лице.

Во тој момент, како молскавица, му се појави избришаната слика и сеќавање на денот кога го беше за првпат  сретнал тоа лице, на денот кога се враќаше од погреб на најдрагата личност во неговиот живот, неговата мајка. Ја сретна во метрото како седи и чека и застана до неа. Забележувајќи ја неговата состојба таа стана и му го отстапи своето место. Седнувајќи, благодарно и во болка и се насмевна. Без да се поздрави се упати кон нејзиниот воз и пред да се качи, за момент се заврте, го погледна тоа бледо лице во очи и со солзи ја испрати вратата како се затвора пред неа.

Бришејќи и ги капките крв тој избриша и една солза од нејзиното лице. Пристигна и брзата помош, но залудно, таа веќе беше преселена во вечниот свет. Возејќи, гледаше како исчезнува несреќното место. Набргу се оддалечи од градот и бесцелно продолжи да вози. Се стемни, а тој се уште се наоѓаше во својот автомобил пробувајќи да не мисли на својот проклет и безвреден живот. Силни светла му го одвлекоа вниманието, погледна во ретровизорот.

Стоеше во една точка од каде се разделуваа две патеки кои продолжуваа во недоглед. Едната беше мрачна а другата светла. На мрачната стоеше таа, прекрасна како и секогаш. Без размислување тргна кон неа, ја прегрна и заедно продолжија во недогледта.

*

Седевме пред телевизорот и занемено ги гледавме најновите вести. Пренесуваа вест за фатална сообраќајна несреќа.

  • Возев позади него, кога тој нагло сврте – го интервјуираа возачот сведок кој возел позади несреќникот.

Нешто ми одзвонуваше во главата…што се случи и која беше грешката што ги донесе овие трагични настани? Како можеше линијата така да избега од колосек? Па зарем е ова можно? Не можев да поверувам дека предизвикавме ваква катастрофа и дека на било кој начин сме виновници за тоа што се случи.

  • Чудно, последната фантазија со патеката на смртта и животот не беше наша – ја погледнав прашално
  •  Можеби, но што е битно, задачата е извршена – ми одговори и рамнодушно се подсмевна.

Тоа беше насмевка што ме замисли. Во неа можев да ја видам жедта за моќ и контрола врз човечката судбина. Морав да изнајдам начин да ја изгаснам таа жед.

  • Задачата е извршена – ми се вртеа тие зборови во мислите

Но чија задача е извршена, сигурно наша задача не беше да ги одведиме тие заљубени глави во смрт, ние едноставно требаше да ги споиме. Но што ќе се случеше ако тој ја избереше патеката на животот? Која навистина била неговата судбина? Вреди ли да се отиде во смрт заради еден сон? Безброј прашања си поставив но на ниедно не успеав да најдам одговор. Можеби одговорот на сите бил, така е предодредено, но што ако одговорот е сосема различен, тогаш сигурно е дека некои други сили се замешани со нивна задача да ја попречуваат линијата и да ја преземат контролата во свои раце. Таа борба помеѓу доброто и лошото сигурно постои и во светот на огледалата. Дали сме ние доброто или лошото? Дали работиме за добриот или лошиот господар?

Погледнав во неа, сјајно лице гледаше во мене и трепереше со клепките како невино кученце. Решив, нема уште многу огледала, можеме да ја завршиме нашата мисија и како господари да продолжиме да владееме со нашите животи, со нашата соба која ја крстивме “собата на црната роза”. Таа ми пријде, ме зеде за рака и ме однесе пред огледалото.

  • Време е, зарем не ги чувствуваш сите тие души кои плакаат да бидат заедно, плакаат за да им го покажеме вистинскиот пат и да им ги скратиме вечните маки.

Одлучно, како некој освојувач застана прва пред огледалото – Ајде, нема уште долго да те чекам ! Застанав до неа и ја замислив собата на љубовта.

Како дете играше околу огледалата и броеше нешто. Наеднаш застана и со прстот ми покажа кон две. Неодлучно и со страв и пријдов ја прегрнав и се завртев кон посочените огледала.

  • Овојпат фантазијата ќе ја претвориме во реалност, овојпат навистина ќе владееме  – ми рече

*

Како колеги кои работеа заедно се гледаа и комуницираа секојдневно. Обожаваа на паузите да разговараат за мистериите на животот, за тајните на универзумот, за паралелните светови и за идеите на авторите чии книги со сласт ги читаа и разменуваа. Тој свет и го беше поматил умот  до таа мера што не беа свесни дека единствената мистерија која што треба да ја одгонетнат е пред нивните очи. Лутајќи во своите мисли и фантазии за нереалното им бегаше линијата.

Предновогодишната забава на вработените од маркетот во кој што работеа заедно продолжи во станот на еден од колегите. Просторијата во која што седеа и пиеја црвено вино набргу почна да се вжештува и замрачува а масивниот чад од цигарите дополнително ја нападна нивната перцепција за реалност. И двајцата беа внесени во атмосферата која што со секоја голтка вино како полека да преминуваше во друга димензија.

  • Интересна ситуација, блазе си им на единствените двајца колеги со толку големо женско друштво – и ги прекинав плановите.
  • Искористи го првиот момент и комплетно преземи му ги мислите а јас ќе ги преземам  нејзините. Овојпат ќе ја пробаме вистинската моќ на огледалата и реалноста ќе им ја претставиме како фантазија – ми го кажа планот

Наивно ја прифатив оваа идеја повеќе од љубопитност и бидејќи, со оглед на текот на забавата, сметав дека нема да има понатамошни последици и сеќавања од настаните. Ова беше доживување во кое што помешаноста на различните чувства ми створи конфузија во сопствените мисли. Не беше воопшто тешко неговите очи да се пронајдат и да му ги преземам мислите.

