Простор

Безгранично тридимензионално постоење креирано со постанокот на универзумот кое постојано се шири и во кое што сите објекти и настани се непостојани. Заедно со времето тие ги сочинуваат четирите димензии во кои што постоиме. Исто како времето и просторот денес е злоупотребен како илузија на денешницата и наместо да биде двигател на човештвото, тој претставува кочница и граница на експанзијата на човековото знаење, истражување и искуство.

nature

Кршејќи ги основните начала на универзумот, ограничени со најразлични бариери и константно спречувани во слободното движење егзистираме во постојаноста на сите личности, предмети и настани кои не опкружуваат несвесни за штетата која што ја правиме и којашто ни е направена. Измислените просторни граници се креирани со цел да го попречат нашето движење и стремеж кон откривање на светот, неговите тајни и мистерии, да не спречат во отворањето на умот и телото а пред се да не програмираат во робови без способност за расудување и глас и без сопственост над своите животи. Секој, носејќи го сопствениот товар, сопствените стравови и водејќи се од најосновните инстинкти ретко ги поставува и размислува прашањата кои што се всушност најбитни.

  • Каде не води овој пат ?
  • До кога овој магичен круг ќе биде нашиот затвор ?
  • Кои се спрегите, креираните илузии и злоупотреби и како да се ослободиме од нив ?

Прашања се безброј а одговори нема и доколку останеме на овој курс, не истражуваме, размислуваме и реагираме, никогаш и нема да дојдеме до нив. Глобалната револуција нема да дојде сама по себе и да не автоеволуира преку ноќ,  тоа ќе биде долготраен и болен процес којшто ќе трае и доколку секој индивидуално не го согледа и осознае затворениот простор во кој што се наоѓа и со кој што се соочува во секојдневниот живот, и доколку секој не го надмине инстиктивниот начин на егзистирање засекогаш ќе останеме на овој курс кој сигурно не води во бездната на заборавот и самоуништувањето. и Отвореноста и прифаќањето на различностите, развивањето на умствените и телесните можности, константното учење и пренесување на кодот на самосвеснот на наредните генерации ќе бидат и почетокот на крајот на овој мрачен концепт кој владее во светот и ги корумпира и злоупотребува нашите животи. Со правилно посветување на вниманието и енергијата ќе дојдеме и до разоткривање на она што на секого ни е пред нос а што е потребно да се промени и исчисти од корен. Просторот е димензија која не смее присилно да биде затворена и како таква, со или без нас, нема да биде сопрена во својот пат. Наша задача е да се приклучиме на таа движечка струја и без гледање назад или напред да ги фатиме космичките бранови на ексапанзијата. Битката за просторот е само една од многуте кои што треба да ги извојуваме за да ја добиеме војната на постоењето и како владетели на сопствените животи да седнеме гордо, секој на својот трон.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s