Страв

Инстиктивен емоционален одговор на опасна ситуација за која веруваме дека има потенцијал да предизвика смрт, повреда, болест или закана по емоционалната и менталната благосостојба. Стравот, од постанокот на биолошкиот свет, претставува дел од еволутивниот програм за преживување и движење напред. Оваа емоција во денешно време кога се сметаме за цивилизирани и напредни суштества е злоупотребена за програмирање, контролирање, потиснување на изворниот код и претставува огромна пречка за човечкото битие да премине во нареден стадиум од еволуцијата.

fear-mainДенес, иако човекот е доминантно суштество на планетата земја и нема природен непријател помеѓу животинскиот свет сепак стравот како емоција во голема мера е присутен во неговиот живот и денес наместо да се користи за унапредување и пронаоѓање на начини кои човечкиот вид ќе го усовршат и ќе го воздигнат до стадиум на елиминирање и искоренување на секој страв што постои, се користи за сеење креирани илузии и искривени слики на реалноста и иднината за поттикнување и создавање на анксиозност помеѓу луѓето и нивно предавање во рацете на одредени владетели кои се нудат како нивни спасители и бранители од креираните илузии за опасност која демне и која во секој момент може да ја загрози нивната егзистенција и безбедност. Мотивот за користење на стравот како инструмент за владеење и начин на живеење е еден и единствен, а тоа е алчноста за моќ и ресурси. Во вакво искривено општество на изместени вредности во кое главен владетел е стравот, се раѓаат и другите јавачи на заборавот како што се слепилото, безнадежноста, неморалот, несовесноста, ненаситноста, некултурата и ограниченоста на умот. Сите тие заедно, како црви на стравот, ги разјадуваат и рушат сите останати емотивни и умствени компоненти кои на едно битие му даваат човечки карактер. Од недостатокот на хуманост, емпатија, љубов, радост и способност за самоконтрола на бесот, зависта, љубомората и алчноста се раѓаат човечки предатори кои на својот вид гледаат преку крв и со страв да не станат плен на блискиот до нив со зацртана единствена цел; да зграпчат што може повеќе и на тој начин да го осигурат опстанокот на самите себе и на фамилијата. Овие креации се всушност и единствените природни непријатели на човекот. Вакви предатори и ваков начин на егзистирање постојат единствено во животинскиот свет каде не постои свесност и каде постојат единствено основните инстинкти за преживување.

Во целиот овој хаос на владеење на беснило и емотивно безредие егзистираат и човечки битија кои ги бранат, практикуваат и пренесуваат основните човекови вредности. Свесни за суровоста на зомби општеството тие се принудени да живеат во константна амортизација и борба со секојдневните фрустрации од неправдите и баналноста на бездушниот систем борејќи се и изнаогајќи начини како да ги минимизираат контактите со живите мртовци и како успешно да се справуваат со коњаниците на колективната несвест. Пронаогајќи и детектирајќи ги илузиите и злоупотребите на денешницата потребно е секоја од овие индивидуи храбро да влезе во борба против ова слепило и заспаност, бидејќи будењето на човечкиот род и осознавањето на неговата вистинската природа и цел е фаза којашто најпрво секој индивидуално мора да ја доживее и тоа е патека која што најпрво секој сам треба да ја помине. Самиот чин на осознавање најпрво ќе донесе мир и спокојство во телото и умот а потоа и целосно исчезнување на злоупотребената перцепција на емоцијата наречена страв.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s