Десет нивоа на свест – на кое сте вие?

  1. Физичко ниво на свест

На првото ниво се идентификувате со физичката и материјалната сфера целосно. Ја интернализирате вашата околина со сите нејзини позитивни и негативни страни. Сте ги прифатиле широко прифатените вредности на општеството и се дефинирате себеси преку материјални успеси и материјален статус. Ако не сте успешни и немате многу пари едноставно,без да се потрудите, ги прифаќате работите какви што се.

  1. Татнежи одвнатре

Како продолжувате во втората фаза на свеста започнувате да се чувствувате разочарани од вашиот живот во материјалниот свет. Се помалку се идентификувате со надворешната и материјална реалност и започнувате да гледате и барате внатре во себе. Поминувате повеќе време во осаменост и сте рамнодушни кон физичките и материјални задоволства. Станувате се повеќе љубопитни за себе и започнувате да правите разлика помеѓу сексот и љубовта, површната и вистинската моќ.

  1. Појавување

Во овој момент станувате повеќе осетливи, а чувствата ви се подлабоки. Си дозволувате сами да плачете и да ја прифатите болката. Си поставувате филозофски прашања и развивате уметнички сензибилитет. Започнувате да го сфаќате односот на вашиот живот, вашето физичко битие, вашата сексуална енергија и креативност. Почнувате да сочувствувате со другите луѓе чувствувајќи го она што тие го чувствуваат. Гледате што значи да се биде човек и лојален придружник па започнувате да се однесувате според свои вредности.

  1. Од пасивни кон активни

Како што поминувате на четвртото ниво веќе сте поединец и започнувате да преземате активна улога во сопствениот животот. Донесувате свои одлуки, ги контролирате вашите сопствени емоции и мисли и ги изберате вашите пријатели и ситуации на таков начин да тие се вклопат совршено со сите ваши вредности. Бидејќи се што правите ве дефинира, започнувате да тренирате само-владеење.

  1. Внатрешна рамнотежа

Додека стасате до 5-то ниво вие веќе сте го промениле вашиот животен стил за да одговара на она што е најдобро за вас. Сте се откажале од вашите лоши навики и сте започнале да го третирате вашето тело и ум со претпазливост одржувајќи дневен режим. Веќе сте престанале да се грижите за мислењата на другите и ги правите работите на начин на којшто сами сметате дека треба да ги правите. Посегнувате кон другите врз основа на вашата желба да дадете, посветувате време на медитација, на креирање и славење на постоењето. Правите компромиси и го занемарувате вашето его за конечно да го манифестирате вашите духовно битие во физичкиот свет и вашите односи.

  1. Премостување на јазот

Во оваа фаза, поделбата помеѓу надворешниот и духовниот свет ви е јасна. Живеете еден вид на двоен живот, вие сте на овој свет но навистина не се чувствувате како дел од него. Ви расте навикна да поминувате помеѓу духовната и физичката реалност и да се соберате знаење. Учите да се прилагодите на различни ситуации со посвојување на личности кои се вклопуваат во околностите, но останувате искрени и вистински на повисокото себе. Често медитирате и станувате посредник и водич во проблемите и конфликтите на другите луѓе.

  1. Манифестирање дух

Овде веќе сте почнале да живеете од духот и да формирате длабока и емоционална врска со сите живи суштества. Ги гледате срцата на луѓето, ја чувствувате нивната болка и се обидувате да ги излекувате. Ја изразувате својата духовност физички и, без оглед на негативноста од надвор, ги покажувате емоциите со голем интензитет.

  1. Почетоци на фузијата

На 8-миот степен бариерите помеѓу вашето его и масите почнуваат да се распаѓаат. Вие веќе не се само идентификувате со хомогеноста на сите околу вас, туку ја чувствувате и симбиотската врска која ја делите со целиот жив свет. Препознавате енергии и сфаќате дека чувствата, мислите и дејствијата се манифестација на вибрации и фреквенции на енергија. Учите да ја контролирате вашата енергија и ја гледате моќта која ја поседува.

  1. Присуство

До овој момент, имате толку многу моќ над вашите мисли и чувства што започнувате да ги трансформирате оние околу вас. Вашето присуство влијае на другите. Вашиот ум и тело се едно, го заборавате вашето его и се поврзувате со универзумот, што ви даваат способност да водите други.

  1. Распуштање на себе и издигнување

Вашето чувство за себе е речиси целосно исчезнато. Немате его граници, ја живеете вашата спиритуелна реалност, се поврзувате и координирате со остатокот од креацијата. Станувате сплотени со колективот. Може да комуницирате со сите битија и да го примите универзумот. Вие конечно може да емитувате возвишена моќ.

clouds_outer_space_stars_galaxies_nebulae_vortex_quasar_1920x1080_38885

Дали единствено високото ниво на свест е доволно за да се достигне повисок еволуциски развој или, со оглед на тоа дека материјалното е производ на свеста, дали балансот и хармонијата помеѓу овие два тотално различни света  е вистинскиот начин?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s