Фатени во повторувачки временски циклус

Календари, датуми и бројки владејат со нашите животи. Дали некогаш сте се погледнале во огледало и сте почувствувале дека времето и животот ви се во брзање? Во нашиот програмиран линеарен тек на свест ние се тркаме од еден повторувачки комерцијализиран “временски” датум до следниот. Секоја година повторувачките датуми, како родендените, се чини дека ни доаѓаат се побрзо и побрзо. Веруваме дека нас времето не старее па купуваме козметички или хируршки оружја за да се борат со него како со смртоносен непријател…кога, всушност, времето не е причина за стареење и ниту е непријател, тоа е илузија.

maxresdefault111Година по година, нашите мозоци и полиците на продавниците се трупаат до максимум со повторувачки реклами и производи. Планини од нив!

Роденденски, новогодишни, божиќни, велигденски, работи за денот на вљубените, за денот на мајката, за денот на шегата, за денот на независноста, за ноќта на вештерките, итн – ЗА ДА ЛИНЕАРНАТА ВРЕМЕНСКА СТАПИЦА ЗАПОЧНЕ ОДНОВО!

Нашите владетели-програмери не имаат програмирано да веруваме дека времето е реално и дека времето е линеарно. Тие ги измислиле календарот, азбуката, нумеричките и корпоративните симболи кои доминираат со нашата свест и владејат со нашите животи. Сабота е ден на Сатурн,  Недела е ден на Сонцето, Понеделник е ден на Месечината, Јули е именуван по римскиот владетел Јулиј Цезар, Август е именуван по римскиот император Цезар Октавијан Август. Времето не е ништо повеќе од вештачко мерење на движењето на Земјата околу Сонцето. Еден ден се мери со изгревање и заоѓање на сонцето (што навистина ниту изгрева и ниту заоѓа). Една година е бројот на изгреви и залези што се потребни за да Земјата се заврти околу Сонцето.

Будење

Животот изгледа како филм а простор-времето како ДВД. Ништо во ДВД-то никогаш не се менува а сепак драмата постојано се одвива пред нас. Минатото веќе се случило, иднината сеуште не постои, но работите постојано се менуваат. Како и многу други работи во врска со оваа реалност, кои ги доживуваме, линеарното време е едноставно многу убедлива илузија. Тоа е илузија создадена од страна на свеста. “Просторот” исто така е илузија. Во филмски проектор илузијата на движење и време е создадена кога проекторот прикажува неподвижни слики од филмот, слика по слика, рамка по рамка, во брза и стабилна низа. Сепак, сите слики и рамки постојат истовремено. Всушност, операторот може да го извади филмот, да го рашири на подот и да гледа во сите нив во исто време.

Could we exist in multiple realities at the same time

На сличен начин, нашата свест “проектира” индивидуални “неподвижни рамки на реалност” во постојана и исклучително брза низа, од по неколку милијарди пати во секунда, создавајќи илузија за текот на времето. Секоја “рамка на реалноста” не содржи апсолутно никаква подвижност, таа е совршено неподвижна слика, а сепак, со брзо секвенционирање на тие неподвижни рамки, ние создаваме илузија на движење и време.

Сетовите на информации во бесконечната матрица функционираат многу како неподвижни рамки во филмски стрип. Нашата земна свесност функцира, слично како филмски проектор, со гледање на рамки во брза и стабилна низа. Нашето високо-јас постои во вонвременска област и функцира како оператор кој може да го извади  филмот и да ги види сите рамки истовремено.

“Тоа си ти кој што се движиш, а не времето. Времето нема движење, има само еден момент. Башар

Бескрајна космичка свест

Самата структура на универзумот е свеста. Нашата свест е искра на универзалната свест која се доживува преку нас.

“Мејнстрим науката”, со своите цврсти материјалистички погледи на универзумот, смета дека свеста произлегува од работата на мозокот. Работата на мозокот, всушност, може да доведе до ограничени когнитивни и аналитички способности и локална меморија, но нашата повисока свест постои во областа на универзалната свест. Нашите владетели-програмери не одвојуваат од таа област програмирајќи не со мисли и верувања кои не заклучуваат во илузијата на времето и просторот како конструкција на реалноста.

