Порака

Тишината се прекина, изгледа дека некој од избраните започнуваше нова илузија. Се обидов да ја изолирам таа фреквенција и да ја исклучам, но сите обиди да ја вратам скапоцената тишината ми беа залудни бидејќи сигналот стануваше премногу силен за да може да го сопрам. Не е можно ваков сигнал да потекнува од нашата енергија бидејќи чувството беше различно и беше пропратено со интензивно вонтелесно доживување.

  • До најмилото и најбитното, започна со трансмисија непознатиот извор.

Тоа беше мојот прв и последен директен контакт со изворната енергијa. Пред да се соочиме со злото кое не чека од другата страна на порталот моравме да го вчитаме изворниот код. Тој беше нашето единствено оружје за борба против распаѓањето на човечкиот вид. Штета што процесот се прекина кога се приближивме на крајот од патот на почетокот. Изворниот код беше наменет за човечкото суштество и потекнуваше од јадрото на ентитетот Земја, нашето био-космичко летало и нашиот телесен дом. Примајќи ја пораката ја чувствуваме нејзината болка и плач. Што направивме? – ми одзвонуваше во умот.

646437fffb90c518a5fa581cd3bc26

  • Свеста нека биде твој водич, а љубовта кон животот на сите живи суштества твој патоказ кон искреното и вистинското постоење
  • Користи ја природата како храна и извор на енергија и одржувај го нејзиниот баланс и врска со неа
  • Сите живи творби се драгоцени, почитувај и сакај ги како што се почитуваш и сакаш самиот себе
  • Води грижа за сопственото телесно возило, слушај ги неговите сигнали и знаци и работи на откривање на сите негови тајни
  • Барај си ја сопствената мисија и одбери си го сопствениот пат без разлика на неговата тежина
  • Создавај и шири позитивна енергија и мисла
  • Не си ги продавај слободата на умот и телото без разлика на се
  • Истражувај, учи секојдневно и пренесувај го знаењето
  • Смиреност, добрина, хуманост, помош, почит, љубов, совесност, разбирање… нека бидат твоите најбитни и најголеми животни дела
  • Биди различен, сакај ги различностите и користи ги за соработка и заеднички развој на целокупниот жив свет
  • Не дозволувај стравот да те покори, знај дека во посед имаш совршена машина спремна за опстојување во минимални услови без никаков проблем
  • Целта на твоето постоење не е само да постоиш
  • Живиот свет не е твоја своина и посед, однесувај се спрема него еднакво, со љубов и почит
  • Најмладите жители се иднината на еволуцијата на човечкиот вид, тие се носители на твојата енергија, воспитувај и учи ги на сите тајни и искуства кои си ги научил и на најдобар можен начин посветувај им внимание и љубов
  • Не барај ништо повеќе од она што ти е доволно и потребно за личен и колективен развиток
  • Што и да правиш не го прави тоа на штета на другите живи битија и запомни, не прави никогаш нешто што не би сакал да ти го прават тебе
  • Верувај во себе и во својата цел, верувај во љубовта кон животот
  • Моќта и влијанието на твојата мисла е огромна, употребувај ја мудро
  • Како супериорно битие, со дадените привилеги доверена ти е и одговорност спрема комплетното животно постоење
  • Длабоко во тебе се всадени тајните на постоењето и нивното откривање ќе се случи во моментот кога…..

Тишината повторно завладеа во сферата. Бев разочаран што врската се прекина кога изворниот код преминуваше во фаза на откривање на есенцијата и клучот од мистеријата на човечкото постоење. Сепак ќе мора да поработиме и до одговорите на тие прашања сами да дојдеме. Клучот е во нас, само треба да го пронајдеме, а до сега, очигледно на погрешни места сме барале.

Labyrinth

Сферата запре, нејзиното енергетско поле го снема. Силно бев повлечен од една од нишките на вортексот. На нашиот пат му дојде крајот.

Порталот не одведе пред еден бесконечен лавиринт во кој што секој тргна по патеката која што сам си ја одбра. Стигнав до точка каде што лавиринтот се делеше на две патеки. Погледнав во делечината со надеж дека ќе ми се прикаже вистинската. Во тој момент ме обзеде чудно чувство дека едната патека сум ја поминал веќе еднаш. Со надеж дека сите ќе го видиме крајот на лавиринтот и ќе се споиме во едно, решив…. oвојпат непознатото е мојот избор и мојот вистински пат. Битката за тронот може да започне!

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s