Храна

Материја која со орално конзумирање и дигестија се претвора во енергија која овозможува телесна функционалност на организмот. Како и многу други позитивни елементи на човечката линија и таа е злоупотребена во илузија, најголема зависност на денешницата и поле за поделба помеѓу човештвото. Наместо како едноставна функција со која треба да се задоволат основните потреби за правилен развој на телото и умот денес храната се користи во количини многу поголеми од потребните и тоа пред се за задоволување на лични емоции и социјална интеракција и е поставена високо на тронот како есенцијална потреба која доколку веднаш не се добие задоволството опаѓа и се раѓаат негативни чувства.

0d42b610c0f1686077de1833ab10827e Последиците од ваквото однесување се катастрофални посебно ако се земе во предвид дека се пренесуваат од генерација на генерација и мултиплицирајќи се доведуваат до уште поголема експанзија на зависноста што пак доведува до потребата за производство на поголеми количества на храна, поголема трајност и издржливост на храната, побрз раст и поголем род на културите и живите животни како и нивна поголема отпорност на разни болести, паразити и штетници. Несвесни дека на планетата земја ние се однесуваме и дека ние сме најголемите штетници и паразити свесно ја подржуваме оваа сурова битка за профит која е огромна, зема се поголем замав и како таква си го зема данокот сервирајќи ни контамирани производи, вештачки создадени и одгледани со користење на најразлични хемиски супстанци и модифициран генетски материјал и специјално креирани за уште поголемо зголемување на зависноста. Цената на таа ниска, долна и алчна побуда за се повеќе и повеќе храна човештвото ја плаќа преку разни тешки болести, мутации, намалена репродукција, гојазност, војни, гладување и смрт.

Очигледно е дека сега за сега ја губиме оваа битка и дека така и ќе биде се додека не почнеме да си поставуваме прашања од типот:

  • Колку време посветуваме на мислење, припремање, сервирање, конзумирање и разни други церемонии поврзани со чинот на хранење?
  • Има ли попаметни начини да се искористи тоа непотребно изгубено време?
  • Колку храна всушност ни е доволно за нормално функционирање на организмот?
  • Колку храна фрламе и зошто?
  • Низ кој процес поминува производството на храна?
  • Дали човекот е природно создаден за да биде месојадно суштество?
  • Дали човекот има развиени органи за дигестија како останатите природно развиени месојадни суштества?
  • Дали живите суштества кои ги убиваме за храна чувствуваат болка, страв и инстиктивно се борат за живот и што ако ние се најдеме на нивно место?
  • Дали храната што ја конзумираме е лек или отров и што навистина содржи?
  • Која е всушност улогата на храната во нашите животи?
  • Дали ние, како свесни, умствено супериорни и доминантни битија над сите живи суштества, заслужуваме да бидеме жители на планетата земја?

Времето кога ќе започнеме масовно да си ги поставуваме овие и многу други прашања од повисок степен на развој и ќе бараме нивни одговори ќе биде и време на владеење на свесноста, совесноста и разумот и време кое ќе отвори и многу други прашања поврзани со опстанокот и улогата на човечкиот род во универзумот, време кое до сега требаше веќе да го живееме да не постоеја многуте кочничари на развојот на умот и човештвото. Додека не се ослободиме од оваа и од сите останати зависности на денешницата кои се користат за контролирање на умот и негово отупавување ќе продолжиме да лутаме и бесцелно да си ја трошиме животната енергија константно вртејќи го тркалото на заборавот и пропаста на човечкиот род.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s