Свесна поделеност

Работата со свеста е тоа што таа е во центарот на сите искуства. Ако избереме да се фокусираме единствено на свесната позадина на сето искуство, тогаш иако имаме искуство од нашето постоење, ние всушност имаме помалку свест за нашиот ум и емоции бидејќи нив не ги бележиме. Значи, парадоксално, будењето без здрава интеграција на сопственото егото е движење кон несвесност. Но, со дефинирање на умот како извор на сите проблеми, ова зголемување на несвесност може премногу лесно да се отфрли како ирелевантно заради поголема слика на просветлување од оние кои го пре-едноставуваат целосното интегративно будење.

egoslavescapture

Како не можеме да го вратиме ова што го искусуваме во свет на поделби? Впрочем, ние живееме во општество на поделби. Ние дури не би можеле да одиме и во тоалет без некоја идеја, свесна или несвесна, дека сме поделени. Каков би бил ефектот на неподеленоста врз нашите односи? Одвоеноста и чувство за себе е природен слој на нашето битие. Се разбира не најдлабок но секако битен. Најдлабокиот слој е чистата основна свесност и свест, но искуството на тој најдлабок слој не го негира или брише она што е над него.

Во не-дуалистичкото движење и во догматизмот, егото е лош збор. Тоа е зло на човештвото… но без посебно чувство за себе, што ние навистина би имале како вид? Нема да се разликуваме од повеќето животни кои имаат ограничена или им недостасува капацитет за само-рефлексија. Ние сме свесни токму поради тоа што имаме длабоко искуство на поделеност и дека поделеноста не се само-распушта за да на крајот завршиме таму каде што сме започнале.

ego

Подруго е кога свесно се движиме по патот на ослободувањето и будењето. Ние ја немаме истата свест како новороденче што сеуште нема развиено его за да му го одвлекува вниманието од основната свесност. Ние ги интегрираме слоевите на нашето битие наместо да ги бришиме. На овој начин го примаме цел свет свесно внатре во нас и постануваме секое-нешто и никое-нешто. Ова е процес на интеграција, а не на уништување. Важно сознание е дека многу не-дуалистички движења се чини дека не можат да сфатат дека егото не е “себе”, егото е само еден дел од “себе”. Значи, идејата дека кога “себе” се само-распушта се само-распушта и егото е всушност само процес на одрекување или негирање на егото. Она што всушност ние го правиме е, го вклучуваме авто-пилотот, отстапуваме од нашето свесено вклучување на “себе”, и се препуштаме на “не-себе”. Ова е причината зошто многу наводно разбудени поединци се чини дека толку очигледно го поседуваат тоа “себе”, но се слепи за него затоа што имаат направено доволно тесна дефиниција за “себе” која што може релативно лесно да се негира.  Но, “себе” останува, како може да не останува кога телото и нервниот систем и натаму остануваат?

Ова не е за да се отфрли важноста на станувањето свесен за основната состојба на битието. Свесноста  за свесност е од фундаментално значење за процесот на преминување на несвесното во свесно. Свесноста е позадината на комплетното искуство и само со станување свесни за оваа позадина ние сме во состојба јасно да ги видиме патоказите и знаците пред нас. Позадината на свесноста обезбедува поткрепа со која сите работи, видени и невидени, можат да се проценат.  Ова е причината зошто свесноста за свесност е фундаментална за свеста. Сама по себе се чини дека е празна, но во однос на сето она што е, обезбедува контраст на целиот потенцијал кој може да се прикаже.

spiritual-beings-human-experienceЗначи, по секое искуство на просветленост, потребно е да ја поставиме свеста назад во центарот на нашиот живот, назад во нејзината вистинска улога и да се вратиме во светот на нештата, но овој пат со целосно признание дека работите немаат крајна реалност и, иако имаат некоја реланост, дека нивната природа е краткотрајна. На овој начин, значењето е повикано назад како гостин, но не и како полноправен станар.

Различностите сами по себе не мора да значат поделби и конфликти. Во свет во којшто владее интегрирана свест ослободена од материјалниот притисок тие се основа за едно здраво и просперитетно општество во кое половите, расните, материјалните, верските, класните, етничките и било кои други разлики ќе бидат заменети со свесни различности од повисок стадиум кои ќе се надополнуваат една со друга градејќи ја крајната сложувалка.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s