Изворен код

Прирачник, односно упатство за употреба на надградениот програм наречен свест, во кој што се содржани сите оперативни инструкции за правилен развој на човечкото суштество, активирање на полниот капацитет на човечкото тело и ум, негово воздигнување и експанзија низ универзумот и прекинување на вечниот круг на уништување и повторно создавање. По многуте неуспешни и помалку успешни генерации на интелигентни суштества на планетата Земја, креирана е и сегашната генерација на човечки вид, уште еден модел на супериорно суштество со голема моќ за создавање но и за уништување. Претходните верзии, секоја различна една од друга, поседувале и различни карактеристики и способности, како на пример: подолг рок на траење, поголема физичка отпорност, поголем раст, зголемени физички и ментални способности, моќ за контролирање и користење на изворната енергија, итн. Една способност била заедничка за сите, а тоа е можноста за воспоставување на врска со изворната енергија и способноста човечкото тело и мозок да испраќаат и да примаат енергетски информации и сигнали. За да не дојде до корупција и заразување на човечкиот оперативен систем сите модели поседувале и одредени сигурносни протоколи и верзии на програмот свест. Кај повеќето генерации, сепак, тие не биле доволни за да ја задржат деструктивната и негативна страна на овие креации или пак не биле доволни за да постигнат совршениот баланс и нивно еволутивно возвишување во битија од повисок еволутивен развој.

eds-exciting-information

Моделите кои поседувале поголеми способностите имале побрз но и нерамномерен развој, односно, технологијата и моќта се развивале побрзо од свеста, што пак довело и до забрзано самоуништување, неспремност за одбрана од уништување или неможност за достигнување на космички далечини. На други модели пак им бил оневозможен пристапот до одредени способности што пак повторно довело до дисбаланс, односно иако биле со високо ниво на свест  сепак тие не постигнувале доволен развиток за да опстанат и да го преживеат контиунираниот бран на уништување и повторно создавање. Секоја генерација ја добивала својата шанса но најчесто таа не била искористена на вистинскиот начин. Одредени генерации сепак, благодарение на изворниот код, успеале да постигнат доволен баланс и навремено својата иднина или минато да ги побараат во длабочините на универзумот, но не и да го прекинат циклусот на уништување. Скротувањето и контролирањето на човечката деструктивна моќ и постигнувањето на перфектен баланс и синхронизација со фреквенциите на изворната енергија биле клучни кај делумно успешните генерации.

meteor_crash_by_mightygodofthunder-d5fvmpp

Сегашната генерација, повторно посеана преку изворната енергија на ентитетот кој го нарекуваме Земја, е дизајнирана со двоен механизам за отклучување на способностите скриени длабоко во човечкиот оперативен систем, каде едниот клуч е свеста а другиот клуч е изворниот код. Со вчитување на поновата верзија на програмот свест тајните и моќите на овие способности можат да бидат отклучени единствено со двата клуча истовремено и тоа единствено преку следење на изворниот код и негова еволутивна примена за комплетна и интегрирана само-надградба.  Испратен преку земјините енергетските точки, распоредени на сите страни од светот, сигналот со кодот и инструкциите е трансфериран во одбрани човечки битија со компатибилен рецепторски и доволно развиен ментален склоп. Преносот, од страна на реципиентите, бил искусен како незамисливо доживување на визии, емоции и податоци. Одбраните, водени од овие импресии и од тоа кој како ги процесирал информациите, ги учеле и го пренесувале кодот и искуството на нивните ученици, кои пак имале задача понатаму да го продолжат ширењето на кодот. Одбраните, меѓу другото, ја опишале и врската со изворната енергија и визиите за повисоки битија кои ги имале за време на префрлањето на податоците. 9ae0e9a6351811dbc54f3463a1ee9a9c_thumb-451x600Осознавајќи го ова и чувствувајќи ја моќта на изворниот код, дел од учениците и наследниците на одбраните започнале со негова корупција и негово искористување во своја лична статусна и материјална полза. Со тоа започнува и злоупотребата на изворниот код која прераснува во најголемата манипулација во историјата на ова човештво.

Проектирајќи слики на вонземски божества и владетели на човечкото тело и дух, а претставувајќи се како нивни гласници, овие пророци владееле насекаде низ светот сеејќи го стравот од духовниот суд и прогон и поставувајќи им лажни вредности и барања на нивните следбеници. Градејќи ги темелите на првите религии, владеењето се претворило во робовладетелско а луѓето во робови на овие илузионисти. Изворниот код бил комплетно потопен во реките крв пролеани во негово име и засекогаш загубен во човечката омраза. Линкот со изворната енергија слабеел а свеста се намалувала како што раснеле омразата, алчноста, злобата, љубомората, желбата за моќ и контрола над планетата Земја, нејзината енергија и сите нејзини жители. Опсесијата со само-деструктивни страсти, претераното изразување на влијание на подсвеста и безцелноста во животот се само дел од последиците со кои се соочиле следбениците на оваа темна река на пропаста и заборавот на уште една неуспешна генерација на човечки вид.

cry_of_the_pocalypse_by_lucaszoltowski

Зарем ова е повредно од сето она спротивното, зарем ова е просперитетна иднина?

Како со текот на времето раснела свеста на луѓето така се менувала и формата на владеење на потомците на овие пророци, лажни спасители и гласници на апокалипсата. Нивните методи еволуирале и прераснале во сето она што денес го живееме и на што сме сведоци. Животот е сведен на извршување само на основните функции и потреби и комплетно е посветен на робовладетелите кои пак безмилосно ги користат сите можни инструменти на владеење, замајување, застрашување, затапување на умот и потиснување на свеста.

Обновувањето на меѓучовечкиот линк и линкот со природата и нашиот дизајнер, ентитетот Земја, се првите чекори од долгиот пат за поврат на изгубеното. Емитувањето на позитивна енергија ќе и го отвори патот на изворната енергија па можеби второто вчитување на изворниот код ќе биде поуспешно и можеби тогаш човечкиот вид ќе успее да ги тргне оковите на денешницата и слободно без никакви притисоци, зависности и илузии ќе зачекори во освојување на сопственото постоење.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s