Човечко наследство

Хуманост, грижа, љубов, здрава животна средина, унапреден генетски код, високо ниво на свест, култура, соработка, споделување, сочувство, хармонија, мир, одговорност, почит кон себе и целокупниот жив свет, цврсти темели за напредок и просперитет надвор од границите на наметнатата перцепција за човечката животна мисија. Сепак реалната слика за наследството на “хуманоста” на човечкиот вид е тотално спротивно на ова.

96f09981eda90fc6b5c25e5a08f430dc

Тоа е една бескрајна збирка и колекција од сите можни злодела, тотално уништување, токсичност, угнетување, убивање, омраза, завист и дегенеричност во секоја смисла на зборот. Тешко е и да се очекува нешто повеќе од свет кој е поставен на темелите на масовно поробување и крвопролевање од највиоки размери, секогаш со една иста цел – послабиот во пирамидата на доминација да биде угнетуван и искористуван од страна на посилниот и помоќниот. Секој стадиум пониско на скалилото значи и поголемо страдање, слугување и измачување.  Наместо човечкиот вид да се учи од сопствените грешки тој продолжува да мисли дека живее, бесцелно лутајќи во матрицата на безнадежноста и бесцелноста, задоволувајќи и лечејќи си ги комплексите на доминација и недостаток од љубов преку послабите живи суштеста и безначајните материјални предмети.

Зошто, па дури и со забрзано темпо, себично грабаме и масовно ги прифаќаме овие принципи, општествени норми и вредности?

За да дојдеме до одговорот најпрво треба да го вклучиме единствениот рецептор и емитор на свест и најмоќниот процесор на информации и логички операции. Со негово активно вклучување ќе започне и самостојното расудување на реалноста и перцепцијата на тоа што се случува околу нас, а одредени повторувачко-наследени процеси се повеќе и повеќе ќе ни изгледаат банални, бесцелни, надвор од границите на хуманоста и непотребни. Откако материјалнот свет на зависности ќе исчезне, ќе се роди нов свет со вистински можности и повисоки приоритети и цели. Меѓутоа, без воопшто и да се обидеме да се вклучиме во процесирање и резонирање, остануваме да се давиме во безнадежноста и амбисот на човечкиот отпад.

Па тоа е многу тешко, напорно и неизводливо! Ќе мора да размислуваме со сопствената глава без некој да ни кажува што е исправно а што не и како треба да го живееме сопствениот живот. Ќе треба да го користиме животниот потенцијал и ресурсите, кои би требало да ни се дадени на располагање со самото раѓање, со висок степен на само-одговорност без да го загрозуваме постоењето на светот околу нас. Како тогаш ќе ги оправдуваме нашите нехумани постапки штетни во секој поглед, како ќе ги оправдаме сите убиства, измачувања, угнетувања и злоупотреби, како ќе се соочиме со живиот свет на Планетата Земја кој го користиме за наша забава, изложување, изживување и колење. Откажувањето од работите кои ги сметаме за основа на нашето постоење и цел во животот ќе значи и признавање на сите овие катастрофални потези на човечкиот вид со далекусежни последици кон целокупното постоење. Од друга страна тоа би бил и одличен почеток за развој на повисока мисла и степен на свест. Како би изгледало, за почеток, да ги претвориме сите зоолошки логори, сите животински фарми, сите кланици, сите нуклеарни централи, сите нафтени полиња, нафтени рафинерии, термоцентрали и сите места за фрлање на отпад во природен и чист животен простор? Што би било кога поседите и имотите на злосторниците, кои продаваат приказни дека Земјата е пренаселена, од повисоките скалила на пирамидата кои се дрзнале од послабите да заграбаат и узурпираат огромен животен простор само за нив, а кој во никој случај не би требало да им припаѓа, да се претвори во слободна животна средина? Ова е премногу драстично за почеток, меѓутоа сепак работи кои реално можат да се направат и преземат има многу, единствено недостасува визија, храброст, одлучност, пожртвуваност и пред се желба за напредок.

Соочувањето и совладувањето на самите себе во процесот на осознавање е и најтешкиот дел за премостување на еволутивниот праг.

Заблудени и занесени во самите себе и сопственото его, со задоволство ги прифаќаме, величаме и подржуваме сите нечовечки принципи на живеење како нормални и тотално исправни. Без да ги оспориме, осудиме или преземеме некаква иницијатива или одговорност, свесни за штетата која ја нанесуваме, во наследство оставаме свет кој со секоја геренрација се повеќе се приближува до точка од која нема враќање назад.

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s