Променете ја вашата “внатрешна приказна”

Во твојата глава има две приказни. Една е за твојот живот, а другата го контролира твојот живот – таа приказна е твојата “внатрешна приказна”. Таа е создадена во твојот ум и контролира сè што мислиш, чувствуваш и работиш. – Д-р Тим О’Брајан

HowToShiftYourInnerStory

Почитуван 1 од 7+ милијарди луѓе,

Замисли ако, од првиот ден, твоите родители и наставници те напојувале со порака дека твоја најсвета задача во животот е да го откриеш она што е најважно за тебе – за тебе како индивидуа, и дека твоја цел е да создадеш вредност од тоа.

… и, не само за твое лично и сопствено задоволство туку, како член на твоето човечко семејство, тоа е и твоја улога во целината.

Замисли ако, на секој твој чекор, те следела пораката:
Твојот живот е вреден, талкај, прашувај се. Твојата љубопитност ќе ги извлече твоите најголеми капацитети, твојата највисока интелигенција и креативност. Тоа ќе ти овозможи да му го дадеш на светот нештото кое му е потребно и кое му недостасува.

Како и колку оваа порака го менува начинот на кој донесуваш одлуки? Како твојот животот може да биде поинаков?

Понатаму, замисли дека живееш во свет во кој секое човечко суштество од првиот ден ја носи истата оваа основна порака или дефинирачки мит.

И тие, исто така, сфаќаат дека се единствени и дека се вредни ноти во колективниот хор на универзумот. Тие исто така сфаќаат дека нивна работа е да го пронајдат она нешто за кое што со љубов ќе се грижат, секој во својот мал агол од глобалната мрежа.

ONE-1

Ти си  единствена и вредна нота во колективниот хор на универзумот

Како би можел да изгледа нашиот свет?
Зошто не е така?
Кои се денешните пораки?

Наследници на безнадежниот сон

Никогаш неможеш да ги смениш работите борејќи се против постоечката реалност. За да промениш нешто, изгради нов модел кој го прави постоечкиот модел застарен. – Р.Бекминстер Фулер

Твојот идентитет на најдлабоко ниво; како се перцепираш себеси во твојот универзум, зависи единствено од тебе.

И, додека може да се најдат неколку места на планетата, сепак повеќето човечки култури во овој ден и старост го прифаќаат и се придржуваат на колективниот мит. Овие културни митови тивко не обликуваат како да гледаме на себеси и на нашата цел во животот. Тие одлучуваат како се поврзуваме еден со друг, она што го цениме и како донесуваме одлуки. Тие несвесно влијаат врз нашето искуство во животот. Нашата актуелна идеологија е онаа која фундаментално го поткопува нашето чувство за сигурност и безбедност.

За да излеземе од нашиот сегашен безнадежен сон мораме да ја смениме нашата перцепција за самите себе во самиот корен и да се редефинираме кои сме всушност ние и кое е нашето место и улога во нашиот универзум. 

ONE-12

Нашата актуелна идеологија фундаментално го поткопува нашето чувство за сигурност и безбедност

За да го сториме тоа, треба да станеме свесни за тековните дефинирачки митови кои ја обојуваат нашата перцепција, влијаат врз нашето однесување и донесување одлуки.

Четирите главни станари на нашиот безнадежен сон:

  1. Поделеност

Причината зошто светот нема единство и лежи скршен и во купишта е бидејќи човекот е разединет со самиот себе. – Ралф Валдо Емерсон

Нашата модерна светска космологија го нагласува митот за поделеност. Ние сме условени да бидеме разделени од сопствената природа, еден од друг, и од природниот свет околу нас.

Ние прецизно сме класифицирани на четири групи со 30 подгрупи, потоа поделени по националност, политичко и религиозно верување, пол и слично, кога всушност сите ние имаме 99,99+ % ист генетски материјал со сите други човечки суштества.

Под оваа преокупација со нашите разлики е скриена доктрина које е креирана единствено преку стравот дека успехот и благосостојбата на едниот го намалуваат и одземаат успехот и благосостојбата на другиот.

За да создадеме одржлива планета, мораме да преминеме од светот на “ти или јас” во светот на “ти и јас” – Р. Букминстер Фулер

Во светот на “ти или јас”, мораме да потрошиме голема доза од нашата животна сила во натпревар на еден со друг со цел да ја осигуриме нашата лична безбедност и иднина. Оваа доктина на страв не прави способни за убивање и поробување на нашиот сопствен вид.

Ние сме учени да ја мериме нашата вредност во однос на другите луѓе и општествените стандарди. Ние го цениме престижот над личниот развој.

ONE-2

Мораме да се префрлиме од светот на “ти или јас” во светот на “ти и јас”.

Овој културен мит е показател за болната одвоеност што се чувствува длабоко внатре. Ние сме учени да му дадеме авторитет на она што го мислиме, а да не веруваме во она што го чувствуваме. Живееме според некој друг часовник и играме улоги кои други ни ги диктираат. Самите себеси се принудуваме на работи и начин на живот кои не ги одразуваат нашите уникатни карактеристики. Ја занемаруваме нашата креативност и ги трошиме нашите подароци.

