Паразитизам

Биолошка појава на не-взаемна симбиоза каде едниот вид, паразитот, добива корист на штета на другиот вид, домаќинот, и е практикувана единствено од организми кои се специјално опремени и создадени за овој начин на егзистирање и единствено само на овој начин можат да преживеат. Оваа појава е злоупотребена и како верзија на надграден програм е превземена да се користи како модел на функционирање и кај човечкиот вид. Креирани за бесцелност и безидејност вакви бескорисни организми се наоѓаат и егзистираат помеѓу сите нас и со запиени пипци во општеството и во останатите живи битија ги црпат ресурсите пиејќи ја и ја користејќи ја туѓата животна енергијата и ресурси. Тие единствено постојат само за да постојат незнаејќи што да прават со самите себе и со единствена мисла и цел, како да апсорбираат што повеќе туѓа животна енергија и што повеќе ресурси кои не ги заслужиле или не им припаѓаат.

humanity

Несвесни дека прават штета не само на самите себеси, туку и на идните генерации, продолжуваат и понатаму да го пренесуваат кодот на паразитизмот мултиплцирајќи го и комплетно превземајќи го човечкото од останатите живи битија кои како да немаат доволно сила за да се одбранат од овој наплив. Неможејќи да се одбранат остануваат без животна енергија за да крајно и тие се претопат и приклучат на оваа струја која е програмирана да го одведе човештвото во заборав, пропаст и самоуништување.

Борбата против човечкиот паразитизам сега за сега е неповратно изгубена и погрешниот код преовладува во сите општества на овој свет. Се додека очекуваме дека други треба да ја водат оваа битка, се додека ги толерираме овие паразити во општеството и го попримиме и прифаќаме нивниот код и се додека сме несвесни за нивното постоење, кодот кој треба да не одведе во повисок стадиум на битија ќе биде вечно изгубен.

Универзумот е сила креирана да се шири и распростанува а ние го губиме чекорот со тој процес и наместо да се посветиме на негово одгонетнување, на постојано учење, пренесување на учењето на наредните генерации и надоградување, ние ја губиме енергијата барајќи правда, излез и лек за човечкиот паразитизам и за се што денес е злоупотребено во човештвото. Тркалото на раѓање, самоуништување и повторно раѓање се врти константно и сите траба да се запрашаме и длабоко да размислиме пред да заврши овој циклус во кој живееме и отпочне нов…зошто сеуште не сме способни и немаме доволно капацитет да го вчитаме и прафатиме вистинскиот програм кој ќе не постави на предодредената космичка патека и уште колку тркала е потребно да се извртат за да човечкиот род конечно го достигне тој степен на развој ?

Вистинскиот код кој нашите креатори го развиле и ни го вградиле е длабоко скриен во нашата подсвест постои и го чека висинскиот момент, но е корумпиран и загаден од човечката алчност и паразитизам. Тогаш кога организмот ќе се исчисти од овие напасти и вируси ќе биде и моментот кога на виделина ќе излезе вистинскиот потенцијал, капацитет и моќ на човечкото суштество како материјално и нематеријално битие, тоа ќе биде моментот кога изворниот код целосно ќе биде вчитан.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s