11 вообичаени симптоми на тивкото убиство на глобалната депопулација

Одржување на човештвото под 500.000.000 во постојана рамнотежа со природата” – Камените упатства на Џорџија (Georgia Guidestones)

Комплетниот спектар на овој глобален напад врз здравјето на луѓето е сосема очигледен за секој кој обраќа малку повеќе внимание и е во потрага по здравствена благосостојба.

Многу од факторите кои негативно влијаат врз животната средина и јавното здравје лесно може да се спречат или отстранат од општеството, но одлуките на владејачката класа и понатаму одат во корист на токсична храна, компромитирана средина и тотална природна изложеност на хемикалии и индустриски отпад. Зошто?

Со едноставен замав на пенкалото, канцерогени отрови како “Раундап” хербицидот на корпорацијата Монсанто (Roundup) можат да бидат забранети. Индустриски катастрофи како Фукушима или Дипвотер Хорајзон би требалo веднаш да го привлечат заслуженото вниманието од светските сили, но волјата да се интервенира во име на човековото и здравјето на животната средина е нула, додека волјата воено да се интервенира за корпорациски и политички прашања е сигурно загарантирана.

Луѓето страдаат повеќе од било кога од мноштвото на хронични состојби и болести кои можат да ги уништат дури и најздравите и најсилните. Да се биде болен сега е нормално, а да се биде здрав е зачудувачко и необично. Загрижени граѓани се борат преку граѓански иницијативи и движења на сите полиња, но сепак на највисоките нивоа на општеството, корупцијата, крајната небрежност и привидна неспособност продолжуваат да владејат, обезбедувајќи важните одлуки секогаш да се во корист на здравјето на корпорациите и нивните тесни интереси.
Со такво очигледно презирање на животот, би било наивно да се претпостави дека нашето национално и глобално лидерство работат во наш најдобар интерес, а исто така може да се претпостави дека било што од ова не може да биде случајно.

The-Depopulation-Agenda-For-a-New-World-Order-Agenda-21-Video

Кога ќе се погледнеме во некои коментари и изјави од некои од највлијателните луѓе во светот, темна филозофија се разоткрива, а шокантна агенда за депопулација на планетата Земја се обелоденува.

“Во светот денес има 6,8 милијарди луѓе, а бројката за кратко време ќе достигне девет милијарди. Сега, ако се направи навистина одлична работа со новите вакцини, здравствената заштита и репродуктивното здравје, таа бројка може да се намали за можеби 10 или 15 проценти.”– Бил Гејтс

” Загрижени сме во врска со порастот на населението, а особено со растот на населението кое ние не сакаме да го има премногу.” – САД, Врховен суд, Рут Бадер-Гинсбург

“Со цел да се стабилизира светската популација, ние мора да елиминираме 350.000 луѓе на ден.” – Жак Кусто

“Ако се реинкарнирам, би сакал да се вратам на Земјата како вирус убиец кој ќе ја намали човечката популација.” – Принцот Филип, војводата од Единбург

“Моите три главни цели ќе бидат да се намали човечката популација на околу 100 милиони низ целиот свет, да се уништи индустриската инфраструктура и целосно да се замени со природен свет.” – Дејв Форман, ко-оснивач на Прва Земја

“Оваа планета би можела да подржи максимално половина милијарда луѓе кои би можеле да живеат одржлив живот во релативна удобност. Човечката популација мора да биде значително намалена, а што е можно побрзо да се ограничи понатамошно оштетување на животната средина. ” – Ерик Р. Пјанка, Професор по биологија на Универзитетот во Остин, Тексас

Може да ги сфатите овие изјави како сакате, но останува фактот дека на глобално ниво, здравјето на луѓето и животната средина се во критична состојба и не постои знак за помош на повидок. Спарете го ова со фактот дека голем дел од светската елита јавно фантазира за злосторства над човечката популација, констатацијата е сурова: НИЕ СМЕ ЦЕЛИ.