Оваа дисконектираност од нашата вистинска природа не оддалечува од нашата поголема улога и остава катастрофални последици од нашите постапки кои влијаат врз другите луѓе, суштества и планетата во целост – нашето поголемо семејство.

  1. Никогаш не е доволно

Единственото нешто што не спречува од добивањетo на она што го сакаме е приказната што постојано си ја раскажуваме. – Тони Робинс

Нашиот безнадежен сон не условува да веруваме во постојан недостиг. Нема доволно ресурси, барем не за сите нас. Животот се сведува на “јас или ти”, или “моите или твоите луѓе”.

Овој мит ни кажува дека ние, како поединци, исто така фундаментално сме несоодветни. Како резултат на тоа, секогаш ни треба повеќе; повеќе време, повеќе пари и повеќе производи за да не направат подобри луѓе. Во култура на постојан недостиг опстанокот станува примарна цел и уште една причина која не одвраќа од она што е најбитно за нас.

one-13

Секогаш ни треба повеќе и повеќе; повеќе време, повеќе пари, повеќе производи за да не направат подобри луѓе

Догмата на недостиг ја подгорува и храни нашата алчност, предизвикувајќи да земаме премногу, да грабаме, да собираме, да се прејадуваме, да користиме прекумерно, да ги уништувамеме ресурсите и да манипулираме со другите, а притоа внимавајќи некој да не ни го земе нашиот удел. Поклонувајќи се на безмилосната економија која го одредува нашиот пристап до посакуваното изобилство, завршуваме обожавајќи и величејќи ствари и производи.

  1. Не можам

Прави најдобро што можеш додека не знаеш подобро. Потоа, кога знаеш подобро, направи уште подобро. – Маја Ангелоу

Нашиот безнадежен сон го намалува нашиот внатрешен авторитет и нашиот вроден капацитет сами да ја создаваме нашата реалност. Збунети околу тоа кој е навистина одговорен за нашите животи, се бориме да ја поседуваме нашата моќ.

Го наследивме илузорниот сон од нашите претходници кои веруваа дека надворешна сила треба да донесува одлуки место нас и да ја одредува нашата судбина. Остатоци од нашето предавање на надворешен авторитет живејат во рамките на нашата колективна психа. Ние ја преземеме улогата на дете во универзум контролиран од надворешна, груба и репресивна сила. Оваа вградена перспектива нè води да веруваме дека сме немоќни да ги смениме условите во нашиот свет, што е најголема пародија од сите. Отидовме предалеку во прифаќањето дека живееме во свет што многумина од нас воопшто не би го ни одбрале.

one-15

Веруваме дека сме немоќни да ги смениме условите во нашиот свет

Обезвластеноста ни дозволува да не се чувствуваме одговорни за нашите постапки, како да некој друг, некоја непозната родителска сила на власт, ќе дојде и ќе ни го исчисти нередот.

Никој нема да дојде да го исчисти нашиот неред, тоа мора да го направиме самите.

  1. Морам да следам и да се сложувам

Обидот да се живее нечија туѓа дарма носи екстремна духовна опасност. – Кришна

Нашите безнадежни соништа бараат усогласеност и сообразност. Ние сме условени да веруваме дека пронаоѓањето на нашиот пат во овој свет е битка и дека подобро и посигурно е да се сложуваме со масата.

Ние сме управувани кон “безбеден” и “познат” пат, сервирајќи ни се илузија дека усогласеноста и хомогенизацијата ќе ни овозможат да бидеме прифатени и ќе ни донесат сигурност. Секој друг пат, освен овој, е пат на притисок, омаловажување, отфрлање или санкции.

Депресијата за многумина од нас е духовен одговор поради уништениот сонувач, имагинарното битие за кое оваа усогласеност буквално значи смрт – смрт на единствената вистинска цел и мисија.

Сепак, имајте го во предвид ова …

  1. Вие припаѓате

Ако можете да летате, ќе бидете сведоци на вашето несомнено учество во космичката песна. Вие сте константо под влијание и влијаете, неспорно вткаени во екосистемот на постоењето.

ONE-5-1

Депресијата за многумина од нас е духовен одговор поради потиснатиот сонувач

Вашето живеење влијае на средината – почвата, протокот на реките, чистотата на океаните и квалитетот на воздухот.

Летајќи погоре, ќе видите како вашите идеи и емоции брзо одекнуваат низ човечкото коло. Ќе бидете сведоци колку акти на суровост се спречуваат со едно ваше мало свесно одбивање да го пренесете страдањето. Свесни за бранот на колективен страв и болка, искуството на поделби ќе биде препознаено за она што навистина е, една голема и претерана илузија.

  1. Вие имате сè што ви треба

Во следните 30 години можеме да го уништиме нашиот свет. Меѓутоа, со истите тие сили – духовни, општествени и научни, ние можеме и да го развиваме нашиот свет.

