Декодирање на лажната реалност

Реалноста е програма на верувања кои ги декодираме:

Болест = Здравје
Лажни вести = Вистината
Војнa = Мир
Еднообразност = Единство
Права дадени од државата = човекови права
Ропство = слобода.

Се е илузија…. Додека нашиот свет се одвива во повеќе димензии, ние сме фокусирани на континуумот на временскиот простор (линеарено конструиран) со ограничена перцепција. Нашата “измамена перцепција” во реалноста на оваа временска линија, без оглед на она што се случило во минатото и што може да се случи во иднина, ние секогаш ја креираме спрема Сега.
Моќта за преструктуирање на реалноста е можна само со јасност на космички ум. За жал, како луѓе, ние сме лесно програмирани да веруваме дека она што го гледаме, чувствуваме, вкусуваме, слушаме и мирисаме е единственото нешто што постои. “Надворешниот свет е одраз на внатрешниот свет. Перцепцијата на другите луѓе за вас е одраз на самите нив; Вашиот одговор кон нив е свесноста за вас. “~ Рој Т. Бенет

Нашите верувања ја водат нашата перцепција за тоа кои сме, што можеме да бидеме и што можеме да создадеме. Верувајте дека сте болни и уморни, и навистина сте. Телото одговара на основните верувања. Клетките слушаат што велиме, тие ги слушаат ограничувањата и чувствуваат страв. Ако ги сакаме нашите клетки, телото ќе ги поддржи нашите верувања. Она што го правиме во нашите тела е клучот за нашето мултидимензионално битие, и ова важи за сите други временски линии.

Реалноста е конструирана во време и простор во оваа Трета димензија. Времето и просторот се фреквенции кои циркулираат во повторувачка временска линија  која нашите мозоци ја декодираат за да можеме да го доживееме животот како луѓе. Живееме во систем на матрикс кој може да се опише како мрежа, холограм или игра составена од електромагнетни фреквенции. Холограмот е информација во облик на светлина која се дистрибуира не-локално. Нашите мозоци ја декодираат оваа информација врз основа на перцепција како ни се порикажуваат нештата. Меѓутоа, појавата може да биде лажна, односно, не е се како што изгледа. На сличен начин на функционирање на интернетот ние создаваме колективна реалност со електромагнетни фреквенции каде што сите и се е поврзано. Меѓутоа, во просторот што го заземаме гледаме само мал видлив спектар на светлина, тесен опсег на информација кој претставува само 0,0001% од целиот електромагнетен спектар.

Мозокот е централната процесорска единица на телото, телото е компјутер, а нашата ДНК е хард диск на природата. Ние сме приемачи и предаватели на информациите и енергијата која го води телото. Ние сме свест со физичко искуство во холографска конструирана реалност за раст и еволуцијата на нашето вистинско и единствено Себе. Свеста создава реалност.

Ако ја разбираме градбата на атомот, тогаш разбираме дека ние воопшто не сме само обични тела. Ние сме чиста свест во космосот што не можеме да го измериме. Ние не сме нашите тела или нашите имиња. Ние не сме нашите емоции. Ние сме неограничени. Меѓутоа, за нашата ограничена перцепција и основни верувања ова звучи невозможно. Сепак, ние не сме невозможни, туку сме “Се” што е можно. Сите можности значат дека сме “Се” и “Ништо”. Ние сме материјата и енергијата, звукот и тишината. Животот е континуум, помеѓу физичкото и нефизичкото, без почеток и без крај.

Infinite-Soul

Во оваа игра на илузија, ние сме проекција на нашето Вистинско Себе. Во оваа реалност, ние сме холограм (тридимензионална проекција на дводимензионална површина) во холографски универзум. Ние сме тука за да  запаметиме дека ние сме повеќе од зборови на хартија, исто како што сме повеќе од базните двојки на нашата ДНК. Нашата ДНК е проекција на уште поголема сила. Ние сме бран и честичка во исто време. Ние не сме сложени, ние сме мултиплексни.

Во оваа игра на илузија, луѓето се фатени во дисторзија на временскиот циклус, во којашто ја имаме изгубено моќта над оние кои ја контролираат програмата во холограмот. Не само што умовите се контролираат (преку социјален инженеринг и фреквенции), туку и човечката генетика е манипулирана за да се перцепира само преку пет физички сетила. Резултатот е супресија на нашето вистинско само-себе и нашиот вистински потенцијал.

Навигирајќи се низ Сето Она што Сме, имаме избор, можеме да избереме да бидеме пчели во колонија под контрола и со драконски закони, или можеме да избереме слобода. Кога зборуваме за слобода, ние можеме да почувствуваме само мал дел од она што е можно и е врз основа на она што сме биле програмирани за условено да веруваме преку границите на петте сетила.

Умот ги контролира верувањата спрема реалноста што е во согласност со основните верувања. Кога не гледаме подалеку од страницата и отворено за се што е можно, ние декодираме лажна реалност која ја овековечуваме. Преку поставените ограничувања за да се потисне нашата вродена сила ние сме спречени за да создадеме реалност што најдобро може да му служи на целото човештво и на планетата.

Матрицата е систем во кој луѓето се инкарнираат и реинкарнираат заради еволуција и будење. Додека овој конструкт можеби не може да биде “фиксен”, тој може да биде условен од начинот на кој ние реагираме на него.

quote-reality-is-created-by-the-mind-we-can-change-our-reality-by-changing-our-mind-plato-137-26-06

Промена на реалност на “сега” во три чекори

Чекор 1: ослободете го умот од програмата на “основни верувања”.

– Училиштата и религиите се тука за да не просветлат за вистината на светот и да ни го покажат вистинскиот пат.
– Владата ни дава права за да не заштити.
– Големата фармацевска индустрија не лечи.
– Мејнстрим медиумите ја кажува вистината за тоа што се случува во светот.
– Политичарите се надеж и се залагаат за промени за доброто на луѓето.
– Заштитата од терористички напади бара помалку слобода, повеќе контрола и поголем надзор над луѓето.
– ГМО храната го храни светот.
– Микрочиповите го прават животот поудобен и поефикасен.
– Кемтреилсите и геоинженерингот го контролираат “глобално затоплување” за да ја заштитат планетата…

Чекор 2: Проширете го она што мислите дека е можно. Изберете да станете свесни за системот или одберете да останете несвесни. Ако сме во негирање, ништо не можеме да смениме. Прифатете го она што е за да можеме да го промениме ова што е.

Чекор 3: Почнете од размислување и зборување да правите нешто во врска со тоа. Започнете со телото. Променете ги емоциите за да го олесните товарот на телото. Сакајте го Себе. Гледајте како телото реагира и се лекува и гледајте како се бранува и бори за промена на реалноста.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s