Изгубена иднина

Дали некој ни ја украде или сами си ја продадовме иднината? Каде не носи таа трговија, кон напредок, кон просперитетна иднина или кон пропаст? Има ли назад од оваа состојба? Како можеме, а да не ја гледаме големата слика и театарот што ни се одвива пред очи? Зарем си мислиме дека ова што се случува во светот и со нашиот живот е нормално? Која е таа умствена бариера што не кочи за да ја видиме режијата и експлоатацијата на нашето најскапоцено нешто, нашиот животен пат? Кој е тој што се дрзнал да ни ги експлоатира енергијата и времето и зошто сме му го дозволиле тоа? Во што сме ние поразлични од фармските животни кои затворени, измачувани, изнемоштени и отровени едвај чекаат некој да им ги скрати маките? Дали сме се погледнале во огледало и сме се запрашале што всушност гледаме?

aad094a12736f7802eedb1134f7017f5

Во ред е, па зошто ние да се замараме….ќе им го оставиме тоа на идните генерации, тие нека му ја мислат. Наше е да ги доведеме на свет, да ги истренираме и да им го пренесеме сето наше животно искуство, мудрост, знаење и љубов. Што ќе им пренесеме и за што ќе ги истренираме? Сигурно не за убава иднина исполнета со сраќа, радост, здравје, хармонија, здрава социјализација, правилни вредности и напредок во чиста и здрава средина. Кои вредности ќе им ги пренесеме, која култира, кои навики? Што уште траба да се случи за да се освестиме дека ние не сме ништо друго туку обични фармски животни кои чекаат да им дојде редот за колење? Или пак, стомакот ни е полн со токсично-зависна храна, телото го третираме како канта за ѓубре па потоа го лечиме со разни скапи лекарски третмани, умот ни е полн со измислени приказни, фиктивни карактери и лажни идоли, собата ни е полна со разно-разни материјални играчки, еден- десет дневен годишен одмор и толку, тоа е животот. Додека се завртиш ни истекол рокот на траење.

Earth infected by humans RiseEarth

Браво за човечкиот род, најголемиот убиец на живиот свет на планетата Земја и најкрвочолното суштество кое некогаш чекорело на нејзината почва. А зошто? Е тоа е нешто за кое секој треба да се подразмисли и запраша. Самите си ја креираме нашата реалност, па така оваа состојба е наше ремек дело, наша реалност и наша желба. Болна желба за материјална и статусна моќ, алчност да поседуваме и заграбаме што е можно повеќе, себичност ништо да не споделуваме и даваме – тоа се темелите на нашето денешно постоење, а воедно и на нашето самоуништување, кое како толку многу да го посакуваме. Каде се свеста, совесноста, скромноста, смиреноста, стабилноста, дарежливоста, љубовта и почитта спрема целиот жив свет, еднаквоста, правичноста, позитивната енергија, желбата за знаење, споделување, работа, напредок? Уф…тежок е тој живот во кој материјалното ќе нема значение, ќе нема што да правиме, ќе немаме цел?! А како тоа сега да го сменам кога така сум учен, воспитуван и цел живот така функционирам? Зошто да сменам нешто што сите го прават? Кажуваат дека месото, млекото и јајцата се добиваат со најхумано-можни начини и методи на одгледување, собирање и колење на живи суштества, дека се добиени на здрав начин со користење на најдобрите хемикалии врз животните, дека само 70% од светското производство на антибиотици е наменето за фармските животни, дека во вкупното светско загадување нивното производство учествува само со 40%, дека само над 50% од производството на храна завршува како отпад, а на телевизија кажаа дека тие треба да бидат застапени на секое мени заради нивната хранливост и добробит по здравјето, а посебно по здравјето на децата!!! Браво, нема што, исто како привидната борба против фосилното гориво, нуклеарната енергија и технолошкиот отпад.

Живееме во време кога имунолошкиот систем на човекот е под константен физички и психички напад, а последиците од тој напад ги лечиме со уште едно оружје за создавање на отровна зависност. Фармацевската индустрија цвета, наместо природата да цвета на нејзино место, прехрамбената индустрија цвета наместо животот да цвета на нејзино место, загадувањето цвета наместо свежиот воздух да цвета.  Сите светски лидери, медиуми и организации многу добро ја знаат ситуацијата, јаки се на зборови ама на терен ситуацијата е се полоша и полоша. Не мрднуваат со мало прсте да сменат нешто, а ние чекаме од нив, ги бираме, им даваме власт за да работат во интерес на животот и да не заштитат од вакви напади.

А што можам пак јас како единка да направам и помогнам, како може ова да го сменам? Очигледно ништо бидејќи сето ова е твоја желба, твоја визија и твоја посакувана иднина.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s