Тркало на заборавот

Пред крај сме на уште еден бесцелен циклус, нималку различен од претходните. Последниот ден од циклусот е кулминацијата на човечката свест и интелигенција. Тоа е ден како ниеден друг, ден кога хуманоста, скромноста и сочувството се најизразени, ден кога луѓето најмногу се почитуваат, им помагаат на беспомошните, се грижат за животната средина и за целиот жив свет. Ден кога нема гладни и боси, ден кога нема убиства и страдања….ден кој треба да биде како и сите други. Дали ја посакувате оваа реалност? Ако ја посакувате, која е тогаш пречката?

A што пак ми е мене гајле за бедата, дај да си славеме и да си уживаме…..ресторани, кафани, музики, петарди и огномети, јадење и пиење до бесвест, да изнакупуваме непотребни работи, да ги наполниме фрижидерите, очите и стомаците… бескрајна среќа и врв на човечкото постоење. Прослави колку сакаш, предновогодишни, новогодишни, после новогодишни, па ќе дојде некој роденден, именден, па идат и други празници, верски, државни, па куќни слави, свадби, крштевки, веридби, се носат поклони, се честита…. кога, повторно дошла нова година. Тогаш, програмата 365 започнува од почеток да ги одбројува деновите до наредниот настан. На славењетo на човечкиот “напредок” и “еволуција” му нема крај.

Infinite-Soul

Луѓето кои слепо го вртат ова тркало се поизморени, а оние кои повеќе неможат да го вртат се заменуваат со нови, надградени и уште подобро програмирани. Па добро, тое е нормално, така треба и така сите прават… гледаш ли на телевизија и на фејсбук како се слави за нова година, за божик, за свети валентин, за велигден, за слава, за празник, кој каде бил, колку гости имал, што правел, каква скапа облека носел, со каква кола дошол, какви поклони добил, како било украсено, каков огномет имало, каква музика имало, кое фото-студио било ангажирано, какво скапо и богато мени на јадење и пиење имало, колку се испијанил и какви се глупости правел, со која или кој бил….

Тркалото секој го врти без притоа да се запраша зошто воопшто го врти и зошто тоа постојани врти во место. Единставно знае дека така треба, дека нема друг начин, така му е убаво, нормално и тоа го прави среќен. Но како знае кога нема пробано и незнае друг начин? Со што споредил за да може да одреди што е поубаво и што го прави посреќен?

Добро е да се спознае и да се испроба секој начин, но до одредена граница, бидејќи без експериментирање и испробување на други начини на вртење на тркалото нема напредок. Без испитување и истражување на најдлабоките точки на умот, телото и свеста нема еволуција. Тркалото ќе остане засекогаш да се врти во место доколку не се изнајде начин да се разбие имагинарната оска која го држи фиксирано. Спрегите се силни, но човечката свест е доволно моќна да ги разбие. Со едно добро проветрување на умот, негово реактивирање и со едно добро прочистување на телото многу работи можат да станат јасни, а линијата на движење на тркалото сама да се исцрта.

Човечкиот живот треба да се одвива во континуитет, минатото да се остави зад себе, слободно да се гази во сегашноста и без страв од иднината. Постојаното циклусно навраќање и бесконечното повторување се кочничари и тие треба да се прекинат. Време е човечкиот род да се оттргне од тркалото на заборавот и храбро да зачекори по патот на континуумот.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s