Кое е нашето влијание врз животната средина преку храната којашто ја консумираме

Не е тајна дека храната што ја јадеме создава значителен дел од емисијата на јаглерод во атмосферата – околу една третина, всушност. Дали има нешто што можеме да направиме за да се намали ова влијание? Верувајте, има!

582333a71d41be137299ed71_meat-tax-759x500

Можеме да се храниме со добра и здрава храна без повреда на планетата. Време е да се сфати и да дејствуваат соодветно.

Едно неодамнешно истражување, објавено во списанието “Почисто производство”, ја рангира свежата храна врз основа на  гасовите на стаклена градина кои се создаваат при нејзиното производство од фарма до трпеза. Резултатите можеби ќе ве инспирираат и самите да направите некои промени во исхраната.

Од храната којашто секојдневно ја конзумираме на редовна основа пронајдено е дека црвеното месо е со најмногу емисии на гасови на стаклена градина, а очекувано, зеленчукот одгледуван во поле е последен. На пример, за производство на 1 килограм на стакленички гасови би биле потребни околу 50 главици кромид, но само 44 грама говедско месо за производство на истиот износ.

Истражувањето се состои од анализа на 269 објавени студии за проценка на производствениот циклус на 168 видови на производи, вклучувајќи свеж зеленчук, овошје, житарки, јатки, млечни производи и добиток. За да дознаеме колку стакленички гасови се произведени за време на производството на овие производи, извршена е евалуација на сите активности кои произведуваат емисии, од фарма до трпеза.

5m85lg91l5LIG_CbXnwstSblLpFOIfUudVi5-IS0aAY-618x1024

Активностите ги вклучуваат, не само очигледните емисии создадени од трактори и транспорт, но исто така и оние од оплодување на почвата, растенијата и самите животни и гасовите од животинскиот отпад.

Во оваа студија не се опфатени емисиите на штетни гасови создадени откако производите ќе стигнат до потрошувачите или преработувачките капацитети, како што се гасовите произведени за време на самата подготовка на храната.

За непреживарите (пилешко и свинско месо) и преживарите (јагнешко и говедско месо) во студијата се опфатени процесите како одгледување, производство на добиточна храна, користење на ѓубрива и потрошувачка на енергија (греење, транспорт, кланична обработка и ладење за време на транспорт и чување).

Главен извор на штетни емисии за производство на говедско и јагнешко месо е метанот. Метанот се произведува од бактериите кои вршат ферментација во нивните црева и гасот кој потоа се испушта преку изметот на животните. Метанот придонесува за минимум 50% на стакленички гасови за сите преживари.

Кога станува збор за риба, видовите фатени далеку до брегот со рибарски флоти и бродови за длабока пловидба имаат повисоки емисиони вредности бидејќи овие методи консумираат многу повеќе гориво од крајбрежните рибарски флоти.

Подолу е пирамида која прикажува колку количина на храна е потребно за производство на 1кг на штетни гасови на стаклена градина.

AWFmTDbQDOYXse77WpYBzGHOl-CSoWpPLVvcsPMBEv0-637x1024

Како можеме да го намалиме нашиот штетен планетарен отпечаток

Очигледно, прво и основно нешто што можеме да направиме за да започнеме со намалување на емисијата на јаглерод, е веднаш драстично да ја намалиме потрошувачката на сите видови месо и производи од животинско потекло. Не се сугерира целосно откажување, туку дека, дури и мала промена, може да направи огромна разлика.

Пробајте барем еден од деновите кои ви се предвидени за јадење на месо да го претворите во посен ден. Тоа е само еден ден во неделата да не  се консумира било какво месо. Ова е лесен начин за постепена транзиција кон јадење на повеќе храна од расително потекло, што пак ќе ви овозможи да научите и што да готвите наместо вообичаените јадења со месо. Оваа проба можеби ќе ви покаже дека има многу неверојатни вегетаријански и вегански опции да изберете и дека сигурно нема ништо лошо да ви се случи со нивното консумирање. Колку повеќе го намалувате месото толку повеќе ќе можете да си дозволите етички извори на месо и производи од животинско потекло. Ако се одлучите за локално набавување, со тоа ќе ги намалите емисиите кои инаку би се користиле за транспорт на тоа месо, млечни производи или јајца од фармите до вашиот локален супермаркет.

Сепак, најлесно е сето ова да го избришете од меморијата и да си продолжите со размислувањето…. “Што е поентата? Јас сам не можам да направам разлика. Многу е тешко за мене да ја направам таа транзиција, и ако никој друг не го прави тоа, тогаш што е важно ако јас го правам? “

Ако се најдете себеси да размислувате на овој начин, тогаш треба да знаете дека промената во светот се прави со тоа што САМИТЕ СТЕ ПРОМЕНАТА којашто сакате да ја видите. Мораме да се водиме од сопствен пример. Не можеме да чекаме околу нас сите останати да ја направат промената туку ние мора самите да бидеме таа промена. Ако сте загрижени дека вашето семејство нема да се сложи со вас, запомнете, кој готви тој ја има моќта. Започнете бавно и најдете го она што го сакате. Повеќето луѓе претпоставуваат дека не им се допаѓа растителната храна без дури и да се обидат да ја пробаат. Дури и не треба да потенцирате дека готвите растителна храна, само згответе едно јадење, послужете го и видите дали ќе има било какви поплаки. Ако некој поставува прашања едноставно можете да му одговорите, “Ние правиме се што можеме за да и помогнеме на планетата. Сите треба да го одработиме нашиот дел!”. Ќе бидете изненадени од тоа колку брзо децата ќе ја прифатат таа логика. Тоа е до нас! За планетата со љубов.

Секој сам си носи сопствени одлуки без влијание на средината и според сопствени убедувања спрема тоа што смета дека е добро или лошо за него и најблиските. Па така и денес претпоставувам дека трпезите се во духот на хуманоста и скромноста, а пред се во духот на љубовта спрема животните, околината, планетата Земја и сите нејзини гладни и боси жители.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s