Нашиот свет, едноставно не мора да биде отруен со кемтреилс, радиактивни протекувања, ГМО, електро-магнетни загадувања, хидраулично фрактурирање, флуор, жива, вакцини, осиромашен ураниум, нафтени изливања, антибиотици, хемикалии, токсични адитиви во храната, агро- хемикалии, лекови, и многу многу повеќе.

Softkill-Toxic-Planet-300x159

Акумулирани и генерациски-долгите ефекти од оваа тотална контаминација се бизарни животно-менувачки болести и “услови” кои хронично ја црпат нашата енергија и виталност, ослабувајќи не пополека, одвојувајќи не од нашата моќ и ставајќи не во лекарска ординација.

Следните 11 вообичаени симптоми се знак дека глобалната депопулација е во игра, бавно и ефикасно не убива и во рок од неколку генерации на човечка раса ќе нема ништо останато од природна животна средина, човечко здравје, благосостојба и виталност.

  1. Цревни и дигестивни проблеми

Примарниот напад на имунолошкиот систем на телото се одвива врз дигестивниот систем каде што живее природната бактериска одбрана на телото. Хронично слаба дигестија, синдром на пропустливи црева, гастритис,  метаболна ацидоза, колитис, синдром на воспаление на цревата, прекумерно присуство на кандида како и други сериозни проблеми се се почести како резултат на конзумирање на денатурирана  храна претоварена со хемикалии и шеќери, ГМО труење и така натаму. “Раундап” хербицидот е познат по тоа дека ги убива здравите бактерии во телото по самото внесување и на најмали количини. Прекумерната употреба на антибиотици и загадувањето во снабдувањето со вода значи дека изградбата на здрав стомачен биом е речиси невозможна.

  1. Хроничен замор и ниска енергија

Природната залиха на телесната енергија е првото нешто што осиромашува кога телото и умот се пре-изложени од загадување и стрес. Постојаната изложеност на токсична храна, отруен простор и електромагнетно зрачење создава психолошки напади и постојано го тера телото и психата да бидат во состојба на криза. Нормалните количина на енергија потребни за вршење на обичните обврски на животот не се на располагање и како резултат на тоа стануваме хронично уморни, ниско-енергетски, летаргични и генерално успорени. Дури и кога балансираме со диета, вежби и медитација, одржувањето на личната енергија е тешко, па затоа и толку многу луѓе постојано се дозираат со кофеин и т.н. енергетски пијалаци само за да  поминат еден обичен ден.

  1. Болести од исхраната

Болестите од исхраната како прекумерната дебелина и дијабетесот се знак дека тивкото убивање во голема мера влијае на здравјето на луѓето. Социјалниот инжинеринг и односите со јавност го променија разбирањето на она што всушност е храна и како што расте нашата потрошувачка на корпоративната ѓубре-храна така расте и нашиот струк и нашите шанси за добивање на хронични болести како дијабетес. Се разбира, и двете од овие состојби се целосно излечиви со правилна исхрана, но во земја каде што суровото млеко е нелегално, за вистината за храната и здравјето ретко се зборува во мејнстримот. Одржувањето на хроничните болести е многу профитабилно за здравствениот естаблишмент, а дебелината е портал на многу хронични и болести опасни по животот.

  1. Дезориентација и мозочна магла

Многу луѓе, овие денови страдаат од периоди на дезориентација и мозочна магла, а без јасна причина за тоа зошто умот функционира толку лошо и на тој начин. Мозочната магла е хронична состојба која тешко се идентификува каде што едно лице се чувствува исклучено, збунето и оддалечно. Таа состојба е речиси како болест на свеста, а периодот може да трае еден ден или со години, се додека личноста конечно не се само-изолира целосно. Прекумерен раст на кандида, состојба каде негативни бактерии се развиваат во телото, е резултат на лоша исхрана и компромитиран стомачен биом и се смета дека предизвикува ја предизвикува оваа состојба на дезориентација и мозочна магла.

