Дали им припаѓате на новите 1% од населението кои ќе ги срушат глобалните елити?

Кога велиме “глобални елити” мислиме на најбогатите 1% што просперираат преку масовноста на глобалната потрошувачка. Тие не се грижат за резултатите, штетите и последиците од нивните производи се додека тоа им носи голем профит. Нивната агенда е нов светски поредок со хипнотизирани потрошувачи кои живеат во свет на една влада. На овој начин тие можат да останат на власт (што значи дека тие ќе ги задржат своите бизниси), а нивните потрошувачи ќе бидат “задоволни” (зависни) од нивните производи без да ја разберат и сфатат штетата што ја создаваат со масовното конзумирање.

Consumerism-600x400

Сепак, во тие масивни 99% од светот постои мал 1% што може да биде клучот за враќање на рамнотежата во светот.

Тоа не е тајно друштво со некоја злобна агенда да го преземе целиот свет. Овие индивидуи се насекаде околу нас, а повеќето од нив воошто се немаат сретнато едни со други. Некои од нив дури и не знаат што се случува, но сите го чувствуваат тоа дека нешто не е во ред со општеството и начинот на кој тоа функционира.

Одеднаш, овие индивидуи запираат да се грижат за тоа каков бренд носат. Тие гледаат низ медиумската пропаганда. Тие имаат тенденција да го обединат доброто од автохтоното и модерното, во нов одржлив начин на живот. Тие преферираат прошетки во природа и ноќи околу камперски оган наместо опивање по клубови. Тие сакаат здрава органска храна а не процесирана храна, без разлика на вкусот. Тие го гледаат светот како свој дом, а на луѓето како нејзини глобални граѓани. Тие ги сакаат животните, природата и секое човечко суштество, бидејќи тие сфаќаат дека сите сме едно! Тие ја гледаат најголемата светска лага “ти не се доволен”, а ова е нивната слобода.

Затоа тие не можат да се контролираат и наведат во масовно конзумирање на производите кои му штетат на светот. Производите или ќе треба да се променат и да бидат повеќе еко-пријателски и со почит кон човештвото и целиот жив свет или никој нема да ги конзумира.

Овие лица, сосема ненамерно, покажуваат алтернатива на глобалната потрошувачка. Тие покажуваат дека во природата има се што ви треба и таму, се е бесплатно. Тие му отвораат врата на еден нов животен стил во којшто се ослободени од пополнување на бескрајната празнина на незаситното его и во кој можат да се фокусираат на она што навистина е важно, воздигнувајќе се во повисока фреквенција.

Затоа, тие се оние кои ќе го срушат планот на “глобалните елити”

Nature-Backpacking-600x400

Дали си ти еден од овие луѓе? Дали сметаш дека има нешто што не е во ред со општеството и светот? Дали се чувствуваш изгубен шетаајќи помеѓу масата на заспани луѓе? Дали некои (ако не сите) од карактеристиките споменати погоре се однесуваат на вас?

Не грижи се, тоа едноставно значи дека се будиш. Зошто? Тоа никој не го знае за сигурно. Можеби тоа е повисок план на универзумот или можеби е нешто друго, сепак, имај на ум дека ТИ НЕ СИ САМ.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s