Дали навистина го живееме својот живот?

herdfeature2

Што се случува кога ќе се побуниме против стадото?

Живееме, но дали живееме на начин на којшто сакаме да живееме или на начин на којшто други сакаат да живееме? Избираме, но дали нашиот избор се базира на лични одлуки или на одлуки кои ни се наметнати од страна на општеството? Дејствуваме, но дали дејствијата се под наша контрола и се со наша свесна волја?

Скоро насекаде има луѓе кои се неизмерно потиснати и искусуваат огромни страдања поради нивната “усогласеност” со оние околу нив само за да се чувствуваат сакани и прифатени, плашејќи се дека прифаќањето и искреното изразување на својата индивидуалност може да ги доведе до социјален прогон. Нивниот живот е бавна тортура и на секој чекор тие чувствуваат како товарот на “усогласеноста” расте и е се потежок и потежок на нивните рамена. Тие се жртвуваат само за да ги задоволат другите, несвесни дека со тоа си извршуваат психолошко самоубиство.
Но што е поентата на живеењето на овој начин? Тоа е бесмислено и крајно глупаво.
Животот може да се живее на еден сосема поинаков начин – на начин кој ни овозможува во потполност да го доживееме нашиот потенцијал, кој ни помага да најдеме задоволство и мир, кој ни дава слобода да бидеме спонтани и да го извлечеме максимумот од нашето животно патување, начин кој го претвора постоењето во прослава исполнета со убави моменти кои го прават животот навистина вреден да се живее.

spend-consume-watch-tv

Бунт не е она што го мислат повеќето луѓе. Тоа е исклучување на Т.В. и размислување за себе.

За тоа да се случи, сепак, ни треба огромна промена во нашата свест. Добар прв чекор за постигнување на ова е со бунтување, против се што ги поробува нашите умови и ни ги полни нашите души со токсични енергија, да се избега од “стадо менталитетот” кој не опкружува.
Кога ќе собереме храброст да го кажеме големо НЕ на униформираноста и да се ослободиме од менталните окови кои не се наметнати од самиот ден на раѓањето, големи работи кои може да го превртат нашиот живот наопаку ќе почнат да се случуваат.

Кога ќе се побуниме против стадото…

Откако ќе го свртиме грбот на масата, нашиот начин на размислување полека престанува да биде под нејзино влијание а со тоа ќе започнеме и со користење на сопственото резонирање. Ова ќе создаде чуда во зголемувањето на нашата интелигенција.
Повеќето луѓе не размислуваат за себе – наместо тоа, тие им дозволуваат на другите да размислуваат за нив. Тие се лесно убедуваат од “стадо менталитетот” и никогаш не запираат, ниту за момент, да се запрашаат за тоа што им се кажува. Тие се заслепени од “верба” и следат се, без да се посомневаат во она што се смета за “нормален начин на живеење”. Со желба да бидат “нормални”, тие ја губат својата индивидуалност и интелектуалните последици од ова се огромни: тие едвај можат да го користат своето критичко размислување и нивната волја е скоро непостоечка. Не е изненадувачки и кога ќе се соочат со какви било проблеми, нивната единствена надеж е дека некој друг ќе им помогне да ги надминат. Самите, тие се чувствуваат целосно беспомошни.

defect

Природата се создава уникатно, но ние сепак се стремиме да направиме се исто.

Кога ќе зачекориме чекор подалеку од границите на стадото и кога ќе започнеме со сопствената потрага по вистината ќе започнеме да ја развиваме и уметноста на слободоумноста. Не веруваме во ништо без докази, не го прифаќаме она што не резонира со нашите сопствени искуства и самите се обидуваме да ја дознаеме вистината. Во нашите напори за да го постигнеме ова, ќе созрееме, ќе станеме помудри и ќе научиме да правиме повеќе свесни избори. Друга работа што се случува е дека ќе станеме искрени самите со себеси и со другите. Ќе ги тргнеме социјалните маски кои ги носиме за да се преправаме дека сме некој кој никогаш не сме биле и ќе се откриеме на светот кои навистина сме, изложувајќи се себеси без страв од тоа дали другите ќе не осудат или не.
Во општеството во кое живееме преовладува лицемерието. Луѓето постојано се лажат еден со друг само за да можат да се чувствуваат прифатени од страна на толпата, но во исто време, тие се соочуваат со емоционални потреси бидејќи никогаш не успеваат да се прифатат самите себеси онакви какви што се. Кога не се сакаш самиот себеси тоа што си, тогаш која е поентата да им се допаѓаш на другите за тоа што не си?

