Време е за глобален рестарт

untitledДали можеме да се исклучиме од општеството?

Тешко и болно е да се размислува за она што се случува денес во нашиот свет. Како експерти за само-одвлекување на вниманието од мега-катастрофата што ни се заканува стигнавме до тоа да на тоа што ни се случува нам и на цел свет гледаме рамнодушно па дури и со потсмев. Доколку сме храбри и смели може да согледаме дека овој чекор е неопходен па дури и позитивен праг во животот на нашиот вид. Само со прифаќање на оваа криза, со сета нејзина умо-свиткувачка комплексност, ќе може да пронајдеме волја и поттик да се промениме самите ние па и нашиот свет.

Reboot-3

Менување на светот е можно само ако најпрво ја прифатиме сегашната криза

Проширување на нашата визија

Многу луѓе до денес презеле разни лични патувања на иницијација, повторното откривање на мистицизмот, шаманизмот и прифаќање на проширена свест за психата и космосот. Ова колективно патување на иницијација не може да се заврши доколку оние кои ги презеле нивните лични визионесрки потраги не се способни да ги донесат своите нови знаења назад во нашето општество-целосно апсорбирани, поздравени и интегрирани. Најдобра опција е да се преземе мирна, смислено дизајнирана и не-деструктивна промена на системот.
Можеме да размислуваме за нашата сегашна цивилизација, за нејзината техничка и социо-политичка инфраструктура, нејзината идеологија и верувања како оперативен систем, слично како на софтвер кој работи на нашите компјутери. Моментално е потребно тој да се рестартира и да се инсталира нов софтверски систем, нов социјален дизајн кој, на крајот, ќе му даде на секое човечко суштество можност да се развива и напредува, да живее на креативен начин и без страв за својата иднина. Остварувањето на оваа голема мисија ќе бара навистина рационално-емпатична примена на сите нашите технички и креативни сили.

Reboot-2

Мораме да ја интегрираме нашате проширена свест во општеството

Културата е нашиот оперативен систем

Новиот програм е потребно да го изградиме и да го инженираме овој глобален рестарт во текот на следните неколку децении. Ако успеме да го постигнеме ова, ние ќе го положиме тестот кој универзумот ни го има поставено. Некои луѓе ќе гледаат на ова како корумпирана форма на “социјален инженеринг”, но вистината е дека ние веќе сме општествено конструирани, а културата е нашиот оперативен систем. Од раѓање сме условени да го прифатиме системот на глобалната контрола, елитизмот и воената доминација.

Идентитетот во голема мера е социјална конструкција. Единственото нешто што навистина се знае за природата на човекот е тоа дека таа се менува. Промената е единствениот квалитет кој можеме да ги предвидиме. Системите кои не успеваат се оние кои се потпираат на постојаноста на човековата природа, а не на нејзиниот раст и развој (Оскар Вајлд).

Земјата нема да биде во можност уште многу долго да подржува глобална цивилизација базирана на хипер-потрошувачка и хипер-индивидуализам. Затоа, ние мора да ја промениме природата на човекот како што во моментов ни е позната. Мора да го направиме ова, не само за да преживееме, но и за да го достигнеме нашиот целосен потенцијал како вид.

Reboot-11

Ние сме општествено условени да го прифатиме консумеризмот и индивидуализмот

Контрола на масата

Нашето технократско општество ги користи масовните медиуми како инструмент за контрола на умот заканувајќи им се на сите оние кои не се согласуваат или се спротивставуваат. Преку постојаното медиумско бомбардирање и сеење страв луѓето се условени да веруваат дека угнетувањето, неправдата, насилство и нееднаквоста се нормални и неизбежни. Она што ни е потребно е нов социјален дизајн за ослободување на човештвото од својот затвор. Овој редизајн, исто така, мора да се соочи и со нашите темни и  деструктивни импулси и да пронајде начини како да ги канализира.

Оваа мисија е можеби потполно отворена утопија, но карта на свет која не вклучува Утопија не вреди дури и да се погледне бидејќи од неа е изоставена единствената земја во која што човештвото секогаш слетува и се пронаоѓа. И кога човештвото слетува таму, разгледува, и гледајќи подобро место, го поставува едрото и  запловува. Напредокот претставува реализирање на утопии (Вајлд).

