Зависност

Умствено нарушување со кое се соочува целиот човечки вид а кое се манифестира преку недостаток на само-контрола и способност да се влијае на потребата од задоволување на одредена навика. Како креација на илузионистички свет на лажни перцепции, зависноста е  последница на цела серија од разни стимулирачки методи врз основните човекови сетила и е последна од фазите на процесот за уништување на човековата свест и свесност. Таргетирајќи ги сетилата за вид и слух најголемото оружје со убедливо најразорна моќ врз свеста е едно од најголемите технолошки откритија во човековата историја, а кое доаѓа од потребата за поголема комуникациска поврзаност, достапност на информации и средства за истражување и учење. Како резултат на масовната злоупотреба на оваа технологија, можеби првично наменета за позитивни цели и позитивно влијание на човечкиот развој, се раѓа една пеколна машинерија со огромна негативна улога и влијание врз перцепцијата и животот на човечкиот род.

Примајќи и прифаќајки објективно нефилтрирани и непроверени информации преку екранот  како вистинити и стварни, посматрајќи ги животите на фиктивните карактери во измислените стории и поистоветувајќи се со нив, копнеејќи и тежнеејќи по нешто што ни се сервира како убавина, задоволувајќи се преку лажни прикази на емотивни, забавни и телесни доживувања залудно си ја трошиме животната линија за потребите на мултимедијално-технолошката индустрија и пополека, претворајќи се во зависни билки, ја губиме способноста самостојно да расудуваме и да имаме сопствена перцепција за реалноста која не опкружува. Константно аудио и визуелно стимулирани, несвесно стануваме зависни од сето тоа што ни се сервира преку овие злоупотребени уреди.

Зависноста станува уште поголема кога тоа однесување навлезе и се рашири во едно општество со релативно ниска свест и заедно со претходно наследените вредности и традиции прерасне во култура и начин на живеење кој се пренесува и мултиплицира од генерација на генерација без можност тој процес да се стопира. Најкарактеристичните креатури и наметнати зависности како: работа и пари, религија, храна, секс, телевизија, интернет и игри, алкохол, тутун, кафе, дрога и лекови, се лажни вредности, стекнати и научени навики и страсти за чувство на задоволство, свесно сервирани како решенија на човечките проблеми и начини на исполнување на празнината во човечкиот живот. Комплетната слика е тотално бегство од реалноста и посветување на животната линија на бесцелни работи кои сами по себе немаат ниту логика ниту смисла и се израз единствено на материјалната компонента како единствената животна цел и смисол на постоење. the-most-common-cross-addictionsДодека размислуваме со стомакот и гениталиите а не со мозокот, додека не исполнуваат измислени задоволства, додека се препуштаме на средства измислени за создавање на задоволства преку хемиски реакции, додека алчноста владее со нашите животи и додека зависноста од традицијата и материјалното не води низ животот представуваме опасност не само по самите себеси туку и по идните генерации. Учејќи ги и нив на истиот начин на живот и на истите навики и зависности создаваме свет кој нема иднина и напредок. Наместо да се посветиме на создавање на позитивна енергија и нејзино правилно насочување и канализирање, ние свесно го подржуваме системот на негативна енергија и негативни вредности практикувајќи го и применувајќи го како уште една наша зависност – “ЗАВИСНОСТ ОД БЕСЦЕЛЕНОСТ И БЕЗВРЕДНОСТ”.

Без да се потрудиме и без да имаме желба да ја запалиме сијалицата, навикнувајќи се се повеќе и повеќе на темнината, мракот ќе ни стане реалност и начин на живот се до моментот на конечно слепило и исчезнување во него.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s