Подготвени за нов начин на размислување?

“За да може човештвото да преживее ќе му биде потребен тотално нов и различен начин на размислување “. ~ Алберт Ајнштајн

van-gogh-2

Ако ги вклучите вестите, може да забележите дека човечкиот вид постојано е во криза. Сиромаштијата, расизмот, политичките поделби, еколошкото уништување, социјалната нестабилност и другите навидум “нерешливи” проблеми се чини дека се влошуваат. А сепак, кога одите во шума или гледате ноќе во небото, постои чувство дека живеете во Универзум со голема рамнотежа, мистерија и убавина.

Мудрите меѓу нашиот вид постојано нудеа многу едноставни решенија за тешкотиите на човештвото. Волт Витман и Ван Гог беа оптоварени со убавината што нè опкружува и се обидоа да го споделат тоа во својата поезија и слики. Далај Лама честопати знае да рече дека ние само треба да дадеме приоритет на мирот, благодарноста, љубовта и мудроста. Дека проблемите на човечкото семејство се предизвикани од затворени срца и умови и истите ќе бидат решени како што се повеќе и повеќе ќе ги отвориме. Дали може да биде толку едноставно?

“Ако има љубов, постои надеж дека ќе има вистински семејства, вистинско братство, вистинска смиреност, вистински мир. Ако љубовта во вашиот ум е изгубена, ако продолжите да ги гледате другите суштества како непријатели, тогаш без разлика колку знаење или образование имате, без разлика колку материјален напредок сте направиле, ќе не очекуваат само страдање и конфузија. “~ Далај Лама

Советите на Далај Лама се совпаѓаат со она што Исус го подучуваше и со она што Чарли Чаплин го зборуваше (видете го видеото подолу). Во тоа време, Чаплин и Ајнштајн ја истакнаа потребата за повеќе сочувство, имагинација, визија и љубезност, а помалку акцент на технологијата и материјализмот.

Тие веруваа дека проблемите на човештвото произлегуваат од недостатокот на љубов, вкоренети во кризата на слободно размислување, доминантниот поглед на светот на воинствените цивилизации кои промовираат страв, агресија и нагласување на проблемите, наместо благодарност, љубов и посветување на внимание за изнаоѓање на креативни решенија.

Тажната вистина е дека модерниот човек го гледа светот на едноставен начин, исто како што нашите предци го гледале пред 2000 години. Нашите секуларни институции (медиуми, влада, образование) нè тренираат да ја категоризираме и разделиме реалноста, да се фокусираме на разликите, а не на конекциите и меѓусебната поврзаност. Не тренираат животот да го сметаме за борба, идентификувајќи се себеси и другите по раса, религија, националност, политичка припадност, пол, ниво на образование или професија. Ние го раздвојуваме светот во нашите умови и се поставуваме во постојана меѓусобна борба.

Таквото размислување ја потхранува поларизацијата, лутината и конфликтот. Овие различности и споредби нè водат до “нас” наспроти “нив” говор на омраза, национализам, расизам, елитизам и политика на идентитет. Ова го храни вечниот менталитет на воините, политичкиот конфликт, милитаризмот, чувството за конкуренција, стравот и поделбата.

trump-clinton-angry

За да станеме помудри како вид, Ајнштајн верувал дека треба да развиеме пошироко и подлабоко чувство за идентитет, оној што се фокусира на нашиот однос со Универзумот и еден спрема друг, а не на културните разлики. Тој нѐ охрабруваше да ги надминеме нашите човечки идентификации (раса, политика, пол, националност, религија), фокусирајќи се на нашата поврзаност со Космосот и Планетата. Разбирајќи се себеси како жители на Земјата, деца на Природата и Универзумот, нè упатуваше во вистинската насока. Тој рече:

“Човечкото битие е дел од целината наречена универзум, делумно ограничен во времето и просторот. Тој се доживува себеси, неговите мисли и чувства како нешто одвоено од останатите, еден вид на оптичка заблуда на неговата свест. Оваа заблуда е еден вид затвор за нас, ограничувајќи нѐ на нашите лични желби и љубов кон неколкуте најблиски до нас. Нашата задача мора да биде да се ослободиме од овој затвор преку проширување на кругот на сочувство опфаќајки ги сите живи суштества и природата со целата нејзина убавина “.

Она што недостасува кај “мејнстрим” свестa е чувството за себе како членови на човечкото семејство, Универзумот и Земјината заедница. Ние тежнееме да то игнорираме тоа дека нашите клетки и тела се дел од креативната историја на еволуцијата, дека нашите атоми се дел од историјата на Космосот.

cool-einstein-2222

Мирот и благодарноста природно се појавуваат во нашите срца кога се рефлектираме како дел од една многу поголема целина. Таквата свест доживеа револуција за човештвото во текот на 1960-тите години и ние треба повторно да се кренеме. Како што Алан Вотс изјави:

“Ако се гледате на правилен начин, сите вие сте извонредни феномени на природата како дрвјата, облаците, течението на реките, треперењето на огнот, распоредот на ѕвездите и формата на галаксиите. Сите сте тоа. “

Она во што веруваа Ајнштајн, Вотс, Ганди, Мартин Лутер Кинг, Далај Лама и многу други е дека нашиот вид има потенцијал да стене помудар, покреативен и да сака како вид. Ние само треба да бидеме свесни за нашата врска со остатокот од човештвото, со Природата и Космосот. Треба да бидеме повеќе вкоренети во спиритуелен и духовен поглед, а помалку во материјалистички. Повеќето современи луѓе се толку преокупирани со економскиот статус, општествената позиција и културните идентитети што го игнорираат Универзумот кој ги создал, системите на Природата на кои им припаѓаат и кои ги одржуваат нивните животи. Поради тоа ние се занимаваме со ситни човечки драми, милитаризам, национализам, економија и глобални политички игри.