Reboot-10

Треба да се соочиме со непријатната вистина и имплементацијата на нов социјален дизајн

Вештачки рај

Постмодерната цивилизација е веќе псевдо-утопија. Во текот на последните неколку векови, изградивме вештачки рај со производи за широка потрошувачка и создадовме општество на спектаклот за да оние кои поседуваат доволно ресурси уживаат во него. За жал, овој вештачки рај е изграден од прекумерен отпад и еколошко уништување, а негов производ е мизерија за оние на маргините; жртви на глад, војни и геноцид. Со адресирање на неговите недостатоци, ние можеме да ја реализираме следната манифестација на нашата генијалност како вид и да ја постигнеме вистинската утопија.

Изгледа чудно да се разговара за неминовната идна еколошка криза од една страна и за постигнување на практична утопија од друга страна, но таква е шизофреничарската природа на нашето време. Како што можеме да видиме и двата исхода се чинат веродостојни и во блиска иднина може да добиеме бизарна мешавина од двете.

Reboot-9

Создадовме вештачки рај изграден со деградација на животната средина

Намалување на нашиот товар на Земјата

Можеби не мислиме дека масовното изумирање на човечката популација е неизбежно, а можеби и одбиваме да веруваме во тоа, но што подолго чекаме за повторно да го подигнеме нашиот социјален оперативен систем, толку потешко ќе биде да се спречи планетарна катастрофа. А веќе чекаме премногу долго.

Најдобро би било да ги обединиме архаичното и постмодернато, визионерското и рационално, корпоративното и анархистичкото во одржлива синтеза. Не мора да го вратиме старомодниот рурализам од 18 век, но сепак заедниците ќе треба самостојно да си ја одгледуваат својата храна и да станат само-одржливи што е можно повеќе. Исто така не треба да се уназадиме во мали групи на ловци и собирачи, иако и од таму има многу што да се научи, посебно од автохтоните абориџински култури кои ја оддржуваат нивната локалната екологија со илјадници години. Од безусловена љубов ние мора да бараме да се оддржи сегашната човечка популација па дури и радикално да го намалиме нашиот товар на Земјата.

Reboot-5

Потребно е да ја рестартираме нашата утопистичка визија без одлагање

Претпазливо со напредокот

Не треба да се отфрла и потенцијалот на идните технологии, како вештачката интелигенција, нанотехнологијата, биотехнологијата, и така натаму. Но, сепак тие треба да се истражуваат со голема претпазливост и со постојан надзор од граѓанското општество. Сите клучни одлуки кои влијаат на биосферата во целост се оставени на инженери, корпорации и финансиери. Актуелната форма на владеење е формирана кон крајот на 18 век каде информациите, како и напредокот, се движеле многу побавно отколку денес. За да денес се справиме со брзото менување на околностите потребно ни е повеќе од реформа, потребен ни е нов политичко-економски оперативен систем.

Во многу случаи, ветувањата за напредни технологии се далеку поголеми од реалните можности. Секое ново ниво на технологија носи со себе и непредвидливи негативни последици кои бараат дополнителни иновации за да се исправат. Ова се повеќе создадава алармантна, дури и светски загрозувачка “стапица на прогресот”. Колку цивилизацијата станува се повеќе технолошки сложена, така станува се повеќе кревка и се претвора во темпирана бомба која мора да се деактивира

Reboot-7

Каде оди нашиот свет ако не превземеме нешто за да го промениме?

Човештвото поседува работни модели за не-хиерархиски и некомерцијални општества во нацртите на многу домородни и традиционални култури. Дизајнот на племенските општества е одраз на мудроста на илјадници години на социјални иновации, обиди и грешки. Ние можеме да ги ре-откриеме овие основни принципи. Може да погледнеме како различни племенски општества ракуваат со динамиката на моќта, на пример, додека одржуваат рамноправни заедници исто така тие ги користат современите технологии за поддршка и создавање на подобар свет. Со креативно искористување на овие постоечки модели, нивно надградување и адаптирање  ние веќе имаме солиден материјал за добар почеток во градењето на нашето идно слободно општество.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s