Перцепција

Примање на реалноста со процесирање на просторот, непосредното опкружување и светот во којшто живееме преку сите сетила кои ни стојат на располагање. Под влијание на менталниот склоп, непосредното опкружување и на сите илузии и зависности на денешницата конечниот исход е дисторзирана субјективна слика на искроен свет на постоење во кој се губи реалноста и борбата против нејзините креатори и најголемите непријатели на човечката еволуцијаperception. Во  свет којшто е дизајниран како еден огромен театар и во којшто сите ние сме глумци во една претстава и игра за моќ, нападите на перцепцијата се константни и се одвиваат од сите можни правци, систематски и преку сите сетила. Една иста реалност и вистина наместо за сите да е иста таа е индивидуално различна и зависи пред се од нивото на свесност, моменталната состојба на умот и подложноста на влијанието на средината и мултимедијалните информации. Вклучувајќи ги сите овие фактори во едно општество најпрво се создава едно ниво на основна општествена перцепција која понатаму се разгранува на  поголеми интересно поврзани заедници кои се и носители и креатори на основните вредности во општеството и кои го диктираат начинот на живеење и однесување на нивната заедница. Судирот помеѓу различните заедници или поединки припрадници на различни заедници е и судир на две или повеќе различни перцепции за една иста реалност. Овој ефект на колективна хипноза се зајакнува и мултиплицира секојдневно преку меѓу-човечката интеракција и менталното влијание еден на друг во непосредната средина со наметната култура, вредности, начин на живеење и традиција, во која пак доколку некој отскокнува во однесувањето и практикувањето на сопствениот живот станува осуден, маргинализиран и исмеван. Поголемите заедници понатаму се разгрануваат на помали групи најчесто поврзани лично, фамилијарно и професионално. Освен во исклучителни случаеви и во овие групи важат правилата на носечката заедница со што фрустрацијата и стегите на единката се зголемуваат поради неможноста тие самите да се изразат и да ги покажат свои квалитети, идеи и мислења без притоа да трпат нереални предрасуди. Ова предизвикува понатамошен внатрешен конфликт кој кај секого се манифестира различно а најчесто преку чувство на изгубеност, чести промени на менталната состојба, губење на позитивната и појава на негативна енергија. Еден ден ликот во огледалото е совршен, полн со самодоверба и елан а друг ден истиот лик е западнат, безличен, грозен и непрепознатлив за самиот себе. Перцепцијата за другите и за околината се менува како се менува и ликот во огледалото, па така во иста минута од две различни поединки може да се соочиме со коментар дека не изгледаме добро и дека сме се здебелиле и со коментар дека изгледаме супер и дека сме ослабеле.

positive-affirmations-to-change-your-perception

Ширејќи го слепилото еден на друг, како заразна болест, човечкиот вид живее заробен во свет на туѓи мисли, идеи и фантазии без способност да ја развива сопствената креативност, во точно насочена и програмирана улога на безумен и исплашен роб на лажните цели и страсти. Постојаното медиумско и меѓусебно  бомбардирање со страв, насилство, сексуалност, култура на исхрана и лажни вредности, доведува до пренагласен израз на основните животински инстинкти и потреби единствено поврзани со материјалното постоење на човекот и до се потешко нивно контролирање од страна на свеста. Запоставувањето и заборавањето на нематеријалните вредности и на сопствената посебност и генијалност пак од друга страна создава празни множества зависни од туѓата перцепција. Системот преку илузии да се креира перцепција преку која пак се создаваат сите денешни зависности од лажни страсти е повеќе од јасен, но се додека се дозволува и индивидуално не се работи на негово разобличување и прекинување и исходот е повеќе од јасен.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s