Религија

Kодекс на однесување, начин на живеење и практики поврзани со верба во повисоко битие или битија и нивно светење, славење и обожавање со цел приближување на човекот до неговиот вонземски духовен владетел и негова припрема за животот на небесата по завршување на овоземската животна линија што претставува константна и тотална злоупотреба на изворниот код заради материјални цели, моќ, територии и ресурси.

Religion confusion

Конфузија на религиите

Со вчитувањето на програмот на свесност во човечкото битие од страна на нашите креатори е создаден и изворниот код кој требало да претставува патоказ и насока за достигнување на совршенството, хармонија и соживот на човечкиот род помеѓу себе, со природата и со сите живи битија на планетата Земја. Тој требало да го научи човекот, како привилегирано и доминантно суштество, на основните принципи на програмот свесност, на самоконтрола над инстиктивното и животинското, на космичката мисија и улога во универзумот за ширење и продолжување на програмот и на неговите скриени опции за комплетно активирање на човечките умствени и телесени капацитети.

Избраните кои биле назначени да го шират кодот на сите страни од светот со текот на времето биле наследувани од нивни ученици од кои пак некои, осознавајќи ја моќта на кодот, ја започнале неговата историска корупција и злоупотреба претставувајќи и прогласувајќи се себеси за божества, гласници, пророци и извршители на наредби на вонземски супериорни битија-владетели на судбината на човекот. Со масовно прифаќање на овие начела и ставање на животите во рацете на овие претставници на вонземскиот свет стартува и патот на погрешното движење на човештвото. Со текот на времето па се до денес човечката жед и ненаситност на моќ за владеење со туѓи животи, за материјални и нематеријални подароци, за зграпчување на посед и територија, за користење на привилегии за себе и најблиските е израз единствено на животинскиот нагон на човечкото битие и комплетно ја изразува неговата исконска природа како најопасно крвожедно животно со изразена потреба за доминација над својот и сите видови кои постојат на планетата Земја. Ова однесување на егзистирање и ко-егзистирање е во тотална спротивност на свесноста и единствено докажува дека човечкиот род не го заслужува тој програм и дека таа погрешна генерација на пропаднат експеримент требала веднаш да се уништи и да не се дозволи да продолжи човештвото да продолжи по тој мачен пат на изживување врз човечкиот род.

Со оваа константна историски-агресивна злоупотреба на човечките судбини во име на религијата преку крвопролевање, преку креирање на поделби, преку сеење на омраза, преку создавање на лажни слики и претстави за нашето постоење, со влевање на страв за оттуѓување од земското или задгробното општество, со неприфаќање на слободната мисла, со наметнати принципи за практикување на животот, денес светот е целосно корумпиран со овој вирус и сигурно е поставен на темелите на самоуништувањето. (Mr.Robot – god explained)

Оваа генерација на човечки вид шансата за нов еволутивен скок ја има испуштено и крајот на овој круг на недораснато човештво е се поизвесен и единствено што може да се надеваме е дека делови од успешните програми ќе бидат вградени во наредната верзија на програмот свест.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s