Време

Мерлива единица, дел од сечии живот и злоупотребена да не ограничи и спречи во патот на еволуцијата, создавањето, напредокот и се што треба времето да претставува во космичка смисла, односно да го означува движењето по една линија на ист начин на кој што е изградена вселената. На грбот на времето е изграден универзумот и времето е таа линија која што треба да не доведе до совршенство а не да не ограничи со рок на траење. Вистинската потреба и цел од поставување на мерна единица која ќе го мери патувањето од една до друга временска точка е со неа да се измери растојанието и далечината на минатото кое го гледаме секоја вечер кога ќе погледеме на небото, на безбројните светли точки кои се рефлексија на објекти кој се наоѓаат во минатото. Се друго што мериме и ограничуваме со временски период е апстрактно и постои само во минатото или во иднината. Живеејќи заглавени во минатото и во иднината константно предизвикуваме контиуниран дисконтинуитет на космичката линија.

b7517b34a70238623bd3078ab58079e6

Часовникот и календарот се најчесто употребуваните алатки во животот кои се поврзани со се што мислиме дека постои и дека е битно за нас. Гледајќи каде сме биле и каде одиме забораваме на сегашноста, на овој час, на оваа минута, а со тоа забораваме која е нашата цел и која е нашата смисла на постоењето во универзумот и на тоа дека секој од нас е дел од таа линија која не смее да биде попречувана во својот пат. Колку повеќе се попречува линијата толку поголеми ќе бидат и последиците кон целото човештво. Свесен за оваа злоупотреба на времето, единствено се надевам дека самата линија ќе донесе излез од сите илузии на денешницата. Времето ќе си ја најде вистинската улога во нашите животи и линијата на животот конечно ќе биде искористена за тоа што е предодредена: за развивање на свеста, за развивање на науката, медицината, астрономијата, за развивање на целокупното знаењето, за константно учење, вежбање и усовршување на нашето тело и ум, за љубов и заедничко време со најблиските, за правлно практицирање на духовното итн. Сега за сега остануваме затвореници на креираните илузии и злоупотреби на се она што е создадено за доброто на човештвото, од религијата до науката, од нематеријалното до материјалното. Остануваме затвореници на сопствената свест која како да ни е програмирана дека сето ова не смее да го осознаеме, дека не смее да си поставуваме прашања од типот: на што ја трошам својата линија, која е целта на мојата линија, постојат ли некои повисоки човечки вредности, како да достигнам совршен енергетски и умствен баланс, како да се ослободам од нечистотијата насобрана во телото и духот, кои се зависностите и илузиите во мојот живот ?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s