Во просторијата преовладуваа звуците на темнината а набојот од различните страсти го надополнуваше целосното доживување. Понесени од виното и музиката секој беше во сопствена приказна. Додека седев, неколку женски сенки танцуваа полека на сред просторија. Ја здогледав помеѓу нив и неговата судбина. Решив да се опуштам и препуштам на забавата па продолжив со исто темпо со виното кое веќе го чувствував во вените. Седнав на фотељата решен да уживам во прекрасниот танц и движења на сенките. Го здогледав и единствениот колега кој седеше на другата страна и долепен до една од колешките нешто и објаснуваше. Една од сенките кои што танцуваа ме забележа, се издвои и седна до мене. За мое изненадување тоа не беше таа што требаше да биде. Без зборување ми ја зеде чашата од рака и зема една голтка во устата. Наместо да ја голтне содржината, таа се приближи до моите усни и ми ја понуди на мене. Инстиктивно го испив понуденото вино нежно допирајќи ги нејзините усни. Заедно, седејќи на фотељата, продолживме да го следиме танцот на трите сенки кои полека, фајќајки го спориот ритам, се доближуваа една до друга се додека не се прилепија и не започнаа да се допираат и галат. Гледајќи во прилепените сенки не ја ни почувствував раката која нежно ме масираше преку панталоните и со усните повторно ме напојуваше со вино. Ми ја зеде раката и ја пикна помеѓу нејзините нозе. Почувствував силна топлина како ме обзема. Возбудата растеше и колку и да пробував да се воздржам, толку таа беше поголема. Испив уште некоја чашка од виното. Таа ја зеде прекривката од фотеља, се прекри со неа, се спушти надолу и ми ги откопча панталоните. Следејќи го танцот на  припиените сенки и јас под прекривката ја добивав мојата доза на љубовен набој. Како да ова не беше доволно, ја зедовме прекривката и излеговме на малата тераса. Додека не галеше отсјајот на месечината таа ме галеше под појасот. Седнав на столчето на терасата, ја зедов во мене и полека почнав да навлегувам во неа. Набргу темпото се засили а кутрото столче отскокнуваше горе долу. Забележав љубопитно лице како не посматра од вратата и возбудено се допира. Откако завршивме со терасата, наредна станица ни беше тоалетот. За тоа време забавата се одвиваше најнормално, како ништо да не се случува. Движејќи се кон тоалетот, погледите ни се сретнаа со вистинската. Таа се забавуваше на свој начин, танцувајќи на подиумот и уживајќи во допирите и бакнежите на другите две женски личности. Седнав на шољата спремен да експлодирам од допирите на нејзините топли усни. Како забрзуваше со движењето така се доближуваше и моментот. Во тоалетот повторно се појави љубопитното лице од терасата но овојпат се гледаше дека има желба да ни се придружи. Со строг поглед беше одбиена сестрата на мојата партнерка која продолжи со акцијата и со желното исчекување на топлиот туш на нејзиното лице. Но секој напор тоа да се случи беше залуден. Доживувањето ги беше преминало сите граници, опиеноста полека ми минуваше, станав од шољата и се погледнав во огледалото со намера да се вратам во собата на љубовта.

Стоевме еден до друг преплавени со најразлични емоции.

  • Како ти се допадна моментот кога пиеше вино од моите усни. Тој вкус мислам дека никогаш нема да го заборавиш  – задоволна го започна разговорот.
  • Зарем презема друга личност а не таа што треба. Како можеше ова да го сториш. – строго и се обратив.

Нивните огледала ги снемуваше од собата на љубовта. Последно што можеше да се види е како продолжуваат опиени да талкаат барајќи се себеси, и како секој во своите мисли преживувајќи ја одново таа вечер се надеваше дека ќе се повтори тоа доживување.

  • Мислев дека ќе имаме уште шанси да ги споиме, па затоа решив да експериментирам па и ние уживаме во една ваква реална фантазија. Мора да признаеш дека ова искуство беше неповторливо без разлика на исходот – ми се обрати .

Имаше право само во едно.Никогаш не го заборавив горчеливиот вкус на тоа проклето вино.

*

Како дојдовме до оваа ситуација да дозволиме мрачни сили да влијаат на нашето расудување навистина незнам. Немав друго логично објаснување освен ова да го припишам на мрачни сили. Но од друга страна пак зошто тие мрачни сили немаат моќ над мене и не се манифестираат во моите фантазии. Искористија мал знак на слабост во мене и го изгубивме овој случај. Во тој момент знев дека вакви обиди ќе има уште многу, но бев спремен никогаш повторно да не им дозволам да ја искористат таа слабост. Сепак во мене имаше надеж дека сеуште има начин да ги доведеме работите во ред и дека во неа сеуште има незаразени делови. Разгледав малку низ огледалата и одбрав едноставен случај кој сметав дека ќе не врати на вистинска патека. Тоа беше најголемата грешка во мојот живот. Случајот изгледаше многу едноставен, но не е се едноставно како што изгледа, работите излегоа од контрола.

Живееја еден до друг, но живееја различен живот. Таа работеше по цела ноќ, а тој по цел ден. Не се познаваа воопшто, но добро си ги познаваа звуците на љубовта. Таа имаше неколку редовни муштерии од повисокиот круг и беше зафатена скоро секој ден во неделата што значеше и дека тој ги слушаше нејзините звуци скоро секој ден и се замислуваше во дует со неа. Во вечерите кога беше слободна таа ги слушаше него и неговата партнерка. Како слушател и беше повозбудливо отколку како активен учесник. Често пати и таа се замислуваше во неговата постела и прегратка. Една вечер слушна караница која заврши со силен тропот на вратата. Тој остана сам во собата, се напи една чашка и седна. Се загледа во разобличениот лик во кристалната чашка. Посака да биде во соседната соба и да го запознае прекрасниот инструмент што ги испушта тие прекрасни тонови секоја вечер. Таа ја имаше истата желба.

