Љубов

Одбрамбена суб-програма на човечкиот оперативен систем и центар на сите емотивни доживувања и реакции во неговото овоземско физичко постоење. Контролирана од програмот свест таа претставува негов директен линк за контакт и манифестација во материјалниот свет. Предизвикувајќи и стимулирајќи различни телесни реакции и емотивни доживувања, таа влијае врз акциите и реакциите на човечкото тело во неговите животни интеракции и одлуки. Како најмоќно оружје на свеста за борба против корупција на човечкиот оперативен систем, љубовта е единствената надеж за спас на ентитетот Земја и сите нејзини патници.

Преку манипулирање на изворниот код и извртување на реалноста, ефектот од историското контаминирање и искористување на нејзината моќ и јачина е побудување и вродување на лажни и непотребни заштитнички функции и вредности и создавање на систем за нејзино етапно и комплетно ре-програмирање. Ова силно емотивно доживување е искористено за да од него се изродат и вградат во човечкиот оперативен систем сите негативни програмски компоненти како омраза, себичност и алчност, а се со една цел – ропство, владеење и искористување на човечкиот животен потенцијал и енергија на ентитетот Земја за лични цели на вековните владетели и узурпатори на изворниот код и човечкиот вид.

195970-Love-The-Earth

Со константно хранење на човечкиот ум со страв и закани спрема се она со коешто љубовта е силно  поврзана, со користење на разни средства за замаглување на здравото расудување и создавање на поделби на добри и лоши по секој основ, животот е претворен во наметната привидна борба за основна егзистенција, а пренагласената емоција на суб-програмот љубов е трансформирана во заштитничка недоверба спрема се она што ни се презентира и прикажува како опасност по сопствениот живот и животот на најмилите. Резултат од ова прогресивно-агресивно насилство врз човековата свест е комплетно компромитирање на свесниот линк со реалноста и недостаток од чиста и искрена човечка емоција на давање и примање на вистинска љубов. Како замена за оваа емотивна празнина на човечкиот вид му е сервирана материјалната љубов.

Насочувајќи и развивајќи ја прекумерната љубов кон материјалните ствари родени се алчноста, себичноста и љубомората, а создаден е свет на омраза и страв во којшто човечките суштества се смртни непријатели еден на друг, животната средина е контаминирана депонија и поле за нејзино тотално уништување, а послабите живи суштества се играчки и предмети за изживување, експериментирање и задоволување на човечката потреба од доминација и поседување со нивно масовно искористување, злоупотребување и касапење на сите можни начини.

Со практикување на деструктивно-материјалистичка љубов е создадена генерација на човечки суштества за кои природно биолошката љубов и привлечност кон спротивниот пол е пореметена и е сведена на материјален интерес или нездраво задоволство каде повторно преовладуваат разликите и недостасува вистинска и искрена емоција. Наместо љубовна меѓу-природна конекција, човечкиот живот е исполнет со љубов спрема безначајни материјални играчки кои му донесуваат привидна радост и среќа а всушност оставаат огромна емотивна дупка позади себе. Фрустрацијата се зголемува со константното трагање и тежнеење кон таа совршената играчка која ќе ја задоволи потребата од давање и примање љубов, но сепак овие играчки не поседуваат сопствена енергија и неможат да ја возвратат пружената љубов. Oва нехумано и дегенеричко однесување се пренеува и мултиплицира на носителите на следните генерации кои уште од мали нозе се контаминираат со љубов кон материјални ствари и негативни емоции.

Недолжни, носејќи и ширејќи го инфицираниот суб-програм, веќе наречен материјалистичка љубов, тие и понатаму продолжуваат да живеат заробени во наследената мрежа на илузии и да го вртат тркалото на пропаста.

Зарем не е очигледен овој инжинеринг врз свеста и последиците од него? Како љубовта ќе се справи со овој безличен свет испочнет со алчност, агресија, себичност, нехуманост, неприродност и омраза?

За да дојдеме до фазата кога љубовта ќе ја активира вистинската моќ најпрво мора да се соочиме со вистината, да ги признаеме грешките и да ја преземеме одговорноста за тоа што ни се случува. Ова осознавање ќе значи и расчистување на маглата од очите на љубовта и нејзино фокусирање и насочување кон заштита на вистинските нешта во животот и кон вистинскиот развоток на човечкото битие. Овој еволутивен пат ќе ја ослободи љубовта од корупцијата која со векови е всадувана во свеста, а со самото тоа и сите илузии ќе паднат и нивните креатори ќе бидат разобличени. Човечките вредности настанати од љубовта спрема животот ќе донесат нова енергија која ќе го обнови изгубениот линк на човекот со изворната енергија, а најмалите наследници од мали нозе ќе се учат како да го зачуваат тој линк преку предавање на дел од таа позитивна енергија и константно нивно подучување и развивање на меѓучовечката комуникација и природно-биолошките врски и процеси. Материјалните ствари повеќе нема да бидат цел на љубовта туку тие ќе се сведат на едноставни и безначајни средства за учење и зголемување на креативноста, перцепцијата и мислата.

Поголтнувајќи ја горката вистина и оставајќи ја пустелијата и штетата што ја создадовме позади нас, човечкиот вид ќе заплови во нови води на балансирана хармонија на љубов и материјално постоење.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s