Квантната теорија расветлува што се случува со свеста после смртта

Најголемото прашање што многу од нас го имаат во животот, она на што го бараме одговорот со години: Што се случува кога ќе умреме?

Дури и модерната науката се обидува да одговори на ова прашање. Од каде доаѓа човековата свест и кое е нејзиното потекло? Дали е само производ на мозокот, или мозокот е примател на свеста. Ако свеста не е производ на мозокот, тоа би значело дека за нејзино продолжување таа нема потреба од физичкото тело односно дека свеста може да постои и надвор од нашите тела. Поставувањето на овие прашања е од фундаментално значење за разбирање на вистинската природа на нашата реалност и со се поголемата популарност на квантната физика, прашањата во врска со свеста и нејзиниот однос со физичкото постоење стануваат се повеќе и повеќе релевантни.

soul_body

Макс Планк, теоретски физичар заслужен за почетоците на квантната теорија, добитник на Нобеловата награда за физика во 1918 година, нуди можеби и најдобро објаснување за тоа зошто разбирањето на свеста е од суштинско значење: “Јас ја сметам свеста за фундамент а материјата ја сметам за дериват на свеста. Ние не можеме да застанеме позади свесноста. Сето она за што зборуваме, се што сметаме за постоечко, го постулира свеста”.

Јуџин Вајнер, исто така, теоретски физичар и математичар, изјавува дека не е можно да се “формулираат законите на квантната механика во целосно конзистентен начин, без повикување на свеста”.

Дали свеста се движи по смртта?

Во 2010 година, еден од најпочитуваните научници во светот, Роберт Ланца, објавил книга под наслов Биоцентризам: Како Животот и свеста се клучевите за разбирање на вистинската природа на универзумот.

Експерт по регенеративна медицина, Ланца е исто така многу заинтересиран за квантната механика и астрофизиката, интерес кој  го доведе на патот за развој на неговата теорија за Биоцентризам: теоријата дека животот и свеста се од фундаментално значење за разбирање на природата на нашата реалност, и дека свеста доаѓа пред создавањето на материјалниот универзум. Неговата теорија имплицира дека нашата свест не умира со нас, туку се движи, а тоа укажува пак дека свеста не е производ на мозокот.

Оваа теорија е најдобро илустрирана со експериментот на двојно мерење  и е одличен пример кој прикажува како фактори поврзани со свеста и нашиот физичко-материјален свет се поврзани на некој начин; дека набљудувачот создава реалност.

4ce7d4da5f7180a6a103087e821cd42f

Физичарите се принудени да признаат дека универзумот би можел да биде ментална градба, или во најмала рака, дека свеста игра фундаментална улога во создавањето на материјата.

РЦ Хенри, професор по физика и астрономија на Џонс Хопкинс Универзитетот   пишува во публикација од 2005 година за списанието “Природа”: Според Сер Џејмс Џинс (пионер на физиката): “текот на знаењето се движи кон немеханичка реалност; Универзумот почнува се повеќе да личи на голема мисла отколку на голема машина. Умот повеќе не се појавува како случаен  натрапник во реалноста на материјата … туку ние треба, да го повикаме како творец на реалноста и материјата. “. . .   Универзумот е нематеријален – ментален и духовен. Живејте и уживајте. ( “Ментален универзум”; Природа 436: 29,2005)

Теоријата на Ланца, имплицира дека ако телото генерира свест, тогаш свеста умира кога телото умира. Но, ако телото добива свест на истиот начин на кој кабелската кутија ги прима сигналите од сателитите, тогаш свеста не завршува по смртта на физичкото возило. Ова е пример кој најчесто се користи за да се опише енигмата на свеста.

Идејата дека можеби живееме во холографски тип на универзум не е толку претерана, и ако за манифестација на физичка материја е потребен набљудувач, тогаш пред физичкото тело мора да постои набљудувач.

Хипотезата дека мозокот создава свест доминира на мејнстрим материјалистичкиот свет на науката, и покрај   богатството   на докази кои покажуваат дека мозокот (како и на целата наша физичка реалност) може да е производ на свеста. Подолу е еден цитат за да се илустрира она што се подразбира под “материјална” наука.

“Современите научни погледи се темелат главно на претпоставки кои се тесно поврзани со класичната физика т.е на материјализам, идеја дека материјалното е единствената реалност. Поврзана претпоставка е и редукционизмот, идејата дека сложените работи може единствно да се разберат со нивно намалување на нивните интерактивни делови или на поедноставни и фундаметални делови односно на нивните најмали материјални честички. ” – Manifesto for a Post-Materialist Science

Испитувањето на неврохемиските процеси во мозокот кои се појавуваат при субјективно доживување е важно, и нуди одредени согледувања. Тоа ни кажува  дека кога “ваков” вид на искуство што се случува, “дека” се случува во мозокот. Но, тоа не докажува дека неврохемиските процеси го продуцираат тоа искуство. Што ако самото доживување ги создава тие  неврохемиските процеси?