Моментот беше погоден, но ниеден од нив не застануваше пред огледало. Мораше да се преземе итна акција и решивме огледалата да ги искористиме како премини во нивниот свет. Ја држев за рака кога застанав пред неговото а таа пред нејзиното огледало. Почувствував како и ја снемува раката од мојата, несвесен дека тоа ќе биде засекогаш. Тоа беше последен пат како таа убавина стоеше до мене и ме држеше за рака.

Стоев пред неговото зачудено лице. Очигледно беше дека тој си мисли дека сето ова е сон. Седнав до него и почнав да му ја соопштувам неговата судбина со личноста од соседната соба. Изгледа му се допадна пишаното штом веднаш стана и појде со мене кон нејзиниот апартман. Чекорејќи, се почна да избледува, го снемуваше целиот простор околу мене, се почна да се меша и влегував од простор во простор се додека не се вратив во реалниот.

*

  • Што се случи, што тргна наопаку ?!

Стоев сам пред огледалото и ја гледав овенатата роза. Долго време чекав таа да се појави од некаде. Гледајќи се во очи, ја замислив и посакав да се вратам во “собата на љубовта”но ништо не се случи. Се обидов да ја замислам и неа со надеж дека ќе се случи некоја фантазија која ќе ми покаже каде е и повторно ништо не се случи.

Продолжив да се гледам во огледалото се додека не ми се прикажа еден бесконечен и мрачен простор. Тргнав низ него. Се движев без никаква ориентација и чувство за простор. Колку одев подалеку толку и темнината стануваше се потемна. Тоагаш сватив дека тоа е мојата душа, мрачна и празна како и секогаш. Поминав некое време во бесцелно талкање низ неа надевајќи се дека ќе се појави некоја светла точка, но мракот се повеќе и повеќе натежнуваше.

Ги оставив испокршените огледала зад мене и избегав од тој бездушен град, град кој ми ја зеде мојата најголема љубов. Се вратив во мојот дом кој беше ист како и на денот кога го напуштив за да ја барам неа. Ги истоварив шишињата алкохол до работната маса и седнав. Веднаш отворив едно и во две голтки го испив. Скинав лист хартија и почнав да пишувам:

“Бараше, но неможеше да најде, а кога успеа, падна во заборав барајќи премногу. Се сеќавам на неа….се изгуби во сопствената фантазија.”

Тоа беше се што успеав да напишам тогаш бидејќи толку многу испив што веќе неможев ни да седам, а камоли да го држам пенкалото. Паднав во бесознание без да бидам свесен што се ме очекува и без да знам дека ова е само почетокот на патот, на патот до престолот !

 *

Се разбудив по неколку дена агонија потрупан со куп празни шишиња од бело вино и со главата потопена во исповраќанит тепих. Ми одѕвонуваше во главата глас од надвор.

  • Пошта за господин Марк ! – извикуваше поштарот пред вратата

Неговиот глас исчезна додека се измив и додека успеав низ џунглата од шишиња да се довчекам до вратата.

  • Сметка, сметка, промоција, флаер, понуда…..хмм интересно писмо – веднаш го отворив

Писмото доаѓаше од Ел Карга, Египет, и содржеше некаква чудна порака. Пораката беше во облик на круг кој содржеше древни египетски симболи а на средината единствено што можеше да се прочита, беше зборот “Халак”. Мислејќи дека тоа е некое место го отворив пребарувачот и мапата на компјутер, но такво место не постоеше. Имав некое претчуство дека ова е трага што ќе ме одведе до мојата светлина. Си ги средив мислите, емоциите и нередот од шишиња и се фрлив на планирање на патувањето. Планирајќи и размислувајќи започна да ме совладува сонот и веднаш се преместив во малата спална соба во која што го бев заборавил отворен прозорецот.

Студенило владееше внатре па ја пуштив грелката за да ја стопли малата просторија пред да ги затворам очите. Ја потпрев главата на перница размислувајќи на мојата идна мисија, несвесен дека веќе беше започнал планот да се спречи нејзиното остварување, и дека таа вечер беше првиот обид. Ни сам не бев свесен каква е таа сила што ме разбуди од сонот. Малата соба беше прекриена со густ чад кој навлегуваше и во моите гради. Рипнав од креветот и инстиктивно низ маглата го побарав прозорецот и го отворив. Јорганот кој што беше паднал на подот врз греалката, којашто сеуште работеше, тлееше под неа и уште малку фалеше да се разгори уште повеќе и да ја зафати собата со оган. Ја извлеков греалката од штекер а јорганот веднаш го изгаснав под тушот во бањата. Чадот ми гореше во градите а во усните уште долго време го чувствував мирисот на запалениот јорган. Сеуште не ми е јасно што е тоа што ме разбуди од сонот и како е можно воопшто да се разбудам во мала и затворена просторија исполнета со толку многу смртоносен чад.

Оваа случка ми беше мотивација повеќе за ја да продолжам мојата мисија и да ја откријам мистеријата која што ме повикува.

  • Следна дестинација – Каиро, Египет ! – извикав

Воден од некоја сила набрзина ги спакував најпотребните работи. Повторно ја чувствував живоста како струи низ моите вени. Го оставив домот како што беше и заминав кон аеродромот. Приказната со огледалата ја оставав зад мене и ја започнував оваа нова пустинска авантура за која што неможев ни да претпоставам што се може да ми донесе, со какви се опасности може да ме соочи и на какви се крстосници може да ме постави. Изгубената сила ми се врати и бев спремен да навлезам во непознатото.

Возејќи кон аеродромот, погледнав во ретровизорот и во него видов визија како автомобилот на следната кривина удрен од авотбус, кој беше влегол во мојата лента, излетува во длабоката провалија. Кога го вратив погледот кон патот кобната кривина веќе беше пред мене а од неа почна да се појавува и автобусот. Времето запре и невозможното се случи, автобусот помина а и јас со него на иста линија. Успеав некако со инстиктивен потег на воланот да ја избегнам бездната и да се разминам со автобусот. Но, како беше тоа можно, со какви сили овојпат си имав работа. Рацете ми се стресоа а срцето силно ми зачука па застанав на следниот паркинг за да се смирам и размислам. Излегов од возилото и паднав бидејќи неможев да стојам  на нозе. Клекнат, погледнав во часовникот, немав време за губење во сопствените мисли и размислувања, имав побитна работа којашто ме опседна и ме понесе како на крилја. Единствено се надевав дека на сите патници во авионот не им е судено да загинат во авионска несреќа.

