Будење

Момент кога стануваме свесни за некое постоење за кое што до тогаш не сме биле свесни, а кое постоело меѓутоа свесно или несвесно сме го игнорирале или не сме го гледале дека постои се до чинот на негово осознавање, односно Будењето. Човечкото битие наместо да се стреми кон овој чин, заспано егзистира единствено за задоволување на основните материјални потреби несвесно за креациите создадени единствено за негова контрола, замајување, затупавување и перење на ум. Материјалното се контролира преку наметнатиот систем на вредности и материјална валоризација на трудот, а нематеријалното преку корумпираниот изворен код преточен во системот на религии за да заедно вршејќи пресија и вградувајќи стравови владеат и го злоупотребуваат еволутивниот пат на човечкото битие претворајќи го во роб. Прифаќајки ги овие системи како единствена опција за егзистенција и предавајќи се под нивна свест и владеење, вината за ова робовладетелство и затвор во кој живееме, трошејќи си ја залудно животната линија, е единствено во нас самите. Одбирајќи го слепилото, односно патот кој други ни го трасираат и по кој други размислуваат наместо нас по строго хиерархиски принципи свесно бегаме од патот на будењето.

a0fec28a90c38ca87fd6816c17698ce6

Дали патот на будењето свесно го избегнуваме заради неговата тежина поради тоа што тоа е пат на воздржаност, самоконтрола, самодисциплина и истрајност, за како негова замена да го користиме полесниот пат на креираните илузии за привидно напредна цивилизација и повисока свест ?

Пред воопшто да го започнеме патот на будењето потребно е да бидеме спремни на предизвиците, тешкотиите и разочарувањата кои тој ги носи никогаш не губејќи надеж и верба во позитивниот исход и целта. Но за воопшто да дојдеме до чинот на будење најпрво е потребно да поминеме некои животни фази и да создадеме услови кои ќе не донесат до него: прочистување на телото и умот од сите загадувања со кои сме опкружени и на кои сме подложени, ослободување од стравовите со кои секојдневно не трујат, развивање и тренирање на умствените и физички капацитети, намалување на улогата на материјалната компонента во постоењето, пронаоѓање на креативната мисла, посветување поголемо внимание и време на блиските, практикување на хуманост, емпатичност, воздржаност, ширење на позитивна енергија и култура на однесување. Работејќи, развивајќи се, надминувајќи ја умствената попреченост и бариера и зголемувајќи го капацитетот на свеста се зголемува и тежината на патот бидејќи тоа е пат на тотална контрола на умот над телото, на нематеријалното над материјалното. Ова е фаза кога страстите и инстинктите се под целосна контрола, а илузиите се исчезнати и веќе не претставуваат пречка за поминување во повисок степен на развој. Целосното ослободување на човекот од материјалното и стремежот кон повисоки нематеријални цели го означува и моментот на будење.

cropped-cropped-20121121-220053

Човечкиот род, како единствен привилигиран рецептор на свеста, занемарувајќи ја оваа способност која може да му донесе неограничени можности, месечари по полесниот пат свесно запоставувајќи си го сопствениот еволутивен процес дозволувајќи некој друг да стопанисува со него и во исто време да биде роб на материјалните побуди и страсти. Долгото месечарење по работ на бездната и деструктивното однесување на оваа генерација на жители на планетата Земја со способност за прием на свеста може единствено да им донесе крај и потреба од уште една интервенција на креаторите на нашето свесно постоење со, по кој знае кој пат, уште една замена на една со друга понапредна генерација на нови жители.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s