Нема од што да се плашиме – премин од страв кон љубов

Стравот неконтролирано го води нашиот свет, не заслепува и не спречува во создавањето на подобар свет. Сите ние можеме да ги надминеме нашите стравови прифаќајќи неколку повисоки вистини и зголемувајќи ја нашата свест и свесност  за неколку битни моменти.

Love-vs.-Fear-1

Свет на стравот

Во нашиот свет доминира стравот. Страв од тероризам, страв од стареење, страв од смрт, страв од рак, страв од што и да е. Мејнстрим медиумите нè бомбардираат со лоши вести, а комерцијалниот интерес и профит ја користат нашата несигурност и страв за продажба на нивните производи.

Нашите стравови се рефлектираат во војните кои ги водиме, војна против тероризмот, војна против дрогата, итн. Нашите стравови се рефлектираат и во нашата фантазија – зомби апокалипса, инвазија на вонземјани, крај на светот, добро наспроти зло. Нашите стравови се манифестираат во сите аспекти од нашиот живот и во светот што го создаваме.

Многумина од нас дозволуваат болните и тешки искуства од нашето минато да доминираат во нашето размислување и акции во сегашноста. Живееме во страв од повторното доживување на траумите од минатото и стануваме одбранбени и реактивни наместо отворени, присутни и смирени.

Можеби нашите најдлабоки стравови се затоа што “немаме доволно” или “не сме доволно”, затоа што не можеме физички да обезбедиме за себеси, затоа што не сме доволно добри, достојни или заслужни. Стравовите што се родени од илузиите на ограничувањата ја поттикнуваат и креираат нашата реалност.

Се изгубивме во ова царство на поделба и двојност и почнавме длабоко да веруваме во ограничувањата и поделбите како апсолути на постоењето. Го изгубивме допирот со нашето повисоко јас кое пак не знае за ограничувања и за двоење од самото и од сите.

Заслепени од страв

Стравот не е нужно лоша работа. Стравот е карактеристика на егото и одредена доза е потребна за да се заштитиме себеси како физички суштества. Но денес стравот е претеран и е надвор од заштитните инстинкти, станувајќи начин на живот, постојано искуство и внатрешен водечки глас.

Стравот треба да нè поттикне да бидеме свесни и внимателни за било какви опасности околу нас, но денес стравот не поттикнува и охрабрува да бидеме несвесни и изолирани од нашиот внатрешен водечки глас и повисокото себе.

Постојат луѓе на нашиот свет кои го користат стравот како средство за да не онеспособат и раздвојат, да не одвлечат од нашата внатрешна вистина и повисоко јас. Овие луѓе сфаќаат дека стравот е моќна алатка што може да ја користат за да ги контролираат другите, да ги постигнат своите агенди и да си дадат себеси лажно чувство на моќ и важност. Додека тие создаваат пресметани околности, ситуации и страшни сценарија, сепак можеме да одбереме да бидеме свесни за сопствените емоции и реакции и да не го активираме стравот во нас.

Стравот е моќна емоција која нѐ одвлекува од она што е важно и константно не држи фокусирани токму на она што не го сакаме, наместо да се фокусираме на она што сакаме. Нашите стравови не ограничуваат во можностите и во способноста да создадеме најдобри можни резултати за нашите животи и за светот во кој живееме.

Како што стануваме свесни за вистината на нашето повисоко себе и за пошироката реалност, сфаќаме дека нашите мисли се креативни и дека она што го фокусираме и го привлекуваме. Креативната моќ на мислата во голема мера е определена од нејзиното времетраење, конзистентност и емотивен интензитет.

Стравот е многу силна емоција, а допуштајќи му да си игра во нашата глава тој не прави моќен манифест на она што не го сакаме. Тоа е причината зошто луѓето кои го совладале својот ум никогаш не се задржуваат на своите стравови. И токму затоа, оние што се обидуваат да се зајакнат себеси преку контролирање на другите секогаш се обидуваат да ги охрабрат нашите стравови.

Надминување на нашите стравови

Се случува голема промена во свеста на човештвото и многу од нас почнуваат да ги надминуваат своите стравови; преминувајќи од страво-центрични одговори на умот и егото кон сочувствителни одговори на срцето; преминувајќи од страв и осуда на прошка и љубов. Сепак, многумина се уште се фатени во нивните лични драми, како и во колективната планетарна драма. Војни и тероризам насекаде, глад и сиромаштија, катастрофи од сите видови … Се чини дека има многу за што да сме загрижени.

Како што се будиме и стануваме свесни за пошироката стварност и повисокото битие во нас, стануваме сè помалку и помалку приврзани за целата драма во светот. Почнуваме да го гледаме тоа што навистина е, голема илузија; игра која ние свесно ја играме.

Целосното прифаќање на неколку вистини за пошироката реалност може да ни даде длабока и поинаква перспектива на тешкотиите на животот и да не ослободи од тиранијата на нашите стравови.