*

Каиро, град на величествените и безвременски пирамиди, град завеан во безброј мистерии и приказни за една голема, но изумрена цивилизација. Му реков на таксистот да ме одведе до најблискиот и најевтиниот мотел. Се сместив и легнав да се одморам и да соберам сила за наредниот ден. Заспав размислувајќи за древната египетска цивилизација и што е тоа што довело до нејзин пад и изумирање.

  • Војна на религиите – се разбудив со таа реченица

Можно ли е во таа реченица да се крие тајната на тоа што довело до самоуништување или уништување на сите древни цивилизации што постоеле досега а можеби и на тоа што би ги уништило и сегашните. Самите религии отсекогаш биле поставени да се величат вонземни битија-божества кои секогаш биле олицетворени во овоземни поединци владетели. Во никој случај не се дозволувало слободната мисла и истражување да владејат а со тоа и се немало технолошки напредок. Цели народи работеле единствено со цел да ги задоволат потребите и апетитите за моќ и владеење на поединци кои се претставувале како божества владетели или пророци испратени да го пренесат вонземското владеење. Од друга страна пак ширењето на ралигијата подразбирало и освојување на територии и конзумирање на другите религии. Тоа е случајот со двете најголеми денешни религии кои за да стигнат до оваа моќ која што ја имаат денес користеле агресија и завземање на територии со војна, уништување и истребување и сето тоа во името на нивните вонземски владетели. Исто така слободната мисла и истражување биле, и сеуште се тешки за прифаќање кај некои религии. Дали не очекува војна помеѓу најголемите религии и уништување на една од нив за да крајно остане само една доминантна религија која ќе ги конзумира останатите и ќе владее со духовниот свет напоредно со една доминантна сила во материјалниот свет? Тоа би можело да биде тема на размислување некој друг ден кога мислите ќе ми бидат ослободени од притисокот на времето.

Имав желба да останам уште  некој ден и да истражувам но ме чекаше долг пат до Ел Карга. Се качив на првиот воз. Патот беше долг и најголем дел се  одвиваше покрај течението на моќниот Нил. Убавите пејсажи ја убиваа монотонијата, но со сите мисли во главата не бев способен да им обратам поголемо внимание, планирав поважни работи.

  • Ел Карга ! – извикуваше кондуктерот

Тоа беше тоа, стигнав до мојата дестинација. Со нетрпение се симнав од возот и се упатив кон пазарот според планот. Беше навистина раздвижено. Луѓето се движеа како мравки цело време извикувајќи нешто, нешто нудеа, нешто добиваа, повеќе губеа, но сите беа задоволни. Почнав да ги прашувам локалните жители за “Халак”, што значи тоа и каде се наоѓа ако е место, но сите бегаа од мене мафтајќи со рацете. Движејќи се разочарано низ толпата некој ме повлече. Тоа беше еден средновечен маж со остро лице и црн тен, облечен во бела наметка и со бел турбан на главата. Вообичаена облека за месното население.

  • Можам ли да ви помогнам господине ? – ме праша
  • “Халак”, сте слушнале ли ваков збор, дали знаете што значи, сигурно и вие сега ќе побегнете – продолжив да се движам со наведната глава.
  • Ве очекуваат господине. Вие сте Марк Антоан и ја имате поканата со зборот “Халак” – ме пресече во движење

Веднаш се вкочанив и срцето почна да ми чука забрзано.

  • Но од каде ми го знаете името, како ? – се завртев
  • Тие знаат се. А и лесно се препознава странец на пазарот а уште полесно е кога тој го изговара зборот од поканата кој е пак шифра за неговото име. Не чека долг пат, мора да се одмориме прво  – се насмевна и замавна со раката како знак да тргнам по него

Тоа и го сторив. Влезе во еден хотел и му проговори нешто на рецепционерот. Тој ме погледна, се поклона и ми даде клуч од една соба.

  • Сместете се во собата, а јас ќе одам да ги набавам потребните работи за по пат. Ќе дојдам кога се ќе биде спремно за тргнување – ме покоси со неговиот остар поглед

 Не знаев што да му кажам, немо тргнав по скалите и влегов во собата. Тоа беше мала просторија со кревет, шкаф и работна маса и со тесен тоалет со туш. Единствениот прозорец беше свртен кон пазарот во кој можеше да пронајдеш се што ќе посакаш. Тезгите пополека се затвораа. Останаа само неколкумина кои ќе останат да ги соберат остатоците, ќе го исчистат и ќе го спремаат пазарот за наредниот ден. Сето тоа ми личеше на човековиот ум и тело, за да продолжиш нормално со наредниот ден мораш прво нив да ги исчистиш. Кои се тие ? Тие што знаат се, тие на кои им е потребна оваа изгубена душа, тие кои треба да го исчистат мојот пазар, тие ? Но на пазарот секогаш остануваше нешто неисчистено !