Матрица на информации

Податокот кој го претставува секој аспект на секој момент од минатото, сегашноста и иднината сите постојат истовремено, вечно и сега. И тоа не само целосната информација за временската илузија која ја доживуваме, туку информацијата од сите можни временски линии, буквално бесконечна матрица која содржи се што може да се замисли. Ова не е достапно за нас во рамките на нашата програмирана димензија на простор-време.

shutterstock_164095775-970x546

Во неограничена и непречена состојба на свест за која нашето високо-себе е способно, ние можеме да се движиме по нашата точка на свесност насекаде во бесконечна матрица на информации што претставува сето она што е. Ние може да се движиме и навигираме низ неа или преку “темпоралната” или преку “просторната” димензија. И покрај тоа што нашата физичка реалност е илузија, искуствата што ги нуди не води кон духовна еволуција и развој.

Патување низ времето

Нормално, “рамките на реалност”, кои ги гледаме во брза секвенца како подвижни слики се поврзани и слични и создаваат илузија на континуитет. Континуитетот е потребен за да се направи играта на животот убедлива искуство. Ако искусуваме очигледни дисконтинуитети, набргу ќе сфатиме дека сме само играчи во игра, а тоа ќе ја намали ефективноста и целта на играта на животот. Како континуитетот се спроведува не е целосно јасно, но едно од објаснувањата е дека ние едноставно не веруваме дека скокањето низ временските линии е можно. Бидејќи ние цврсто веруваме во идејата за време и континуитет, дисконтинуитети обично не се случуваат. Очекуваме континуитет, па тоа е и она што го добиваме.  Ние ја создаваме целата наша реалност со нашите мисли и верувања. Вака функционира универзумот, тоа е она што е, а ние сме дел од еден голем космички ум.

8466128_f1024

Континуитетот не е апсолутен услов. Можно е да се “скокне” во една сосема поинаква рамка во бесконечниот матрикс. Скокањето низ временските рамки нормално ќе се смета за “патување низ времето”, а тоа пак традиционално се смета за невозможно. Еден аргумент кој најчесто се користи зошто патувањето низ времето не е можно е класичниот “парадокс на дедото”, кој гласи: Ако патуваш во времето на дедо ти и го убиеш пред да има деца, тогаш татко ти не би бил роден и тогаш и ти не би бил роден. А ако не си роден нема да може да се вратиш за да го убиеш дедо ти. Се разбира, парадоксот пропаѓа кога ќе сфатиш дека постои бесконечен број на временски линии кои сите истовремено коегзистираат (паралелни, но различни патеки низ бесконечната матрица, или “текови” на настани). Кога “патуваш низ времето” всушност скокаш во различна временска линија. Нема никакви промени во вашата оригинална временска линија. Временската рамка во која сте преминале може да се појави како речиси идентична со онаа од која што доаѓате, но таа е сепак сосема друга временска рамка.

 Далечинско гледање

Паранормалниот/психичкиот феномен на далечинско гледање фрла светлина врз разбирањето на природата на нашата реалност и е во согласност со илузорна природа на времето и просторот. Далечинско гледање е термин кој воено-разузнавачката заедница го има измислено како алтернатива на други метафизички термини. Далечинско гледање е способноста да се посматра било која локација, без разлика колку е далечна, во нечиј ум едноставно со свесна намера. Според книгата “Неограничен ум: Водич за далечинско гледање” секој може да ја развие оваа вештина со обука. Способноста на умот да “гледа” било која локација во просторот силно сугерира дека постои свест надвор од мозокот во структурата на универзумот како што многу древни школи на мислата веруваат и како што многу врвни современи научници почнуваат да разбираат и да докажуваат (Бесмртен ум: наука и континуитет на свеста надвор од мозокот).

alternate_reality_by_dorianoart-d41u46t

Нашата свесност за свест е дел од нешто слично на универзален ум и неговата неограничена и непречена состојба. Ние можеме да ја движиме нашата точка на свесност насекаде во бесконечна матрица на информации што претставува сето она што “е, беше и секогаш ќе биде” движејќи се низ неа преку “просторни” или “временски” димензии. Преку далечинско гледање и искуства надвор од телото, ние му пристапуваме на нашиот неограничен (универзален) ум и ја движиме нашата фокусна точка на свест.

Смртта е ИЛУЗИЈА

Нашите владетели-програмери го искористуваат знаењето дека “имагинација е се” и дека “имагинацијата е поважна од знаењето” (Ајнштајн). Тие ја контролираат, ограничуваат и задржуват нашата колективна фантазија и она што ние веруваме дека е реално и вистинито, вклучувајќи ги смртта и даноците.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s