Метаболна ацидоза: тоа е она што се случува со вашето тело кога јадете животински протеини

Низ историјата на човештвото како и во сите области на науката, една работа останува константа: СЕ ВО ШТО СО СИГУРНОСТ ВЕРУВАМЕ ДЕКА Е ТАКА, ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ.

Објавената студија на Ајнштајн за специјалниот релативитет, на пример, која се спротивставува на прифатената рамка на знаење и разбирање на времето и просторот, ја принудило научната заедница да се отвори кон алтернативен поглед во однос на природата на реалноста. Кога настануваат нови идеи кои ги отфрлат старите во областа на науката, здравството или било која друга област, секогаш отпорот ќе биде суров.

Кога човековиот ум со години е бомбардиран со информации и системи на верување кои тврдат дека “ова е тоа” секогаш е тешко да се прифати нова перспектива или да се истражува нова информација која покажува во поинаква насока од “општо прифатеното”. Галилео Галилеј е одличен пример на овој вид на отпор; тој беше осуден од страна на Католичката црква и повеќето од неговите дела се уништени за тврдење, помеѓу другите, дека Земјата не е центар на универзумот.

Откривањето на било каква информација која би ја променила парадигмата на секојдневното живеење секогаш ќе биде интересно време за живеење, а ние моментално живееме во такво време.
Една од овие области на драматична промена е областа на здравството. Од светска перспектива, денес се случува она што би можело да се нарече модерна здравствена револуција. Со постојаното зголемување на заболени секоја година, луѓето се многу повеќе свесни за здравјето отколку што биле порано. Нашата денешна прехранбената индустрија е изложена, а од неа се бараат одговори на тоа како се прави нашата храна, што влегува во неа, со што се прска и од каде доаѓа. Овие информации се потребни и се од суштинско значење за модерниот потрошувач.

Меѓутоа, излегува дека владините организации, во кои би требало да имаме доверба за безбедноста на нашата храната, не се толку загрижени после се. Тоа не е изненадување со оглед на тоа дека големите корпорации, како Монсанто на пример, ги диктираат владините регулаторни политики. Овие откритија излегуваат главно во последниве неколку години, со најновиот пример кој доаѓа од истакнат научник на Центарот за контрола на болести и превенција ЦДЦ.

Се појавуваат и голем број на изјави како: “Едноставно веќе не е можно да се верува на клиничките истражувања кои се објавуваат или да се потпреме на проценките и расудувањето на доверливите лекари или авторитетните медицински упатства. Не уживам во оваа констатација, до која стигнав полека и неволно преку моите две децении истражување како уредник на медицинскиот весник Нова Англија” – Д-р Марша Енџел, лекар и долгогодишен уредник и одговорен уредник на медицинскиот журнал Нова Англија (NEMJ).

Сите наши упатства и инструкции за формирање на нашата перцепција за правилна исхрана доаѓаат од науката, а се регулирани од страна на големите прехрамбени и фармацевтски компании. Како резултат на тоа, ние сме заблудени уште во училиштата, а и како потрошувачи. Денес сме сведоци на постојан корпоративен напор за поткопување на истражувањата како и напад врз науката за студиски рецензии (Губење на кредибилност, Флуроидот како неуро-токсинВлијание на млекото врз телото )

Од каде го добивате вашиот протеин?

Кога ќе запрашате некој зошто јаде месо или зошто тоа е толку важно, првиот одговор што ќе му дојде на ум, најверојатно, ќе биде “протеини”, аргументирајќи дека одсекогаш сме го јаделе во големи количини илјадници години. Вистината е дека тоа не го знаеме со сигурност. Нови информации се појавуваат и предизвикуваат некои експерти да веруваат дека нашите предци речиси сите биле вегетаријанци. Всушност, една неодамнешна студија објавена од страна на тим на археолози во Европа, покажува дека неандерталците од Шпанија воопшто не јаделе месо. Значи, базирајќи се на нашето сегашно однесување согласно концептот дека “работите секогаш биле на овој начин”, всушност, тоа може целосно да не одведе во погрешна насока и покрај фактот дека тоа е општо прифатен консензус од масите. Но, работите се менуваат. Дел од таа промена во начинот на размислување не произлегува само од проучувањето на археологијата и на нашата денешна прехранбената индустрија; доаѓа од денешна модерна наука која открива дека животинските протеини имаат тенденција да создадат кисела состојба во телото позната како метаболна ацидоза.