 *

  • Ајде, буди се, време е за тргнување ! – ме протресе силната рака на мојот водич

Ми фрли друга облека слична на неговата и ремен на кој имаше футрола со револвер, нож и матарка за вода. Надвор не чекаше превозот, три камили од кои едната беше натоварена само со залихи на храна, вода и други намирници. Почетокот на денот беше и почеток на долгиот пат до Саркофаг, како што разбрав, така се викаше местото кое што ни беше дестинација. Полека го оставивме зад себе Ел Карга и навлеговме во Либијската пустина. Во текот на патувањето добив многу поучни и интересни лекции за снаоѓање во пустината, јавање на камила и пукање од револвер. Веќе бевме длабоко во пустината кога наидовме на едни рушевини кои криеја извор на вода и нудеа одлично место за одмор. Приближувајќи се пополека забележавме светлина од оган и слушнавме гласови од  рушевините. Ги оставивме камилите подалеку и претпазливо се доближивме. Ѕирнавме за да видиме што се случува. Тоа беше група од неколку пустински пирати кои држеа заврзани тројца туристи, двојца мажи и една жена. Недалеку од нив лежеа и мртвите тела на нивните водичи. Разбојниците беа собрани во круг околу огнот, пиеја и наздравуваа за пленот.

  • Ги знам заробените и нивните водичи, требаше и ние да бидеме во нивната група, но ти стигна покасно. И тие треба да стигнат до Саркофаг. Покасно се ќе ти стане јасно, сега е време за акција – прошепоти

Се тргнавме од таа позиција, се сместивме малку подалеку и направивме план за ослободување на заробениците, требаше само ноќта да се стемни уште повеќе.

Тивкиот пламен ги осветлуваше лицата на заспаните околу него. Кон единствениот стражар се приближуваше сенка со сечило во раката. Стражарот не ни почувствува кога го снајде смртта. За тоа време јас тивко ги ослободував заробениците. Ми остана уште да ја ослободам девојката кога се разбуди еден од разбојниците и почна на цел глас да вика. Не размислувајќи, инстиктивно му се нафрлив како некој звер на својот плен, само што јас не ги користев вилиците за да му го скинам вратот. Го извлеков револверот и ги испукав сите куршуми во останатите разбојници кои потегнуваа по нивното оружје. Истото го стори и мојот водич врз сенките што стануваа и потегнуваа кон своето оружје. Вистински масакар, од рушевините течеше крв од која и изворот се зацрвенеа. Срцето ќе ми испукаше од адреналинот кој струеше низ мене, целиот бев наежен и спремен за уште неколку жртви, погледот ми беше фокусиран и како нишан се насочуваше кон се што се движеше. Во тој момент бев обземен од чувството на предатор кој демне и секогаш е спремен да нападне и убие без трунка совест. Тоа беше нешто длабоко скриено во мене и чекаше како вулкан да избие и да се струполи врз некои луѓе-нелуѓе кои не заслужуваат да живеат, врз луѓе-нелуѓе кои го сочинуваат светското зло кое незапирливо се шири во сите пори на животот. Тоа беше чувство што никој не можеше да ми го одземе во тој момент. Длабоко зедов воздух, си ја претставив целата убавина за која што копнеам, телото и умот ми се смирија како ништо да не се случило.

Трите лица што ги спасивме ни се приближија откако видоа дека опасноста помина.

  •  Браво господа, каква акција, каква храброст. Многу Ви благодарам, ако има начин да ви се оддолжиме некако – прв се издвои плавокосиот.
  • Нема потреба од оддожување, овде сме да си помогнеме еден на друг и со заеднички сили, сигурно, да стигнеме до светото место Саркофаг  – му одврати Карим
  • Вашето пријателство и доверба би биле доволни за долгиот пат што не чека. Би можеле да ни се претставите – миејќи си ја крвта од рацете и лицето клекнат над изворот се свртев кон плавокосиот

Изненадено не гледаа и се чудеа како го знаеме сето тоа.

  • Моето име е Џон Робертс и доаѓам од Англија, ова е госпоѓа Јулија Иванова од Русија – покажа кон плавокосата девојка која се поклона, а ова е Волтер Вилен од Белгија – ниското смеѓо човече ми климна со главата. А кои сте вие ако смеам да запрашам ? – ми ја пружи раката

Поздравувајќи се со сите, се претставив.

  • Моето име е Марк Антоан и доаѓам од Канада, а ова е нашиот водич Карим кој ќе не одведе до нашата крајна цел, до светото место Саркофаг.

Сите зборувавме на еден јазик, секој со свој акцент, но битно е што се разбиравме.

  • Како се најдовме на оваа заедничка патека ? – праша убавата Русинка
  • Не знам госпоѓице Иванова, можеби така било пишано – се насмевнав. Но сигурно кога ќе стигнеме до целта луѓето кои што знаат се ќе ни објаснат – одговорив
  • Прекинете со разговорите, помогнете ми да ги закопаме телата на овие несреќници. Патот е долг така да ќе имате време за разговор колку што сакате – не прекина остриот глас на нашиот водич

Со гордост грабнав две тела на разбојниците и ги одвлечкав недалеку од местото и почнав да копам. Ми се приклучија и другите и набргу сите тела беа под земја. Се повлековме до рушевините и секој молчешкум си зафати позиција. Водичот го зазеде стражарското место. Изгледаше дека само тој не спие, но излезе дека само јас заспав. Мирно спиев со ножот во рака спремен и на најмалото движење да реагирам смртоносно.

*

Утрото дојде бргу, пазарот беше исчистен и бев како нов. Ме чудеше Карим, успеваше без заклопено око да ја задржи свежината на лицето и движењата. Ги надополнивме резервите со потребните ствари за пат и ја напуштивме оазата на смртта и животот. Сонцето не гледаше како се движиме низ пустината и сјаеше уште посилно.  Можеби не опоменуваше за опасноста што не чека и демне на секој чекор и од секоја дина, а можеби и не штитеше од истата опасност. Во секој случај никакви разговори не ми паѓаа на памет од него. Имавме доволно храна и вода да се вратиме и пак да тргнеме со истите резерви. Тоа му даваше сигурност на нашиот песочен чекор. Навлеговме во ненаселениот југозападен дел од Либијската пустина. Во населениот дел гледавме по два-тројца на неколку километри, па немаше многу разлика. Овде имаше само песок и ништо друго, безживотна чиста пустина.  Најмногу ми сметаше песочната прашина која ветерот ја разнесуваше како јато птици кое секогаш напаѓаше на нас.