  1. Хронични воспаленија

Хроничните воспаленија се дел од биолошкиот одговор на телото на штетни стимули и се повеќе се признати како сериозен тивок убиец поради здравствените проблеми кои ги предизвикуваат. Целта на воспалението е да се ослободи телото од причините за оштетување или повреда и да иницира поправка. Тоа е одбранбен механизам кој е постојано активен пред се со конзумирање на воспалителна  храна. Модерната пченица е пример за храна која е толку многу генетски модифицирана што сега повеќе не обезбедува хранливи состојки, туку наместо тоа таа ги иритира ткивата на телото предизвикувајќи хронично воспаление, што пак доведува до поголеми здравствени проблеми.

  1. Алергии

Луѓето се повеќе и посериозно страдаат од сезонски и случајни напади на алергии од кога било досега, а некои напади можат да бидат доволно силни за привремено да онеспособат некого. Пред една генерација алергиите не беа толку многу сериозни, што укажува на фактот дека нешто е променето во телото и во животната средина. Со сеприсутноста на Кемтреилс и Гео-инженеринг на небото, сомнението дека респираторниот систем е нападнат е оправдано.

  1. Аутизам

Аутизмот кај децата се зголемува застрашувачки и без прецизна индикација што го предизвикува. Тоа може да биде животната средина, вакцините, ГМО, или домаќинските хемикалии, но нешто ги зема нашите деца. Дали стапката на ќе  дојде до еден-на-два пред да се иницира некој Менхетен проект како краен напор за да се стави крај на ова?

  1. Рак

Се предвидува дека наскоро најмалку 1 од 3 возрасни ќе имаат некоја форма на рак, кој како што знаеме, направи бум во фармацевтската индустрија. Алтернативни лекови, третмани и терапии се таргет за напади и истребување од страна на државните регулаторни комисии, а болните се подложуваат на ризични и скапи третмани. Најголемите здравствени организации, кои би требало да се грижат за нашето здравје, не успеваат да ги адресираат и посочат причините за ракот и да промовираат здрав начин на живот.

  1. Моргелонсова болест

Оваa чуднa и страшнa болест се чини дека е некој вид на инфекција од страна на некој уште непознат тип на органска материја. Се манифестира како мали живи кончиња или црви на површината на кожата иритирајќи го пациентот, а се верува дека, до сега, врз ниеден заболен од Моргелонсова болест не била извршена или била спречена детална обдукција. Без јасни одговори на науката, многу аспекти на оваа состојба укажувааат и посочуваат на гео-инженерингот и кемтреил прскањето како извори на оваа болест.

  1. Дентална флуороза

Јавното користење на флуорирана вода во САД и во други земји е лекарство без согласност и без контролирана доза. Тоа е форма на тортура. Владата на САД сама призна дека Американците се предозирани со флуорид кога ги спуштија препорачаните количини кои се ставаат во јавното снабдување со вода. Флуоридот е поврзан со многу здравствени проблеми, вклучувајќи рак и намален коефициент на интелигенција кај децата, но владата сепак сеуште го форсира. Денталната флуороза е знак за прекумерно изложување на флуориди и знак на намерно труење.

  1. “Хемиска нерамнотежа”

Многумина нема да се согласат, но ментални здравствени проблеми како АДД/АДХД (хиперкинетичко пореметување), вознемиреност, несоница и депресија сите може да се излечат со правилна исхрана, вежбање и суплиментација. Всушност, овие состојби се прилично нови на човечката популација, а се во пораст или барем дијагнозите се во пораст. Се разбира, здравствениот естаблишмент во голема мера профитира од ваквиот зголемен број на пациенти кои конзумират лекови за нивните ментални здравствени проблеми.

1499586_10202940745542650_1016003415_n1

Заклучок:

Тивкото убивање, исцрпувајќи ве, ви го одвлекува вниманието од животот.

Потребно е многу малку за да се искорени толку големата токсичност на нашиот модерен свет, но иницијативата на владејачката елита е да го уништи, контаминира и компромитира сето она што е од најсуштинско значење за животот на планетата Земја-НАМЕРНО СМИСЛЕНО ТИВКО УБИСТВО.

Дали е ова несреќен случај или пак стратегијата на глобалната депопулација за тивко убиство работи ефикасно за светската елита? Што мислите?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s