Вистинското “ЈАС” живее засекогаш

Постоењето не завршува кога телото умира, бидејќи вистинското “ЈАС” не е тело, вистинското “ЈАС” е вечно нематеријално битие, нишка на универзалната и изворна свест. Вистинското “ЈАС’ е поврзано со телото како средство за физичко искуство во материјалниот свет. Кога телото ќе умре, свеста продолжува да живее бесконечно.

“Во последните неколку моменти пред физичката смрт, како што умирате, се чувствувате себеси како свест без форма. Одеднаш, нема повеќе страв, само мир и знаење дека “сè е добро” и дека смртта е само форма која се раствора. Смртта се препознава како крајна илузија – илузорна како формата со која сте се идентификувале како самите себе.” – Екхарт Толе, “Тишината зборува”

Нашата душа е нефизичко битие – чиста енергија, чиста свест. Не и е потребна храна, нема потреба од засолниште и нема потреба од работа или пари. Нејзиното постоење не зависи од ниедна од овие работи.

Таа е нишка на универзална свест и таа не може да биде оштетена од ништо. Телото може да биде повредено, но не и свеста која го движи. Без разлика што и да се случува, таа останува неповредена. Додека секое искуство остава впечаток на свеста, ништо не може постојано да и наштети на душата, на нашата вистинска природа како нефизичко суштество, чиста свест.

Душата постои во повисоките рамнини на постоење кои се исполнети со љубов и блаженство. Љубовта и поддршката се даваат и се добиваат безусловно. Вистинското “ЈАС” е секогаш сакано.

Менување од страв во љубов

Замислете ако вашиот одговор на сè во вашата реалност и вашиот свет, без разлика дали тоа е голема катастрофа или болно искуство, е сочувство за себе и за секого. Замислете ако секое искуство во вашето минато, кое ве охрабрувало да реагирате во страв, е променето и избришано и заменето со одговор на сочувство. Како би било тоа? Која перцепција би ја имале за светот и дали стравот воопшто би постојал? Со историја на сочувствителни одговори, како би реагирале или би се чувствувале за вашата актуелна реалност исполнета со страв? Запомнете дека отпорот, фрустрациите, вознемиреноста, стресот и загриженост се исто така елементи на стравот.

Постојат многу ужасни околности каде што можеби изгледа дека е соодветно да се реагира со страв, лутина и огорченост. Но, замислете да се реагира со сочувство. Тоа ќе овозможи љубовта да тече низ вас. Вежбањето сочувство овозможува секоја ситуација да се осветлува со светлина, љубов и мир за себе и за целото човештво. Замислете ако секоој човек избира да реагира со сочувство – стравот ќе исчезне и љубезноста ќе цвета на негово место. Од љубезноста се раѓа љубовта, безусловната љубов кон изворот која може да биде широко и слободно споделена бидејќи нејзиното снабдување е неограничено.

Преместувањето на реакциите на страв кон сочувство и љубов бараат внимателност по неколку точки:

Стравот е илузорен
Набљудувањето и свесноста за стравовите е најмоќната алатка за ослободување на навиката на страв бидејќи промените се возможни само преку свесност. Со одвојување од стравот, можете да размислувате и да чувствувате со поголема јасност и да манифестирате со поголема моќ.

Простување
Кога сте свесни дека сте реагирале и сте одговориле со страв, простите си, знајте дека стравот е условена навика; ќе биде потребно време и посветеност да да ја надминете. Со свесност можете да ги надминете вашите автоматски реакции на страв. Одговорете со простување секогаш кога ќе почувствувате реакција на страв, отворете го патот на повисоките енергии, мисловни процеси и емоции на сочувство. Со простување, го охрабрувате одвојувањето од стравот и свесно избирате да манифестирате љубов, без разлика што се случува и со какви предизвици се соочувате.

Сочувство
Постојат многу случувања во нашиот свет токму сега, кои предизвикуваат терор, болка и страдање за оние кои се вклучени, како и за оние што се сведоци. Многу од овие трагедии се манифестираат поради силните ега и недостатокот на сочувство на поединците кои се вклучени и нивната неспособност да ја почувствуваат љубовта и водството на нивното повисоко јас. Ова ги тера да им нанесуваат болка на другите.

Кога ги гледаме овие ужасни случувања, препознаваме дека ваквите околности дејствуваат како катализатор за позитивна промени во многу луѓе. Додека сме сведоци и сме свесни за болката и страдањето на животот во целиот свет, сочувството се активира кај многу луѓе. Ова активирање на сочувство го отвора патот до протокот на лековитата енергија од длабочините на душата и универзумот, зголемувајќи ја енергетската фреквенција на нашиот свет и целото човештво. Оваа зголемена енергија предизвикува многу повеќе луѓе да се разбудат и да станат свесни за вистината на пошироката стварност и нивните повисоки битија.

Колку повеќе и почесто реагираме на ситуациите со прошка, сочувство и љубов, толку повеќе и подлабоко чувствуваме мирна енергија во себе и во другите. Колку повеќе го споделуваме сочувството со себе и со другите, толку повеќе со нашите мисли и емоции креираме нов модел на реалност – нова реалност која се карактеризира со соработка, хармонија, мир и просперитет за секое живо битие на планетата Земја.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s