Дојдовме до подножјето на еден каменест предел пред кој се издигнуваше неколку илјади метри над нас. На врвот се гледаа ѕидини. Не знаев што се крие зад нив, но бев сигурен дека тоа е нашата цел.

  • Тоа е Саркофаг, но дури утре ќе продолжиме. Уште малку ќе се стемни а мора да бидеме спремни и одморени за угорнината – се огласи водичот

Запаливме оган и се наредивме околу него. Убавата русинка седеше до мене.

  • Кога стоиш пред огледало што гледаш ? – ја прашав
  • Ништо – ми одговори кратко и продолжи да гледа во огнот

Одговорот беше на место. Тоа беше суровата вистина за одразот што го гледаме секогаш кога стоиме пред огледало. Се додека не веруваме во тој одраз, во таа слика и гледаме “ништо” ќе немаме никави пречки за да продолжиме горди, со дигнати глави и сигурни во себе. Сликата што ја гледаме во огледалото не е секогаш иста, секој ден е различна и секој ден се менува, но само во нашите мисли. Всушност, сликата е секогаш иста, само што ние ја менуваме спрема тоа што ни е натрупано во мислите. Од тоа ѓубре произлегува се, се што ни се случува во животот. Само како да го исчистиме кога секогаш останува и повторно се натрупува друго ѓубре. Можеби најдобро би било да ни паднат главите од рамениците, па тогаш ниту ќе може да се гледаме во огледало и ниту ќе имаме корпа во која ќе го собираме ѓубрето.

Огнот стишуваше, му фрлив едно од дрвата што ги носевме и со нас и се потпрев на една карпа. Почуствував како нешто ми лази по грбот, замавнав со раката но не успеав да го тргнам. Тоа стаса до мојот врат и силно ме стегна. Неможев глас да испуштам и единствена шанса ми беше ножот. Ја губев силата борејќи се за воздух и виејќи се додека не успеав да го извадам сечилото од чизмата и со неколку удари да го тргнам тоа чудо од мојот врат. Делот што го пресеков падна на земја и грчејќи се испушташе некаква зелена течност. Подолгиот дел исчезна зад карпата. Се завртев кон стражарското место но таму го немаше нашиот водич. Го забележав малку подалеку како се бори со неколку долги змиести тела кои го влечеа во внатрешноста на песокот. Веднаш се стрчав пукајќи во песокот од каде што излегуваа. Се гледаше дека створот со болка ги прима куршумите, но неговата цел беше јасна, да го одвлечка нашиот водич во неговата дупка и да го сервира на тоа што е таму долу. Трчајќи, се сопнав од еден дел од створот кој веднаш ми се закачи на ногата и започна да ме одвлекува во бездната. Додека го тргнав од ногата, Карим го снема во песотка. Се бореше до последниот момент. Дотрчаа и другите да помогнат, но касно. Стоевме вкочането наместо да избегаме што подалеку од тоа монструозно место. Неколкуте змиести тела што ни се приближуваа не освестија и како од ѓавол гонети се упативме кон карпестиот дел и тргнавме да се искачуваме. Теренот изгледа не му одговараше на суштеството па се откажа од потерата после поминати дестина метри од угорнината. Но немаше причина и ние да се откажеме од искачувањето. Тешкиот и висок предел со остри карпи максимално ни го попречуваше движењето, но преплашени од тоа лигаво суштество што сакаше да не сервира за вечера не ја ни чувствувавме болката од посекотините. Пред нас постоеја само ѕидините и сигурноста што можевме да ја најдеме зад нив. Стасавме пред огромна порта која што претставуваше влез во тврдината. Ја пружив раката да затропам но пред да ја допрам таа почна самата да се отвора. Зачудено стоевме пред ширум отворена врата. Тврдината имаше кружен облик и беше опкружена со ѕидини и стражарски куполи. На средината имаше широка и висока куќа исто во кружна форма и изградена од камен. Се гледаше дека има многу простории во куќата, но кој ли живееше во неа ? Се запалија неколку светла во куќата, вратата се отвори и три сенки со ламби во рацете ни се приближија.

  • Добредојдовте во Саркофаг – не поздрави првата сенка
  • Изгледате како да ве гонат духови, повелете влезете и раскажете што се случило – сите тројца тргнаа кон влезот на куќата.

Вратата позади нас се затвори и сенките повеќе не беа сенки. Тоа беа монаси со различни носии од различни вери и изгледаше како сите вери да се обединиле во едно место. На средината од куќата се наоѓаше мала пирамида, што повеќе ми личеше на врв од голема, која на сите четири страни имаше исцртано по едно око. Додека монасите ни помагаа со раните ние им раскажувавме за нашето патешествие до овде и за случката со змиестите тела и за тоа како го однесоа нашиот водич.

  • Злото е разбудено и знае дека доаѓате ! – проговори монахот што ни изгледаше главен
  • Кое зло ?! – во исто време прашавме и погледнавме сите во него
  • Одморете се и закрепнете оваа вечер, а утре ќе дознаете со какво зло треба да се справите – не покани да тргнеме по него.

Монахот беше со избричена глава облечен во носија типична за тибетските монаси од повисок ред. Изгледаше мудро а и зборуваше мудро па сигурно и затоа беше избран за главен на храмот. Ни ги покажа одаите и се поздрави со нас. Собите беа мали и единствено имаше место за еден кревет во којшто веднаш се струполив. Има ли поголемо зло од тоа што го сретнавме во подножјето ? Си легнав и замислував како би можело да изгледа поголемото зло. Ми се вртеа разни монструми низ мислите но ниеден не ми личеше на вистинското зло.