Нашата мисија е да служиме како катализатори за планетарно будење во нашиот животен век, да тргнеме по ненасилен пат кон следната фаза од нашата еволуција. – Барбара Маркс Хабард

Живееме на планета полна со изобилства, рај во кој лекот континуирано расте заедно со болеста и во кој проблемите коегзистираат со решенијата. Имаме капацитет да поттикнеме извонреден соживот со нашите природни ресурси. Имаме доволно знаење да ги решиме проблемите со дистрибуција на ресурсите, да одгледуваме храна во многу различни услови, да ги исчистиме нашите води и да го вратиме здравјето на луѓето и планетата.

ONE-4-1

Имаме капацитет да поттикнеме извонреден соживот со нашите природни ресурси

Ние исто така во нас поседуваме се што потребно да ја рашириме нашата лична мисија и да го испорачаме нашиот највреден придонес.

Кога ќе го смениме основниот сон, кога успешно ќе ги отстраниме заслепувачите на старото космолошко уредување, тогаш ќе можеме да ја примениме нашата колективна интелигенција на најпросветлен начин. Нашите животи повторно ќе ни зборуваат со јасност и без манипулација на стравот од безнадежниот сон.

  1. Вие можете

Јас сама не можам да го сменам светот, но можам да фрлам камен низ водате за да создадам многу бранувања. – Мајка Тереза

Во секое човечко суштество престојува уметник. Нашите животи се глина. Секоја личност е креатор по својата најосновна природа. Вие сте родени во овој свет во состојба на чудо, спремни веднаш да допрете, да комуницирате и да влијаете. На светот му недостасува тоа нешто што вие сакате да го донесете, а вие пак сте родени и опремени да го дадете. Кога ја живете својата дарма; кога одите со свој интегритет, луѓето тоа го чувствуваат и се привлечени од вас.

ONE-14

Вие сте родени во овој свет спремни веднаш да допрете, да комуницирате и да влијаете

Поставувајќи го курсот на вашиот уникатен живот, пред вас имате нецелосна слика која го чека вашиот следен потег со уметничката четка. Имате авторитет, вие сте наменети да преземате ризици, да пробувате различни работи, да се сплеткате, да паднете, да толерирате, да се чувствувате изгубени, да се сомневате во вашиот здрав разум.

  1. Вие избирате

Самите ги одредуваме нашите ставови, нашите верувања, нашите постапки. Избираме да создаваме или да уништуваме. Константно сме условувани да веруваме дека за да бидеме вредни личности мораме да избереме врз основа на она што е општествено прифатливо. Ние сме наменети да го избереме нашиот пат врз основа на она што е најмногу важно за нас.

Кога ќе избереш врз основа на она што го сакаш, од свој авторитет, многу е поголема веројатноста да продуцираш вистинска вредност.

ONE-17

Ние треба да го избереме нашиот пат врз основа на она што најмногу ни е важно

Кога ќе одлучите да се обидете да ги задоволите другите или да постигнете сигурност, поверојатно е дека ќе доживеете исцрпување, незадоволство и конфузија. Вие го ширите страдањето.

Она што најмногу ви е важно, навистина значи

Дали сте размислувале за она што е најважно за вас? Кога гледате во светот, што најмногу ви го привлекува вниманието? Каде сте интуитивно или магнетно привлечени?

Забележете ги интеракциите, луѓето, местата и активностите што ве осветлуваат, што ви даваат енергија, наместо да ве исцрпуваат.

Што го стимулира вашиот интелект? Што ви предизвикува чувство на леснотија и врска?

ONE-9

Верувајте им на  пораките што доаѓаат од интелигенцијата на вашето битие

Променете ја вашата внатрешна приказна

Ако не сте сигурни, не сте сами. Знајте дека возбудлива авантура е пред вас.

Еволуирајте своја приказна: Оспорувајте ги основните митови. Започнете да се гледате себеси и другите во ново светло. Приказната е важна. Потсетете се пред да одите во кревет и кога ќе се разбудите: Вие сте безбедни, припаѓате, вие сте неразделно поврзани со поголема мрежа и вие сте дел од поголема приказна. Репрограмирајте се самите. Кажете си го тоа наглас,  впрочем, вие сте свој најдобар хипнотизер.

Водете со своето срце: Истражувањата покажале дека енергетското поле на срцето е далеку поголемо од она на мозокот и дека 90% од комуникацијата е иницирана од срцето кон мозокот. Кога нашата варијабилност на срцевиот ритам (HRV) е кохерентна, нашето кортикално функционирање е на највисоко ниво. Ова ни дава пристап до нашата највисока интелигенција и интуиција, нашата најголема креативност и издржливост.

Почнете да ги забележувате позитивните ефекти од вашата физиологија: Кога живеете во согласност со оваа нова емотивна приказна и донесувате одлуки врз основа на своето срце, дали имате повеќе или помалку енергија? Дали се чувствувате помалку или повеќе поврзани? Важно е да го регистрирате и да го забележите ова.

Како што ја менувате вашата внатрешна приказна и имате поголема доверба во пораките што доаѓаат од интелигенцијата на вашето внатрешно битие, најверојатно ќе се чувствувате побезбедно, помирно, појасно и повеќе усогласено со вашата вистинска природа.

Вие природно ќе го промените начинот како живеете, се движите секој ден и како донесувате одлуки.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s