Свест

Автоматизиран паралелен програм на човечкиот оперативен систем, вчитан од неговите програмери во носечкиот столб на човековиот вид од самото негово креирање, а наменет да ги контролира основните инстинкти и да ги заштити умот и телото од корумпираните суб-програми и нивните штетни дејствија. Пренесувајќи се заедно со останатите програми, мемориски записи и еволутивни надградби тој е програмиран да се активира и развива паралелно со останатите физички процеси на мултиплицирање на човековите клетки. Во комплетната изградба на единствениот организам на планетата Земја кој го поседува овој програм тој ја претставува нематеријалната компонента, балансот и противтежата на човековото материјално битие. Свесноста и емоциите, како нејзини суб-програми, се механизмите преку кои свеста директно ја контролира и влијае на материјалната димензија и се единствениот линк преку кој може да се пренесе повратна информација од материјалниот свет до неа. Сите овие повратни информаци кои свеста ги прима и филтрира таа ги користи за создавање на сопствено искуство и сопствени надградби за постигнување на повисоки нивоа на сопствен развој.

maxresdefault12 Со правилно користење, насочување и балансирање на енергијата од овие две димензии на човековото битие, користејќи ги времето и просторот како основни космички алатки на ширењето, еволуцијата и развитокот, а изворниот код како водич, човечкиот вид треба да биде заштитникот на планетата Земја и на сите нејзини жители и носител на сопствениот род во нареден стадиум на повеќе димензионално постоење во сите делови од универзумот. Откривањето на целосниот потенцијал на човечкиот ум и тело се дел од овој еволуциски пат во кој програмот свест ќе ја достигне својата кулминација и експанзија. Интегрираната свест ќе ги постави темелите на вистинските човечки вредности и цели а нејзината контролна моќ ќе биде доволна за да се воспостави правилен систем на ко-егзистирање ослободен од нереалните и наметнати разлики, предрасуди и стравови, со што пречките за преминување преку еволутивниот праг ќе бидат надминати и човечкиот вид ќе го заземе заслуженото место во универзумот.

1335793457-create-light-of-your-life

Сепак, вековното владеење на робовладетелско материјалистичкиот систем на стравови, илузии, перцепции и зависности го има инфицирано и комплетно корумпирано човечкиот оперативен систем што секоја борба против него резултира со неуспех или пак привиден успех исцениран само заради вртење на уште еден круг на негово владеење само во друга форма. Овој систем, роден од злоупотребата на изворниот код, е темнината од којашто секој со сопствената светлина треба да си го пронајде патот до излезот. Светлината постои во секого, меѓутоа доколку воопшто не ја бараме значи свесно остануваме да живееме во слепило и со продадена свест.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s