Како да се сопре копнежот по лажните потреби

Во овој момент милиони луѓе страдаат на нашата планета бидејќи она по што копнееме ни го одвлекува вниманието од она што всушност ни треба. На пример, можеби сакате другите да ви се восхитуваат, да добиете работа на  висока позиција, да направите многу пари, да имате успешна кариера и да купите голема куќа. За жал, ваквите соништа може да направат да се чувствувате мизерно. Она што всушност ни треба за да бидеме среќни е работа која ќе ги храни нашите души, која ќе ни помага да  ги подобруваме нашите вештини, која ќе ни обезбедува живот, но исто така, ќе не прави посреќни и помудри човечки суштества.

Fake-3

Она по што копнееме ни го одвлекува вниманието од она што всушност ни треба

Замка на зависности

Менталитетот на компетитивната “трка на стаорци” на современиот живот, значи дека многу луѓе со нетрпение го очекуваат нивното “слободно време” како можност да избегаат. Тие се фаќаат во политички драми, гледаат премногу телевизија или порнографија, сурфаат на интернет, се опиваат, играат видео игри, се дрогираат или се коцкаат. За жал, овие искуства на “бегство” се всушност стапици на зависноста.

Овие методи нема да функционираат уште долго време, бидејќи за бидат вистински среќни, луѓето имаат потреба да се поврзат со светот на значаен (наместо бесмислен) начин. Ние треба да се забавувавме и радуваме со другите, да ги изразуваме нашите таленти, да практикуваме уметност или спорт, да соработуваме на креативни проекти, да ги развиваме нашите вештини и човечки потенцијал.

Лажни приказни и лажни соништа

За да ​​бидеме среќни и слободни ние треба да бидеме свесни за лошите влијанија. Вашето куче или мачка знаат многу повеќе за среќа од челниците на големите корпорации и гласноговорниците на Медисон или Вол Стрит. Мејнстрим медиумите се пропагандна машина која врти лажни приказни и лажни соништа создадени од вештите маркетинг волшебници кои се обидуваат да не убедат да живееме во страв од некои “други”, да бидеме жедни по она што не ни треба и да консумираме безвредни работи.

Fake-1

Животните знаат како да го живеат моментот

Тие ги хранат нашите желби, стравови и анксиозност, обидувајќи се да не убедат да голтаме нездрави мисли и материјали кои ни прават повеќе штета отколку добро. Тие се обидуваат да не примамат да јадеме чоколада, крофни, помфрит, стек и сладолед. Да ставаме храна во нашите тела која обезбедува моментално кратко задоволство, кое крајно води до дебелина, дијабетес, срцеви напади, рак, болести и прерана смрт.

Она што на луѓето им треба е да се грижат за сопствените умови и тела, да се хранат здраво, да ја третират сопствената психолошка и физичка благосостојба со љубов, мудрост и грижа. Да ги учат децата да ја избегнуваат храната (и идеите) кои се произведени да се вкусни и да се чувствуваат “добро” за момент, но во суштина тие прават огромни штети на нашите тела и духови.

Материјализмот е лага

Голем дел од она што модерниот свет се обидува да ни го продаде е лажно. Не само лажни вести, но исто така, лажни цели, лажни соништа, лажна храна, лажни непријатели и лажни погледи.

Fake-5

Што е тоа кое навистина ти треба за да те направи среќен?

Поради телевизиските и интернет медиуми, милиони луѓе (можеби милијарди) се дават во незадоволство, копнеејќи по совршено тело, совршен дом, совршен партнер, совршена работа, совршен сексуален живот. Тоа е она што корпорациите и нивните маркетинг агенции (како и некои од пријателите и семејството) ни кажуваат дека ќе ни донесе среќа. Но нема, бидејќи материјализмот е голема лага. Нас не ни требаат повеќе и повеќе материјални работи за да бидеме среќни.

Најголемо богатство е сиромаштијата на копнежи. (Сенека)

Хранете ја вашата душа, а не вашето его

Што и треба на вашата душа е подлабока поврзаност и мир, слобода од страв и анксиозност, љубов, креативни активности, значајни проекти, време насамо со природата и чувство на духовна и емоционална врска на животот, човештвото и универзумот.

More-13

Хранете ја вашата душа со спиритуелна и емоционална конекција

За да се биде навистина среќен на оваа планета, луѓето треба да ја сфатат и препознаат разликата помеѓу лажните приказни со кои нашето потрошувачко општеството не храни, за тоа кои сме и што навистина посакуваме, и што е тоа што ни треба како креативни, социјални и духовни битија.

Среќата природно произлегува со хранење на нашата душа, отколку на нашето его. За да станеме помудри и посреќни, ние треба да ја разбереме разликата помеѓу лажната перцепција и реалноста. Само тогаш ќе се ослободиме од бескрајниот маркетинг на лажни цели, небитни работи, штетни производи кои држат милијарди луѓе заробени во страдање, копнеж и конфузија на општеството.

За да бидеме среќни како вид, ние треба да совладаме и усовршиме (а потоа и да го пренесеме на идните генерации) како не треба да дозволиме лажните копнежи да им застанат на патот на вистинските потреби. Само така иднината на човечкиот вид ќе биде осигурана од бескрајната, самоуништувачка, бесмислена и бесцелна трка.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s