Премин

Трансфер на програмот свест и негово вчитување назад во изворниот систем или во друга оперативна линија. Овој настан се случува кога физичкото тело предвремено ја изгуби својата функционалност или кога истече неговиот рок на траење.

Доколку се прекине животната линија на физичкото тело пред истекување на неговиот рок на траење тогаш изворниот систем автоматски отпочнува нова линија во која не се случува таков прекин. Свеста во оперативниот систем на физичкиот облик во новата линија сe префрла во моментот на прекинување без да го регистрира или забележи дисконтинуитетот. Дисконтиунираната временска линија продолжува во својата димензија без физичкото тело кое предвремено го завршило својот пат.

Доколку нема прекин, тогаш, по истекување на рокот на употреба на физичкото тело, свеста во својата основна форма се враќа во изворната енергија на ентитетот Земја од каде, во зависност од нејзиниот степен на развиеност, го продолжува својот космички пат на друг ентитет во друга понапредна форма или засекогаш останува во матичното енергетско јадро како дел од колективната свест на планетата.

jpedg

Човечкиот земјин живот е една од многуте фази низ кои минува свеста. Овие фази постојат за константна еволуција и надградување на програмот свест се до достигнување на највисокиот стадиум и негова трансформација во повеќе-димензионален космички ентитет со сопствена изворна енергија. Патот на човечкото суштество е само еден од тестовите кои свеста треба да ги положи за да го продолжи патот во еден од следните стадиуми. Доколку не успее да го положи човечкиот тест, или било кој друг, таа нема да помине во нареден стадиум и се враќа во бесконечноста на изворната енергија. Низ временската линија на физичката форма делови од програмот, во вид на кодирани информации, свесна меморија и енергија, се интегрираат во свеста на наредните поколенија и сродните битија надополнувајќи и надрградувајќи ја нивната индивидуална свест.

mg22329881.400-1_800

Овој процес е еден од механизмите за одбрана и еволутивен развој на ентитетот Земја и сите негови креации, а човечкиот вид е носител на клучот од овој механизам и негов чувар. Тој е единствениот кој ја поседува моќта на програмот свест и кој ја носи одговорноста за возвишување и нејзино водење во правилна насока. Единствено зацртаниот начин е единствениот кој може да спречи бришење на некоја димензија.

Ентитетот Земја, преку својата изворна енергија, управува со безброј димензии кои постојат во исто време и кои константно се менуваат. Секоја димензија креира свој сопствен пат кој завршува во моментот кога ентитетот не може повеќе да го издржи притисокот од своите патници и кога владее тотална деградација на целокупното планетарно егзистирање. Комбинациите се бришат една по една се додека не останат оние во кои сите нејзини жители го достигнале совршениот баланс и хармонија помеѓу себе и ги израмниле фреквенциите со изворната енергија.

cry_of_the_pocalypse_by_lucaszoltowski

Димензијата со којашто владее сегашната човечка генерација е на пат да биде целосно избришана и засекогаш заборавена како димензија на масовното уништување на целокупниот жив свет од страна на човечкото суштество. Врската со изворната енергија е скоро целосно поништена од негативната енергија на духовите на пропаста кои ја окупираат планетата Земја и навлегуваат во сите нејзини пори на постоење.

Третирајќи се самите себе и целиот жив свет како материјално средство за инфицирање на нашето изворно битие ги активираме одбрамбените механизми на планетата Земја и се повеќе и повеќе се соочуваме со масовни премини. Свесно го прифаќаме и примаме овој начин на трошење на нашиот рок на траење без да направиме обид да побараме друг или да ја побараме логиката и смислата на денешницата.

Зарем е толку тешко да го ставиме во функција под-програмот љубов и да го прифатиме како наш мост за премин кон хуманоста.

energy-shift-multiverse

Која е вистинската идеја за системот живот? Дали е тоа уште една материјална играчка која алчно и себично ќе ја чуваме и ќе ја носиме со нас низ преминот во наредносто постоење или есенцијата е програмот свест, негово развивање, конектирање, поврзување и сплетување на глобална функционална свесна мрежа без никакви ограничувања, спреги, илузии и зависности.

Одговорот е повеќе од очигледен, останува уште да го одбереме како наш личен систем на филтрација на сопствените мисли.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s