masked-line-of-ppl

Имај храброст да ја фрлиш маската и да го изложиш оној кој навистина си.

Во моментот кога ќе запреме да го бараме прифаќањето на другите ќе започнеме да доаѓаме до израз. Немајќи потреба од дозвола од некој друг ќе престанеме да се потиснуваме себеси, со што нивото на стрес опаѓа и не прави да се чувствуваме многу подобро отколку што било когаш сме се чувствувале. Покрај тоа, ќе бидеме во можност да формираме и вистински односи со луѓе кои навистина резонираат со нас и не прифаќаат такви какви што сме.

Одговорноста и слободата секогаш одат рака под рака, па што повеќе сме одговорни, толку повеќе ќе ја искусуваме и слобода.
Луѓето имаат тенденција да ја отфрлаат одговорноста и да ги држат другите одговорни за нивните животи. Со тоа, сепак, тие исто така ја отфрлаат и нивната слобода. Не само тоа, тие исто така, ги обвинуваат другите секогаш кога нешто им се случува ним и кога нешто не е во ред со нивните животи. Тоа е причината зошто гледаме луѓе кои веруваат во разни спасители овозможувајќи им на некои поединци – на пример, политичари – да преземат контрола врз нивните животи. Но, штом еднаш ќе дознаат дека тие луѓе не ги исполнуваат нивните очекувања, тие почнуваат да ги обвинува за уништување на нивните животи не сфаќајќи дека тие самите се виновни со само-предавањето во нивна моќ на прво место.

no-longer-fit

Сега, кога веќе не спијам, не можам да се преправаам дека се вклопуваам таму каде што веќе не припаѓам.

Стадото секогаш сака добар пастир да се грижи за него. Бунтовник пак не дозволува во слобода некој да му диктира како да живее. Напротив, тој се гледа себеси како креатор на сопствената судбина и презема целосна одговорност за своите постапки. Наместо да ги обвинува другите за неговите грешки, тој целосно ги прифаќа и презема итни мерки за да ги поправи.

Во суштина, бунтовник е оној кој е господар на својот живот.
Бунтовник не оди по предодреден пат – тој го создава својот пат.
Бунтовник не дозволува други да ги контролираат неговите мисли и однесување – тој мисли за себе и за своите постапки дека се олицетворение на неговата психа.
Бунтовник живее во потполност и го стиска сокот од животот. И покрај тоа што тој може да направи многу грешки во неговите напори да ги претвори соништата во реалност, тој не е исполнет со жалење, бидејќи, дури и ако на крајот не успее во своите обиди, тој барем знае дека се обидел најдобро што можел.

walk-your-own-path1

Оди го сопствениот пат.

Ако си “усогласен” со стадото, може да бидеш под импресии дека си слободен, но во реалноста, не си ништо друго туку кукла изманипулирана од страна на надворешни сили. Можеби погрешно се чувствуваш силен со патериците на послабите луѓе, но длабоко во себе знаеш дека си немоќен да застанеш сам на свои две нозе. Можеби носиш лажна насмевка и површно се чувствуваш сигурно, но никогаш нема да престанеш да доживуваваш огромна тага во срцето заради ризиците и одговорностите кои што никогаш не си се осмелил да ги преземеш.

Па што чекаш?
Мисли за себеси.
Тргни ги своите маски.
Однесувај се одговорно.

Живеј го својот живот !

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s