Нешто необично се случува во светот – a повеќето луѓе сеуште не го сфатиле тоа

Man trying to open door to new better world. Conceptual change, two worlds

ЗОШТО СВЕТОТ СЕ МЕНУВА?

1. Моделот за вработување повеќе не е одржлив

Максимално експлоатирани и понижувани, луѓето кои работат за ненаситноста и алчноста на нивните работодавачи не можат повеќе да ја поднесат својата работа. Бесцелноста тропа на нивната врата и доаѓа од внатре како врисок на очај. Луѓето сакаат надвор. Тие сакаат да се откажат од сè и да избегаат. Погледнете колку луѓе се подготвени да ризикуваат со претприемништво, колку луѓе заминуваат на отсуства и колку луѓе страдаат од работно-поврзана депресија и исцрпеност.

Ние ги достигнуваме нашите граници!

2. Моделот на претприемништвото, исто така, се менува

Вител на претприемништвото некогаш беше да се најде инвеститор и да се добие финансиски фонд. Но, што се случува откако ќе се добие фондот? Се враќате повторно да бидете вработени. Можеби сте донеле луѓе кои не го споделуваат  вашиот сон и не се во согласност со вашата цел, и наскоро, се повторно станува за пари. Финансискиот крај ќе стане главен двигател на вашиот бизнис. Луѓето страдаат од него, а одличниот стартап бизнис почнува да се распаѓа бидејќи моделот на барање финансиски фондови е бесконечен.

Потребно да се потрудиме да пронајдеме нов начин, а некои луѓе тоа го прават веќе. Во текот на изминатите неколку години, со експлозијата на стартап бизнисите, илјадници претприемачи ги претвораат своите гаражи во канцеларии за да ги донесат своите идеи во живот.

3. Соработка наместо конкуренција

Многу луѓе сфатија дека нема никаква смисла да се оди сам. Многу луѓе се разбудија од менталитетот “секој човек сам за себе”.

Стоп, да направиме чекор назад, и да размислиме. Зарем не е апсурдно што ние, 7 милијарди од нас кои живеат на иста планета, се повеќе и повеќе сме разделени едни од други? Која е смислата да се сврти грб на илјадници, можеби и милиони луѓе кои живеат околу вас во истиот град?

Multiracial group of people with raised arms looking at sunsetЗа среќа, работите се менуваат, а концепти на споделување и економија на соработка се имплементираат. Ова укажува на нова насока, насока на соработка, споделување, помош и заедништво.

4. Конечно сфаќаме за што е способен интернетот

Интернетот е неверојатно спектакуларна работа, само што дури сега – после толку многу години, ја разбираме неговата вистинска моќ. Со интернетот светот е отворен, бариерите паѓаат, поделбите завршуваат, заедништво започнува, соработката експлодира, а помошта се појавува.

Интернетот ја уништува масовната контрола. Големите медиумски групации, во чиј посед се мејнстрим вестите константно ни испорачуваат пораки кои тие сакаат да ги читаме. Меѓутоа тие веќе не се единствените сопственици на информациите…. одиш по она што ти го сакаш, се поврзуваш со кого ти сакаш, истражуваш она што ти сакаш. Со доаѓањето на интернетот, малите повеќе не се безгласни. Постои глас, анонимниот станува признаен, светот се сплотува…. и тогаш системот паѓа.

5. Крај на претераната потрошувачка

Премногу долго сме манипулирани за да трошиме колку што можеме, да го купуваме секој нов производ, најнов автомобил, најнов телефон, врвен бренд, многу облека, обувки, храна, всушност, многу од се што би можеле да го ставиме во нашите раце или секогаш гладен стомак.

Одењето против толпата, многу луѓе сметаат дека е претеран пристап. Намален конзумеризам, бавен живот и бавна исхрана се некои видови на активности кои може да се преземат. Со менување на начинот на живеење и осознавање на контрадикторноста на тоа колку апсурдно ги водиме нашите животи се помалку луѓе користат автомобили, се помалку луѓе прекумерно трошат, а многу повеќе луѓе заменуваат облека, купуваат користени стоки, разменуваат имот, автомобили, станови, канцеларии. Нас не ни треба сето тоа што ни кажуваат дека ни е потребно.

Оваа свест на нов консумеризам може да ја сруши секоја компанија која живее на грбот на потрошувачката претераност.

6. Здрава и органска исхрана

Ние некогаш сме биле толку луди што сме прифатиле да јадеме се! Битно е само да има добар вкус и сè ќе биде во ред. Бевме толку исклучени што компаниите почнаа практично да ја трујат нашата храна, а ние си траевме и не кажувавме ништо!

Но, тогаш некои луѓе започаа да се будат овозможувајќи и зајакнувајќи ја побарувачката на здрава и органска храна. Ова ќе биде се посилно и помасовно.

Но, што ова има врска со економијата и работата? Само се!

Производството на храна е една од основите на нашето општество. Ако го промениме нашиот начин на размислување, нашата исхрана и нашиот начин на конзумирање, корпорациите ќе треба да одговорат и да се прилагодат на новиот пазар. Малиот земјоделец повторно станува релевантен во целиот синџир на производство. Луѓето дури одгледуваат растенија и семиња во нивните домови. Вака се редефинира цела една економија.

7. Будење на спиритуелноста

Колку пријатели имате кои практикуваат јога? Што е со медитацијата? Сега да се вратиме, пред 10 години. Колку луѓе знаевте тогаш кои се занимаваа со овие активности? Спиритуелноста, премногу долго, беше единствено за езотеричните луѓе – оние чудни и мистични луѓе. Но, за среќа, и ова, исто така, се менува. Дојдовме до работ на разумот и рационалноста. Бевме во можност да сфатиме дека, само со нашиот свесен ум, не можеме да дознаеме се она што се случува овде. Постои и нешто друго се случува.

shutterstock_104227202Сакате да разберете како функционираат работите – како функционира животот, што се случува после смртта, која е таа енергија за којашто луѓето зборуваат толку многу, што е квантна физика, како мислите може да се материјализираат и да се создаде нашето чувство за реалност, што е случајност а што синхронизитет, како медитацијата работи, како е можно да се излечат некои болести со користење на ништо друго освен голи раце, како овие алтернативни терапии, не секогаш одобрени од страна на регуларната медицина, всушност може да работат понекогаш.

Некои компании денес обезбедуваат медитација на своите вработени, па дури и во некои училишта ги учат младите како да медитираат. Не е лошо да се размисли за тоа.

8. Ре-образовние

Кој го создал овој наставен модел? Кој ги избра часовите кои нашите деца треба да ги посетуваат? Кој ги избра лекциите што ги учат во наставата по историја? Зошто не се учи вистината за другите древни цивилизации?

Зошто нашите деца мораат да следат одреден сет на правила? Зошто тие треба се да гледаат во тишина? Зошто тие треба да носат униформа? Што е со земање на тестови за да се покаже што всушност тие научиле?

Развивме модел кој зацврстува и реплицира следбеници на системот и одгледува луѓе во обични човечки суштества.

Changing-the-world
Можеби никогаш не сте помислиле на сето ова, но тоа се случува. Тивко, луѓето се будат и сфаќаат колку е лудо да се живее во ова општество.

Застанете еден миг, размислете и запрашајте се дали се што досега не учеле е нормално?

Јас не мислам дека е.

За среќа, постои нешто необично што се случува.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s