Трагачите по вистината победуваат

Начинот на кој масите го гледаат светот е фарса. Секој мејнстрим поглед е или намерно искривен или целосно ја промашува поентата. Дури и луѓето на влијателни места на кои би требало да им веруваме, или се распродадени или едноставно ги игнорираат фактите. Но сепак, контролата врз матрицата паѓа, бидејќи трагачите по вистината и нанесуваат тешки удари на лажните приказни кои веќе премногу долго го обликуваат колективниот начин на размислување на човештвото.

quote-the-greatest-enemy-of-knowledge-is-not-ignorance-it-is-the-illusion-of-knowledge-stephen-hawking-283508

Се разбира, интернетот е примарниот механизам зa размена на информации низ сите места, раси и култури. “Моќите кои повеќе нема да бидат” ја имат направено најголемата грешка што не се подобро потрудиле нивниот подмолен план за човештвото да го реализираат пред раѓањето на интернетот.

Сепак, нивниот план e екстремно успешен на многу фронтови. Обидете се да замислите свет каде што:

• повеќето новинари не ги известуваат вистинските вести;
• мнозинството лекари не ги разбираат причините за лошото здравје на човекот и како правилно да го решат;
• голем дел од политичарите не знаат како функционира понудата на пари и која е агендата на оние што ги контролираат;
• Многу т.н. стручни научници “веруваат” во дискредитирана филозофија која наликува на догматска религија;
• поголемиот дел од наставниците не сфаќаат дека предаваат систем на индоктринација кој никаде не се доближува до информациите и критичкото размислување кое треба да им се даде на нашите деца; и
• масите не се само лошо информирани, поделени и се борат едни против други за мали и нерелевантни теми, тие исто така месечарат низ најпрепознатливата величествена и почитувана реалност која некогаш можела да биде концептуализирана.

Добредојдовте во нашиот свет.

Додека го започнуваме она што го нарекуваме 21 век, секој систем кој треба да биде дизајниран да го олесни здравјето и виталноста на луѓето е хакиран со лаги, измами, дисфункција и дисхармонија. Ова е срамота за нашиот вид, бидејќи тоа е под нашата интелигенција и етички капацитет. Но сепак нема потреба да се губи вербата во неизбежното подобрување на човештвото, вклучувајќи го и начинот на кој ги организираме и раководиме нашите општества. Зошто? Бидејќи сета оваа дисфункција е всушност и ефективен двигател на колективното будење што се зголемува во срцата и умовите на човештвото.

Инспиративен факт е дека се повеќе и повеќе луѓе полека се будат и сфаќаат дека сите ние имаме можност да дојдеме до сопствено информирано мислење за вистината која се однесува и на духовната и на системската реалност. Многу повеќе луѓе денес разбираат дека мејн-стрим вестите не треба да се сфаќаат сериозно, бидејќи таму не можеме да најдеме информации кои се одраз на подлабоката вистина. Тие исто така сфаќаат и дека имаме избор да одлучиме за што лично ќе застанеме и ќе се бориме, како и за наследството што ќе го оставиме на нашите деца и на нашите идни генерации.

Сепак, откако ќе излеземе од контролата на матрицата, ќе се соочиме со некои сериозни предизвици. Не чека многу внатрешна и тешка работа, како што е дизајнирање на филозофија која гарантира мир, враќање на нашите слободи и креирање на легитимна и чесна иднина на човештвото. Затоа мораме да сочувствуваме со сите оние кои долго време биле свесни за многуте дисфункции на нашиот свет, особено за оние кои не учеа на мир и трпеливост и кои полека гледаа како:

• воено-индустриски-медиумски-политичко-банкарскиот комплекс ја зголемува својата моќ и го продолжува грабежот низ светот;
• фармацевтските монополи го зголемуваат дрогирањето на општеството, и држењето на многумината од нас болни, за да ја зголемат нивната добивка;
• движењата се креваат само за да бидат оцрнети и расклопени, како што е движењето “Окупирај”;
• науката се претвора во корпоративна институција, киднапирана од неточна и ниско-развиена филозофија на реалноста;
• војни намерно создадени во кои милиони луѓе умираат за прикриената империја;
• радикални екстремисти претворени во пара-армии за да ги вршат валканите работи за моќните структури;
• воздухот, медицината, храната и водата стануваат намерно токсични;
• владината политика се повеќе се определува од корпоративните/елитните интереси;
• полицијата е милитаризирана низ целиот свет;
• образовниот модел кој е претворен во индоктринационен систем; и како
• агендата на глобалното владеење станува блиску до реалност.