Нашиот вид треба да разбере дека ние сме жив дел од Природата, за да не паднеме во заблудените модели на размислување и емоционалните драми што самите си ги создаваме. Треба да видиме како нашите погледи на поделба во светот создаваат конфликти (внатрешни и надворешни), ограничувајќи ја нашата способност да соработуваме со оние кои размислуваат поинаку од нас, сузбивајќи го нашиот потенцијал за подлабок мир, рамнотежа, мудрост, сочувство и радост.

10408066_849888291705531_6250928082129244220_n

Духовните традиции (заедно со унифицирана визија за науката) може да ни помогнат и да нѐ потсетат дека припаѓаме на поголемата заедница на животот. Дека живееме во креативна Вселена и припаѓаме на природниот свет.

“Кој би негирал дека кога пијам чај, не го голтам целиот универзум и дека токму тој момент од подигнувањето и ставањето на филџанот на моите усни не е вечноста што ја надминува времето и просторот?” – Д.Т. Сузуки

Сето ова е присутно и во мистичните традиции на јудаизмот, христијанството, зенот и исламот. Многу домородни култури секојдневно се идентификуваат со Изворот на животот, со Природата и заедницата на Земјата. Оваа идентификација е важна, разбирањето на поголема целина (и чувство на благодарност во нивните срца) ја води заедницата до решавање на проблемите и правилно одлучување и расудување. Домородните култури имаат практики за да им помогнат да останат свесни за нивниот идентитет на Земјата и одговорноста за планетата и нареднте човечки генерации. Поради ова, овие домородни култури многу повеќе живееле во рамнотежа и хармонија со Земјата.

care-earth

Може ли “цивилизираните луѓе” да станат поумни и посвесни за поврзаностa со Земјата, повеќе сочувствителни кон другите суштества и луѓето кои ги опкружуваат?

Мораме, бидејќи Земјата навистина е во криза. Борбата на Индијанците кои се обидуваат да го запрат нафтоводот, укажува на предизвикот со кој се соочуваме како вид. Треба да се здружиме и да ги предизвикаме оние што сеуште  размислуваат преку страв, материјализам и алчност. Ќе бидеме поуспешни ако нашите напори се засноваат на поинаков начин на размислување, водени од мудрост, благодарност, сочувство и љубов.

Ако не научиме да живееме во хармонија со Природата и да бидеме дарежливи еден со друг, сите идни генерации ќе страдаат. Иднината ќе биде дистописка, насилна, полна со сиромаштија и тажна, како што и денес се многу места на Планетата. Треба да разбереме како културните гледишта и научни парадигми влијаат врз нашите светски погледи. Како верувањата го обликуваат нашето размислување, како мислите влијаат на чувствата, колку емоциите ги регулираат нашите постапки, начинот на кој ги гледаме проблемите и го доживуваме нашиот живот. Додека ние стануваме поумни и научиме да сакаме подлабоко, човечката заедница ќе биде во подобра позиција да ги реши проблемите, кои од ден за ден се повеќе растат. Свесноста за тоа колку е ретка и убава нашата планета и колку се скапоцени нашите животи, може да ги отвори нашите срца, да не наполни со благодарност, да ја разбуди нашата креативност, да нè води до нови начини на размислување и похумани начини на постоење.

“Атомите што ги конструираат молекулите кои го сочинуваат вашето тело можат да се следат се до центрите на масивните ѕвезди кои експлодирале во галаксијата, збогатувајќи ги чистите гасни облаци со хемијата на животот. Така, сите ние сме биолошки поврзани, со земјата хемиски, а со остатокот од универзумот атомски. Тоа не значи дека ние сме подобри од универзумот, ние сме дел од универзумот. Ние сме во универзумот и универзумот е во нас “. – Нил де Грас Тајсон

269300_562726620421701_867955891_n

Во текот на последните сто години, западните научници ни дале подлабоко гледиште за Универзумот, Животот и Природата како креативен и унифициран процес на самоорганизирање. За жал, повеќето современи општества сеуште работат со застарени идеи и претпоставки кои не ја одразуваат оваа нова парадигма. Алберт Ајнштајн го сфатил ова како и многу други.

За да преживееме како вид, од суштинско значење е да ги смениме парадигмите, да развиваме начини на размислување и однесување кои се повеќе усогласени со начинот на кој функционираат системите на Природата човечкиот живот.

screen-shot-2016-12-26-at-2-36-56-pm

 “Она што ни е потребно за да го трасираме нашиот општествен пат е еден вид на еволутивен компас. Компас кој ќе ги насочува нашите напори да се усогласат со општите еволутивни процеси од кои сме сите дел… Затоа, наместо да бараме да доминираме на планетата, потрагата треба да прерасне во една динамична хармонизација на еволутивната консонанца… Тогаш, еволутивниот компас ќе биде тој што ќе го насочи нашиот пат кон синтониските патеки на идното создавање”.~Александар Лазло

“Вие не сте ВО универзумот, вие СТЕ универзумот, суштински дел од него. На крајот, вие не сте личност, туку фокусна точка каде што универзумот станува свесност. Какво неверојатно  чудо. “~ Екхарт Толе

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s