*

Во храмот владееше строг ред па така и утрото дојде многу бргу. Денот започнуваше во една просторија исполнета со свеќи и миризливи стапчиња каде што во апсолутна тишина секој медитираше или се молеше во мислите на сопствен начин. Потоа следуваше доручекот кој беше скромен и се состоеше од еден вид на тврд леб со чај. Очигледно дека немаше многу време за губење бидејќи веднаш по доручекот не одведоа во друга просторија со голема маса каде што нетрпеливо не чекаа монасите. Седнавме секој пред своите имиња: Халак (јас), Халкум (Џон), Хиам (Јулија) и Хроум (Волтер).

  • Пред да преминиме на тоа зошто сте тука, би сакал да ве запознаам со ова место, зошто постои и зошто постоиме ние – започна монахот лама

Ми се мотаа безброј прашања во умот меѓутоа решив да ги премолчам и да го почекам објаснувањето на високиот свештеник. Можеби навистина дошол крајот на светот штом сите религии успеале да седнат на заедничка маса и да го решаваат опстанокот. Па што ги спречуваше до сега сите религиски водачи јавно да седнат на заедничка маса и да ги решаваат сите светски проблеми од најразличен карактер. Па зарем тие проблеми не се битни за опстанокот на човечкиот род. Која е всушност улогата на религиите ако не е да го насочи човекот на вистинскиот пат за постигнување на животна хармонија и осознавање и практикување на доброто пред лошото. Можеби овде е грешката на религиите поради таа поделба на добро и лошо. Што ако за едни што е добро за други е лошо а за други што е лошо за нив е добро ? Кој е тој што треба да одреди што е што и да пресуди ? Поделба, поделба и повторно поделба. Дали е ова прашање на универзумот и како го решиле ова прашање нашите креатори ? Летајќи надвор од нашите граници на поимање ќе го испуштев обраќањето на високиот свештеник.

  • Ова место се нарекува Саркофаг и лежи на врвот на единствената зачувана пирамида од овој тип. Врвот и влезот во неа можевте да го видите на средината на манастирот. Таа претставува портал кој води кон еден друг свет креиран и оставен од нашите древни предци на доверба на малкумина избрани. Од првите избрани потекнуваат и учењата кои требало да се пренесат понатаму на човечкиот род. Тоа се учењата и начелата кон кои човечкиот род треба да се придружува доколку сака да опстои, напредува и еволуира во повисоко битие. Секој од првите избрани тргнал по различен пат да ги шири учењата. Од тие учења започнуваат да се развиваат и различни движења на различни места кои до денес се развиле во тоа што го знаеме како религии. Денешниот облик на тие учења е спротивен на изворниот код којшто требало да претставува придвижувач и обединувач на човечкиот род а не разединувач, владетел, кочничар и поттикнувач на крвопролевање. За среќа секој од наследниците и чуварите на изворниот код го увиделе овој пат по кој што тргнале нивните движења и решиле да се обединат во тајност, да останат да работат во своите религии, и да го чуваат изворниот код и ова место во тајност. Константно комуницираме помеѓу себе, се собираме еднаш месечно, разговараме, ги усмеруваме оние заслужните да си ги остварат судбините и преку нив го подготвуваме теренот за денот кога човечкиот род ќе созрее за осознавање и попримање на комплетниот изворен код. – монахот лама ни ја откриваше тајната на Саркофаг.

Ако продолжеше уште да објаснува мислам дека од тежината на неговите зборови ќе ми испрснеше главата. Го слушав и не можев да верувам во постоењето на ова место и во приказната која што ни ја раскажуваше. Можно ли е човекот толку многу да залутал во својот пат и можно ли е изворниот код да е злоупотребен и извртен до тој степен за да од него започне почетокот на крајот на човештвото. Како сме го изгубиле патот кога толку е очигледен што е тешко да го промашиш. Дали е тој потежок па и затоа намерно сме го избегнале па сме тргнале по полесниот, погрешниот и бесцелниот кој крајно ќе не доведе до пропаст. Чудно е како овие малкумина чувари на изворниот код успеале да опстојат толку време и како успеале да го постигнат ова за сето тоа време во тајност. Сигурно не им било лесно да најдат наследници, да ги научат на тајните и да и го пренесат знаењето. Бев спремен да го попримам сето знаење и сите тајни само да дојдам до изворниот код, меѓутоа тоа значеше да ги надминам моите податочни и умствени капацитети за да го вчитам сето знаење и тајни на Саркофаг. Но не толку бргу, следуваше објаснение за нашата улога во оваа приказна.

  • Знам дека имате огромна желба да ги дознаете сите мистерии на универзумот, но имате побитна мисија. Сите сте имале искуство со куќата на огледалата но секој од различни соби. Пред некое време се случи несреќа во “собата на љубовта” па затоа и сите бевте исфрлени од куќата. Но последиците се многу поголеми. Во последниот случај партнерката на господин Антоан ја издаде тајната на огледалата на девојката од соседната соба, сигурно се сеќавате на тој случај – погледна во мене. Од тогаш изгубивме секаков контакт со куќата и нејзиниот господар. Силите на злото се населија на тоа место и го зазедоа. Можно е преку моќта на огледалата тие сили да завладеат со луѓето и земјата. Вие сте единствените што можеме да ги испратиме што се способни да ја исчистат куќата од корен. – стана и на сите ни подели по една амајлија, секоја со различни древено -египетски симболи.

Јас ја добив амајлијата “СКАРАБЕЈ”, Џон ја доби амајлијата “СКАЛА”, Јулија ја доби амајлијата “НЕФЕР” и Волтер ја доби амајлијата “ШЕН”. Го дознавме и нивното значење. Скарабејот е инсект и симбол на египетскиот бог Хепер и ја претставувал невидливата моќ на создавање која го движи сонцето преку небото. Скалата го представува патот до небесите каде живееле боговите. Нефер е музички инструмент и означува радост, среќа и Шен ја представувал патеката по која се движи сонцето и е симбол на вечноста односно на неограничен временски период. Куќата беше исцртана со вакви или слични симболи и тоа од најраните денови на раѓањето на свеста па се до денешните религиски симболи и сите на некој начин беа поврзани и асоцираа на нашите креатори. Но ниеден од симболите и сликите не откриваше каде се “тие” и што се случило со нив. Се надевав дека крајот на овој пат ќе значи и почеток на друг пат за одгатнување на оваа мистерија. Монахот ја продолжи приказната.

