Вакциниран

Во 2013 година, биологот д-р Брајан Хукер добива повик од постар научник од Центарот за контрола на болести и превенција(CDC) на САД, кој ја водел студијата на агенцијата во 2004 година за вакцината морбили–заушки–рубеола(ММR) и нејзината поврзаност со аутизам.

Научникот, д-р Вилијам Томсон, признава дека CDC ги изоставил клучните податоци од завршниот извештај и ја открива причинско-последичната врска меѓу вакцината и аутизмот. Во текот на неколку месеци, д-р Хукер ги снима телефонските повици упатени до него од страна на д-р Томпсон кои обезбедуваат доверливи податоци уништени од страна на неговите колеги од CDC.

Д-р Хукер добива помош и од д-р Ендрју Вејкфилд, британски гастроентеролог кој е лажно обвинет за започнување на движење против-вакцинирање(anti-vax) кога тој за прв пат во 1998 година објавува дека вакцината MMR може да предизвика аутизам. Во неговите понатамошни напори, залагајќи се за здравјето на децата, Вејкфилд го насочува овој документарец во испитување на доказите за застрашувачкото прикривање извршено од страна на владините институции одговорни за заштита на здравјето на граѓаните.

Интервјуа со фармацевтски инсајдери, лекари, политичари и родители на настрадани деца од вакцинирање откриваат алармантна измама која придонела за огромното зголемување на аутизмот и за потенцијално најкатастрофалната епидемија на нашиот живот.

Вистината е сигурно некаде на средина и само заеднчки, искрено, слободно и без материјален влог може да се истражи и дознае.

Дали навистина имаме потреба од вакцинирање, какво е влијанието на вакцините врз човечкиот развој низ целиот живот, кои се причините за појава на аутизам и како да се лекува и третира се само мал дел од прашањата кои ги поставуваме.

Но, се додека свесно го подржуваме и тежнееме кон овој материјалистички систем каде броењето и калкулирањето со човечкиот живот и гледањето на него како на процент на материјална добивка се смета за нормално и за успех, каде за да бидеме задоволни најбитно е да бидеме сити и каде за разни имагинарни материјални играчки и удопства бесцелно си го трошиме животот можеби не ни заслужуваме да ги дознаеме вистинските одговори.

Додека еден дел од човештвото се соочува со основни егзистенцијални проблеми како жед, глад, болести, војни, сиромаштија итн, другиот дел живее во заблуда дека живее. Можеби оваа поставеност во светот е идеја и цел на светските менаџери и кројачи на нашите судбини а можеби пак самата човечка алчност и завист не довела на овој пат…

ДА СТРАВУВАМЕ ОД ТИЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ.

One comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s