Замолчени

society-2

Прво, се будиш свесен за сопственото угнетување,
за начините на кои си бил замолчен,
за приказните што ги носиш во себе за тоа зошто
твоите зборови вредат помалку од зборовите на оние кои
најмногу имаат корист од твојата приказна.

Се будиш свесен за вистината дека
твоето мислење за себе не било изградено само од тебе.
Тоа било обликувано со цел – да те остави мал и замолчен.

Тогаш се будиш свесен за твојот гнев,
за жестоката решеност да не се покоруваш,
да не ги слушаш приказните,
да не останеш мал.

Но, потоа, некој ден подоцна,
откако си научил да зборуваш,
се случува уште едно будење.
Се будиш свесен за фактот дека
твојата фрустрација те научила да се прилагодиш наместо да се кренеш нагоре.
Ти си ја променил формата за да бидеш повеќе како нив,
да работиш во нивните ходници на власта,
да преживуваш во свет кој не сака да го слушне твојот глас.
Си станал еден од нив за да бидеш слушнат од нив.

Тогаш твојот гнев се буди уште еднаш,
овојпат со нова определба.
Овој пат, зборуваш со твојот вистински глас,
без разлика дали се слуша или не.
Започнуваш да живееш во центарот на твојот вистински живот
без разлика дали тоа е прифатливо за нив или не е.
Ризикуваш негирање и презир
затоа што веќе одбиваш да се вратиш на спиење.

Но, потоа, некој ден подоцна,
сфаќаш дека уште нешто друго се случува,
и дека тоа ќе бара уште едно будење.
Ова ќе бара да погледнеш со јасни очи
и да зборуваш со уште појасен глас.

Почнуваш да се будиш свесен за приказните на другите луѓе,
за нивното угнетување и нивната замолченост.
Започнуваш да гледаш како оние чија кожа, пол и љубов се разликуваат од твојата, се будат исто така,
а нивното будење прави да се чувствуваш непријатно.

Нивното будење
бара од тебе да погледнеш уште појасно и поладнокрвно
во твојот сопствен живот.
Потоа почнуваш да се будиш свесен за сопствените привилегии
и за начините на кои си имал корист од нивното угнетување.
Почнуваш да се будиш свесен за болката во нив.
Започнуваш да ги слушаш криците на замолчените,
” И ние сакаме да бидеме слушнати !”

Ова будење е најтешко,
сакаш да го игнорираш,
да му се спротивставиш, да го негираш она што го гледаш.
Сакаш да се вратиш во сопствената приказна,
во сопственото востание,
затоа што единствено таму можеш да се чувствуваш ослободен и победнички.
Таму, не мора да се соочиш со вистината
дека можеби ти, дури и ти, ги држиш клучевите
од некој друг синџир.

Конечно, повеќе неможеш да го негираш тоа.
Твоите разбудени очи гледаат дека ти си навистина и единствено слободен,
ако и тие се слободни.

И така се будиш,
и се соочуваш со тешката вистина.
Ја чувствуваш болката
кога твојата микро-агресија
и кревкост се изложени,
и тогаш ја правиш најтешката работа.

Непоколебливо се гледаш самиот себеси, ги гледаш сенките и светлината,
и просторот помеѓу нив.
И кога си буден, тогаш повеќе неможеш да го тргнеш погледот, започнуваш да гледаш се.

Конечно гледаш
дека кога навистина си буден,
и навистина искрен за твоето место во светот,
повеќе не е опасно да застанеш до оние
кои исто така се будат.

Твојот гнев повторно гори.
Твојата жестока определеност уште еднаш се крева.
Овој пат, твојата љубов е доволно голема
за да ја издржи нивната болка заедно со твојата.
Овој пат, твојот глас е доволно силен
за да ја зборува нивната вистина заедно со својата.
Овој пат, твојата храброст е доволно длабока
за да им дозволи да зборуваат вистина која што е
различна од твојата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s