Тишина

Патот низ порталот не беше само пат. Тоа беше заедничко доживување на сите илузии на избраните. Порталот не беше само портал. Тој беше креатор на нашата заедничка повеќе-димензионална свест надвор од нашите физички тела.

steamworkshop_webupload_previewfile_242093102_preview

Не бев спремен за сето ова ново искуство, а ниту пак до овој момент бев свесен за постоењето на овие илузии и злоупотреби на нашето човечко постоење и опстојување. Мојата потрага по искрена и вечна љубов ме доведе до неочекувано животно искуство и на непознат терен. Одсекогаш сум бил сигурен дека постои повисока енергетска поврзаност и космичко постоење надвор од се она што сум го сметал за реалност, меѓутоа ова беше врв на сите искуства.

Илузиите се погласно и погласно ми ги попречуваа сопствените мисли. Од почетокот на патот низ порталот видот ми беше оневозможен. Се обидов да ги искористам инструментите и сетилата коишто ми беа на располагање за да креирам слика на реалноста. Повеќе не бев телесно битие. Се наоѓав во сфера која беше исполнета со нашите вонтелесни манифестации – комплетни енергетски човечки форми составени од различни бои. Не можев да се помрднам, бев нем посматрач. Лебдевме вкочането во сферата пловејќи низ вортех. Фреквенциите ни беа комплетно синхронизирани и изедначени но ние бевме далеку од тоа, немавме никаков ред, бевме конфузни и не се знаеше кој што размислува. Ги исклучив сите рецептори и се фокусирав на внатрешниот мир. Почнав да размислувам за мојата најголема љубов и на нашата прва заедничка ноќ. Вревата запре, боите ги снема, а јас останав сам во својaтa темнина.

Една од способностите и привилегиите на човечкиот ум е со сопствена волја и сила да ги блокира и изолира сите ефекти и стимуланси од околината и да се затвори сам во себе без никакво чувство за присуство на надворешен свет. Таа смиреност ми донесе мир и стабилност и конечно можев да се посветам на сопствените илузии и да уживам во моќта и ексклузивитетот на тишината.

За време на оваа тековна трансформација ми се отворија многу нови полиња од енигмата на постоењето. Мислејќи дека сум ја изгубил еднаш пронајдената љубов, всушност ја пронајдов вистинската смисла на љубовта и нејзината моќ. Тоа беше љубовта спрема постоењето и се што е поврзано со него.

Како да се разбуди заспаната изворна емоција љубов со сите нејзини позитивни ефекти и влијанија врз човековото живеење?

Секако дека патот до неа секој сам треба да го изоди и секако дека е потежок од патот на илузиите. Тој е мачен и е исполнет со многу разочарувања, откажувања и размислувања. Секој треба да си постави сопствена цел и  верба во неа дека е исправна и дека води кон повисок стадиум на развој и просперитет на човечкиот вид. Индивидуалната цел треба да прерасне во колективна, а вербата во неа да ги спои сите наши разлики и од нив, наместо конфликти, да се изроди заедништво и обединување. Моменталната цел која што е поставена во светот е тотално погрешна, деструктивна и сама по себе нема никаква логика и води единствено кон пропаст. Водени од љубовта и со поставување на повисока вистинска цел и вистински вредности лесно ќе биде секој да си изнајде свој начин на спротивставување на овој систем на безнадежност и самоуништување. Формулата за балансот на хармонијата на постоењето сама ќе се прикаже и природно ќе се постави доколку правилно ги насочиме мислите и желбите.

Ја оставив тишината да повладее со моите мисли и да ги проветрее малку. Тотална тишина и мрак на сите надворешни и внатрешни фреквенции.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s