Утврдувањето  на тоа како свеста ја создава материјата е нашиот следен чекор. Едно е сигурно, иако, со сите информации кои го опишуваат постоењето на свеста како независна од мозокот, време е да ги поместиме границите на нашата сегашна прифатена рамка на знаење и да се запрашаме што мислиме дека знаеме.

Импликациите на оваа теорија се огромни. Само замислете ако животот после смртта биде потврден од страна на мејнстрим научната заедница, колку ова би влијаело, не само на нашето разбирање на науката, но исто така и на филозофија, религијата, и многу други области на нашите животи?

Некои научници и филозофи склони на материјалниот поглед одбиваат да ги признаат овие појави, бидејќи тие не се во согласност со нивниот ексклузивен концепт на светот. Одбивање на пост-материјалистичка истрага на природата или одбивање да се објавуваат наоди без силна научна поддршка на пост-материјалистичка рамка се спротивни на духот на научното истражување, а тоа е дека емпириските податоци мора секогаш да бидат соодветно решени. Податоци кои не се вклопуваат во фаворизираните теории и верувања не можат да се отфрлат априори. Таквото негирање е област на идеологијата, а не на науката.

–   Д-р Гери Шварц, професор на Психологија, Медицина, Неврологија, Психијатрија и Хирургија на Универзитетот во Аризона

Што со искуствата на близу до смртта ?

Д-р Брус Грејсон, почесен професор по психијатрија и невробихејвиорални науки на Универзитетот во Вирџинија, опишува документирани случаи на лица кои биле клинички мртви (не покажуваат активност на мозокот) и кои биле набљудувани во исто време. Тој опишува како имало многу случаи каде што поединци опишувале работи кои што би било невозможно да се опишат. Овој тип на студии е обесхрабрен поради тенденцијата на науката како целосно материјалистичка, каде гледањето е верување и кога нешто не може да се објасни преку материјалистичко средство тоа мора веднаш да се дискредитира. Едноставниот факт дека “свеста” сама по себе е не-физичко “нешто” е вознемирувачко за некои научници да го разберат, и како резултат на тоа дека е не-материјалистичко, тие веруваат дека тоа не може да се изучува од страна на науката.

light-at-the-end-of-the-tunnel

Искуства на близина на смрт (NDE) се документирани и студирани долго време. На пример, во 2001 година, во меѓународниот медицински журнал The Lancet,  објавена е 13 годишна студија за вакви искуства:

Резултатите покажале дека медицински фактори не можат да ја објаснат појавата на вакви искуства. Сите пациенти кои имале срцев удар, и биле клинички мртви со губење на свеста кое се должи на недоволно снабдување со крв до мозокот. Во тие околности, ЕЕГ (мерка на електричната активност на мозокот) станува рамна, и ако CPR (реанимација) не започне во рок од 5-10 минути, направена е непоправлива штета на мозокот и пациентот ќе умре.  

Истражувачите прателе вкупно 344 пациенти и 18% од нив имале некој вид на меморија од времето кога тие биле мртви или несвесни (без активноста на мозокот) и 12% (1 од секои 8) имал многу силно и “длабоко” доживување. Сите овие искуства се случиле кога нема електрична активност на мозокот.

Друга студија излегува од Универзитетот во Саутемптон, каде што научниците пронашле докази дека свеста може да продолжи најмалку неколку минути после смртта. Во научниот свет тоа се смета за невозможно. Тоа е најголемата близу до смртта студија која било когаш објавена, и таа е објавена во списанието Оживување (Resurrection):

Во неа се вклучeни 2060 пациенти од 15 болници во Велика Британија, САД и Австрија. Студијата е наречена AWARE (свест за време на реанимација) и е спонзорирана од страна на Универзитетот во Саутемптон во Велика Британија. Истражувачите, за прв пат во една голема студија, исто така ја тестирале валидноста на свесното искуство преку објективни маркери за да утврдат дали тврдењата на свесните искуства надвор од телото се вистински или пак тоа се халуцинаторни настани.

maxresdefault01

Никола Тесла кажува најдобро: “Денот кога науката ќе започне да изучува не-физички феномени, ќе направи поголем напредок во една деценија отколку во сите претходни векови од своето постоење.”

Има причина зошто секоја година, меѓународно признати научници продолжуваат да се залагаат за ова често занемарена тема во мејнстрим научната заедница. Факт е дека материјата (протони, електрони, фотони и се што има маса) не е единствената реалност. Ако сакаме да ја разбереме природата на нашата реалност, ние не може да го продолжиме испитувањето на физичката реалност занемарувајќи го фактот дека “невиденото” го сочинува поголемиот дел од него.

Можеби поголем императив е прашањето, која е улогата на не-физички систем, како свестa, во однос на физичките системи, материјата ?

Ова е она што е познато како пост-материјалистичка наука и тоа е јасно следната област на изучување за да може понатаму да се разбере природата на нашиот универзум.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s