Живот

Само-одржувачки код на постоење, дизајниран и вграден од космичките креатори преку изворната енергија на планетата Земја во оперативниот систем на различните биолошки форми на организми кои поврзани едни со други ко-егзистираат во рамките на нејзиниот еко систем. Во кодот на постоењето се програмирани основните биолошки функции на еден организам, неговите физички карактеристики и неговите еволутивни капацитети. Како најбитна карактеристика е вградениот заштитен механизам на рок на траење на физичкото тело. Доколку овој механизам не е доволен за да се одржи природниот баланс, ентитетот Земја активира други природни механизми. Доколку и ова не е успешно тогаш се активира последната фаза на комплетно чистење и повторно создавање на нов живот со иста цел: егзистирање во хармонија, заштита на својот вид, негово проширување, просперитет и нареден еволутивен чекор.

slide-2Како единствен биолошки заштитник на ентитетот Земја, а со мисија да го продолжи и распространи кодот на постоење низ универзумот е создаден човечкиот организам. Овој организам бил создаден  како најмоќен на планетата Земја и како таков претставувал опасност кон останатите животни форми но и кон самиот себе доколку се остави да се води единствено од основните инстинкти. За нивно потиснување и контрола е креиран и му е вчитан програмот свест, овозможен му е линк до изворната енергија и енергиите на сите живи суштества и му е понуден изворниот код како водич до совршен заштитник на целиот жив свет на планетата, негово космичко распространување и прекинување на континуираниот круг на уништување и повторно раѓање. Одговорноста на човечкиот вид за зачувување и експанзија на животот е огромна.earth-infected-by-humans-riseearth Штета што оваа генерација на човештво воопшто не се ни обиде да одговори на овој предизвик залутувајќи во сосема погрешна насока.  Штета што најголемиот подарок и најголемата шанса кои му се поклонети на човечкиот вид се отидени во неповрат и во залудно трошење и губење на животот во создавање на  поделен свет каде што едни слепо грабаат и пустошат  се што им е пред нос и бараат повеќе од она што им е потребно и други кои едвај живеат на работ на егзистенцијата без основни услови за живот. Врската помеѓу овие два света е тотално изгубена а јазот е се поголем. Луѓето се целосно изгубени и оттуѓени еден од друг, близината со човечките материјални играчки е поголема и побитна од човечката близина и близината со живите суштества кои ги третираме како најдолно нешто. Дали сме се запрашале што ако се појави некој надмоќен и не третира нас како што ние третираме се што е живо на светот, па дури и самите себе. Како ќе се чувствуваме ако нас не одгледуваат на фарми и не касапат за храна. Дали сме се ставиле во кожата на планетата Земја и сме ја почувствувале нејзината болка. Преголемата заслепеност и занесеност ја спречувваат изворната енергија да допре до нас и барем малку позитивно да повлијае. Живееме гледајќи еден во друг непријател и ривал без да се запрашаме зошто го правиме тоа. Живееме поделени помеѓу себе по безброј основи без да се запрашаме која е логиката на тоа. Живееме поврзани за материјалните ствари без да се запрашаме дали тие ни се воопшто потребни. Живееме во парадокс каде некој живее во палати а некој под ведро небо, каде некој дневно фрла тони храна а некој умира од глад и жед без да се запрашаме зошто е тоа така и зошто сме го дозволиле тоа. Живееме за основна егзистенција, храна и репродукција без да се запрашаме дали има нешто повеќе од тоа што ние може да му понудиме на животот и тој на нас.4d51e27b68e51049785f9a5d1220f590 Живееме во наметнати  вредности, обичаи, религии, традиции, култури, начини на однесување без да ги доведеме во прашање и преиспитаме. Живееме без да се запрашаме дали сме живи или сме живи мртовци кои талкаат низ руиниран свет и бараат жртва да ја претворат во уште еден жив мртовец. Живееме без да се запрашаме-“дали е ова живот?”

Ставајќи се себеси на прво место и ставајќи се пред се што сметаме дека го доминираме свесно ја правиме и најголемата злоупотреба, а тоа е злоупотребата на животот. Задоволство гледаме во што поголема материјална придобивка стекната на лесен начин на нечиј туѓ грб а не во тоа колку сме помогнале на тие што најмногу им треба, колку сме покажале хуманост, воздржаност, смиреност и почит спрема се што е живо и што се обидува да живее. Туѓата несреќа и мешањето во туѓите животи ни прави поголемо задоволство отколку живеењето на сопствениот живот. Слепилото за суштината на животот е толку големо а нивото на свест е толку мало што не постои ни основна желба да се направи и најмал обид да се проба да се сфати и поприми есенцијата. Човечкото постоење е промашена и безвредна креатура и претставува најголема природна грешка и катастрофа која единствено што прави е сопствена деградација, безвредно и бесцелно лутање и уништување на се што е вредно и за што вреди да се живее. Ова однесување крајно ќе доведе до активирање на последната заштитна фаза на нашиот дом, планетата Земја, а тоа е  корекција на грешката човек со комплетно форматирање и започнување нов круг на живот од почеток.

5bece-spiritual2bawakening2band2bfeelingsИма ли оваа генерација на човечки вид воопшто некакви шанси за живот? Тоа е нешто што зависи од секој од нас и од тоа кој колку е спремен да промени се што до сега сметал дека е нормално, дека така треба или дека така некој кажал.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s