Некои луѓе со години го знаат ова и можеби биле сведоци на некои незгодни случувања, но сепак колку што сето тоа звучи ужасно, тие исто така виделе и милиони луѓе како се ослободуваат од пропагандните наративи и се синхронизирале самите себе со системските и духовните патишта кои ќе бидат следната фаза од нашата еволуција.  Поентата е дека иако треба да бидеме трпеливи и истрајни, треба да ги препознаеме и славиме постигнатите достигнувања досега:

• економисти кои сакаат да го трансформираат кејнсијанскиот модел со легитимни алтернативи;
• наставници кои ги разбираат масивните дупки во системот за индоктринација наречен јавно образование;
• научници кои сакаат да развијат начини на создавање и споделување на обновлива енергија;
• здравствените работници кои ги гледаат границите на механистичката и фармаколошката медицина и потребата за повторно воведување на природни и растителни терапии;
• новинари кои бараат да се расклопат медиумските монополи;
• еколози кои сакаат да го променат начинот на кој се одгледува и дистрибуира храната;
• лидери кои се реинтегрираат и работат за доброто на своите заедници;
• политичари кои разбираат дека демократскиот систем е киднапиран од “големите пари”;
• активисти кои се залагаат за револуции во нашите системи на вредности; и
• футуристи кои сакаат да го променат системскиот шаблон на нашето општествено здравје и благосостојба.

Има многу добри луѓе кои ја плаќаат цената обидувајќи се повторно да го редефинираат нашето општество во согласност со природните закони на нашиот универзум. Ние треба да бидеме едни од нив, без оглед на кој начин ние лично ќе одлучиме да придонесуваме. За да го направиме тоа, сите ние треба да бидеме супер јасни во себе во што веруваме и што сакаме да смениме. Постојат многу начини да го направиме тоа, а пронаоѓањето на нашите страсти и сили е од клучно значење. Едноставно не е прифатливо повеќе да ги држиме нашите глави во песок; или сме креатура на системот или не сме. Се разбира дека е тешко целосно да се исклучиме од начинот на кој ресурсите течат преку контролираните канали, но сепак тоа не треба да не спречи да зборуваме за тоа, да споделуваме информации преку интернет и на било кој начин да придонесуваме. На крајот на краиштата, ние не треба да ја чекаме зомби апокалипсата, бидејќи таа е веќе пристигната. Повеќето луѓе се добри луѓе, но сепак масите размислуваат со испрани мозоци на начини кои апсолутно никаде не се совпаѓаат со вистината. Тие месечарат во време кога се гради точката на превртување во свесно општество, но тоа не значи дека тие не можат да се спасат.

best-friends-1

Затоа сите имаме одговорност да помогнеме да се олесни будењето на колективот за да навистина конечно ја донесеме иднината на правдата и честа на која сите ние ќе сме горди. Не бидете фрустрирани, не бидите груби, не омаловажувајте, не осудувајте, сите ние мораме да се разбудиме во една фаза. Наместо тоа, бидете смирени, ладни, бидете вистинити, бидете артикулативни и запознајте ги информациите и гледиштата кои ги застапувате. Ако сакаме да бидеме успешни во помагањето на другите да се соочат со заблудите, тогаш треба да се осигураме дека нивните одбранбени механизми не се подигнати, што значи дека поверојатно е дека ќе бидат отворени и приемчиви да ја прифатат вистината. Бидете трпеливи, има уште долг и мачен пат за одење, но знајте дека секој напор во секоја секунда ќе биде вреден.

Човечноста раѓа човечност, а нечовечноста нечовечност.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s