  • Злото може да се победи единствено со заеднички сили, а за да го остварите тоа мора да се споите во едно. Искористете го овој ден за да се запознаете еден со друг и спремете се за шокот што треба да го претрпите и жртвата што треба да ја поднесете бидејќи на крајот на лавиринтот во тој што ќе стаса прв сите ќе се споите во едно. – стана и ја напушти просторијата.

Останавме зачудено да гледаме еден во друг. Се надевавме на поголема помош во спремањето за тоа што не чека но на крај бевме оставени сами на себе, дали намерно или ненамерно не знаевме. Иако тишина владееше со просторијата сепак сите други фреквенции работеа во полна пареа, секој во својот ум имаше безброј мисли. Почнаа да ми се мешаат и други кои не беа мои…”сите ќе се споиме во едно…но како ?”, “жртва, каква жртва ?”, “се ќе сторам за моите најсакани”, ” зарем си ги слушаме мислите ?”, “зарем може да комуницираме на овој начин?”. Ова беше првиот чекор во нашето запознавање еден со друг, и тоа во буквална смисла на зборот. Се изедначивме на иста фреквенција и веќе можевме да си навлегуваме во најдлабоките мисли и мемории. На крајот секој за секого знаеше се. Јулија Иванова, нежна, ведра, радосна, емотивна и затворена во својата фантазија за нејзината единствена љубов која никогаш не ја доби но за возврат доби живот каков што никогаш не ни сонуваше. Го живееше животот едноставно, фамилијарно со прекрасно детенце во нејзиниот живот се до нејзиното прво искуство во куќата на огледалата во собата на радоста и среќата каде осозна многу работи не само за другите туку и за себе кои ја направија подобра личност и подобар родител кој сето стекнато искуство и знаење го пренесуваше на своето чедо. Донесуваше безброј убави моменти и креираше многу убави мемории на избраните се додека и таа не беше исфрлена од куќата. Џон Робертс, програмер и логички геније, го интересираа само нулите и единиците и нивно трансформирање во компјутерски дизајн со различни употребни можности. Искуствата во собата на смртта го научија дека логиката и програмирањето може да имаат и друга вредност. Се бореше со сите сили да спречи непредвидена смрт на некој од избраните и нивно застранување од патеката на животот. Волтер Вилен, креативен и емотивен карактер кој своите мисли и емоции најдобро ги искажуваше преку пишаниот збор. Не беше многу вешт во комуникаицјата со остатокот од околината и имаше затворен круг на блиски личности. Со влегување во собата на вечноста продолжија и неговите креации преку избраните. Бидејќи изворниот код константно мораше да се шири на избраните, а преку нив и на остатокот од светот, тој претставуваше тој мост преку кој поминуваше кодот и се ширеше во различна шифрирана форма која што во даден момент, со внесување на клуч, требаше комплетно да се дешифрира и вчита во избраните кои понатаму продолжуваат како чувари и идни домаќини на Саркофаг. И на крај бев јас, Марк Антоан, се надевав дека не ми навлегле предлабоко во умот и не се сретнале со мракот и бариерите на моите мисли.

Утрото дојде бргу, одморени и синхронизирани еден со друг бевме спремни да се соочиме со се што ќе ни се најде на пат. Не симнаа во ходникот и секој од нас го поставија наспроти страната од пирамидата која што ги носеше симболите од амајлиите кои ни висеја на вратот. Не опкружија сите свештеници од храмот. Монахот лама ни се приближи.

  • Од тука натаму продолжувате како битија со повисок стадиум на еволуција. Се надевам дека “запознавањето” помина во најдобар ред бидејќи успехот најмногу зависи од тоа како ќе продолжите како едно битие со уште поголем еволутивен стадиум. За влез во порталот поставете ги амајлиите врз симболите на вашата страна од пирамидата. Се надевам дека сте спремни за сите искушенија со кои ќе се соочите и  дека ќе направите се за да успеете во мисијата и да ја исчистите куќата на огледалата од злото. – ни се поклони и се тргна во кругот со другите свештеници.

Како можеш да се спремиш за сето ова? Има ли некаква обука? Се очекуваше успех од нас а со тоа и притисокот беше уште поголем. Но ние не ни знаевме што следи понатаму и каде ќе не однесе порталот. Се збогувавме со старите животи и ги поставивме амајлиите. Секоја од страните на пирамидата започна да се отвора се додека целосно не ни се откри мракот во неа. Влегов, вратата полека се затвори позади мене и останав во целосно црнило. Го губев воздухот а со тоа и свеста. Во моментот кога веќе изгубив надеж и се простив од се најмило се отвори дното под мене и летнав со неверојатна брзина во слободен пад. Брзината се зголемуваше до неиздржливост се додека не ја изгубив свеста. Губењето на свеста значеше и моја трансформација во друга димензија.

 *

Инстинкт, простор, зачувување, опстанок, еволуција, логика, време, методи, почеток, причини, перцепција, движење, прашања, системи, пристап, поезија, недостатоци, животот продолжува, сфаќања, сигурност, патување, патишта, адаптација, соништа, изразување, револуција, вредности, наштетува, надминува, одговор, конкретност, планетите и ѕвездите, вера, океани, смирува, конфликти, камења, подароци…тишина.

Во умот ми се вртеа зборовите од една песна…свеста ми се враќаше, но овојпат во друга форма, збогатена и надополнета. Илузиите на другите се претворија и во мои илузии. Видот и телесните функции ми беа исклучени, единствено што работеше под полна пареа беше оваа нова свест со сите можни рецептори на различни енергетски бранови и фреквенции. Инструментите ми покажуваа движење со неверојатана брзина.