Метаболна ацидоза се случува кога телото произведува премногу киселина и станува многу кисело. Ова не е добро, особено кога ќе се размислува за фактот дека експертите предупредуваат на киселоста на телото и веруваат дека алкалната исхрана, всушност, може успешно да излекува од рак. Еве некои знаци дека вашето тело е премногу кисело и што можете да направите за него. Овој тип на состојба може да предизвика оштетување на црниот дроб, рак, напади, пролонгиран недостаток на кислород од шок, срцева слабост или тешка анемија. Метаболна ацидоза го тера телото да компензира со лачење на калциумот од коските за да му помогне во неутрализирањето на зголемената киселост. Со текот на времето, сето ова може да има сериозни и штетни ефекти врз здравјето на коските, а студиите го покажуваат тоа. Науката ни кажува дека многу нации со висок степен на случаи на фрактури и остеопороза, исто така, имаат многу висок  внес на калциум. Со оглед на оваа корелација, како и фактот дека животинските протеини предизвикуваат метаболна ацидоза и цицање на калциумот од коските, а во директна спротивност со она што млечната индустрија не уверува, лесно може да се види дека сме биле погрешно наведени.

“Кога ќе го споредиме влијанието на овие високо протеински и ниско калорични млечни производи, на пример, со рак на простата, односот е толку силен како што се тоа цигарите и ракот на белите дробови.” – Д-р Колин Кемпбел – ИНФОРМАТИВЕН КЛИП

Кога ви кажуваат “ми требаат протеини”, а тоа е причината зошто тие јадат месо, тие се многу погрешно информирани. Дадете им до знаење дека не им требаат протеини од месо за да бидат здрави; всушност, целосно е спротивно, бидејќи растителните протеини, според многумина, се поздрава алтернатива.

Според д-р Дипак Бат, професор на Медицинскиот факултет на Харвард и уредник на “Писмо за срцето на Харвард”:

“Кога станува збор за внесување на протеини во вашата исхрана, месото не е единствената опција. Се повеќе докази покажуваат дека исклучувањето на месото и внесувањето на растителни протеини претставува поздрав начин на исхрана. Исхраната со било кој тип на месо го зголемува ризикот од срцеви заболувања и рак, во споредба со вегетаријанската исхрана.”

Според Медицинскиот факултет Харвард, “студиите ги потврдуваат здравствените придобивки на јадење без месо. Во денешно време, растителната исхрана е призната не само како доволно хранлива, но исто така и како начин да се намали ризикот од многу хронични болести.”

Во една понова студија, спроведена од страна на истражувачи од Медицинскиот факултет Харвард и Општата болница во Масачусетс, во период од 36 години на повеќе од 130.000 луѓе им се следеле болестите, начинот на живот, исхраната, диетите и стапката на морталитет.  Тие откриле дека замена на помеѓу 15 g и 19 g на животински протеин, што е еквивалентно на еден колбас, со мешунки, ореви или други растителни протеини, значително го намалува ризикот од прерана смрт. Замена на јајцата со растителни протеини, исто така, доведел до 19% намалување на ризикот од смрт. Истражувачите откриле дека 10% повисока доза на месо е поврзано со 2% повисока стапка на смртност и 8% поголема шанса за кардиоваскуларна смрт.

Растителната исхрана може да помогне да се спречат повеќе од 60% од смртните случаи на хронични болести но сепак луѓето се уште расправаат дали веганството е сигурен и одржлив начин на исхрана поради масовниот маркетинг и дезинформации.

Кинеска студија

Една од најпознататите сеопфатни студии изведени досега на оваа тема е “Кинеската студија“, спроведена од страна на докторите Колин Кемпбел и Томас Кембел. Нивните наоди покажуваат директна корелација помеѓу исхраната и болести на срцето, дијабетис и рак, докажувајќи дека култури кои имаат исхрана на растителна основа имаат пониски стапки или воопшто да немаат случаи на овие болести и дека преминувањето на растителна диета може успешно да ги излечи болестите кои веќе се формирани во телото. “Кинеската студија” е призната како нај-сеопфатна нутриционистичка студија некогаш спроведена за односот помеѓу исхраната и болестите.
Д-р Колин Кемпбел, главен автор на оваа студија, оди во детали за животинските наспроти растителните протеини врз основа на своите наоди во напис објавен на неговата веб-страница, како и во неговата книга и документи.

Погледнете го информативно видео од неговите откритија во врска со протеините од млекото.

2 comments

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s