Month: January 2018

Несоодветно и небрижно образование – фабрики за производство на деца

“Барањето децата да ги исполнат целите на стандардизираните тестови е исто како да бараме од нив да ги исполнат продажните квоти. Нашите деца не се стока. “~ К.Л. Нилсен

10329217_779081555457009_705688265889549922_n

Во многу земји низ светот се води борба помеѓу две многу различни парадигми за едукација на децата. Доминантниот систем е воспоставен пред повеќе од сто години и тој понекогаш се нарекува “фабрички модел”. Во него училиштата се поставени да го администрираат “суштинското знаење” врз групи на деца на иста возраст истовремено. По завршувањето на наставата, децата се тестираат за да се види колку од наставата разбрале и запомнале.

Овој систем е базиран на начинот на кој фабриките и научните експерименти биле дизајнирани на почетокот на минатиот век. Иако овој пристап се чини дека е за пренесување на “знаење” на децата, сепак постои и неискажан “скриен наставен план” што се предава. Како што напишал Џон Тејлор Гато, таквото школување ги учи младите да ја почитуваат власта, да ги следат инструкциите, да се покоруваат, да бидат подготвени да се вклучат во тешки активности кои често изгледаат бесмислени и да прифатат дека општеството е составено од луѓе со различни нивоа на талент и социјален статус.

Во последните децении, истражувањата во образованието и развојот на децата укажуваат дека фабричкиот модел е базиран на неколку погрешни претпоставки. Се претпоставува дека учењето може да се мери со стандардизирани тестови и дека сите деца ќе учат со иста стапка и на ист начин. Ова едноставно не е точно. Фактот дека децата најдобро учат кога нешто е значајно, пријатно и интересно за нив е игнорирано. Важноста на учењето во групи и од малку постари деца исто така не се смета за релевантна.

Како што го опишува Кен Робинсон, индустрискиот модел на образование е форма на социјален инженеринг кој креирал многу проблеми во нашиот свет. Тој не се вклопува во природниот начин на кој децата навистина учат. Не ја наградува креативноста, иновативноста, независноста, сочувството, интуицијата, довербата, соработката и многу други суштински карактерни особини, а наместо тоа поттикнува социјална дисфункција, отуѓување и чувство на личен неуспех и некомпетентност.

На малку субверзивен начин, љубовта кон учењето и природната љубопитност што децата ја донесуваат во овој свет се репрограмира на тој начин тие да се научат да работат напорно за да ги задоволат другите и да прават работи од корисни причини за да добијат награди и повисок статус во средината.

Фабричките училишта се дизајнирани да ги поделат децата во категории на победници и губитници, создавајќи социјална “подкласа” на потенцијално бистри ученици, кои стануваат немотивирани и неквалификувани. Оние со ниски способности, статус и самодоверба неминовно се навлекуваат на штетни активности (банди, криминал, дроги, итн). За да се присилат на почитување и внимание во училиштата, на децата се почесто им се препишуваат “одобрени” лекови, за што идните последици се непознати.

Овој модел на образование, што изгледа како да е излезен од делото на Џорџ Орвел “1984” или од “Храбриот нов свет” на Алдоус Хаксли, е дизајниран за производство на послушни работници на модерната индустриска економија во минатиот век. Наместо за негување на вистинска креативност, независност, вештини и учење, всушност, тој е метод за производство на идни роботски работници.

Интересно, заедно со создавањето на фабричкиот модел, исто така, се развивала и многу различна образовна парадигма. Овој модел на образование е фокусиран на учениците и најчесто е нарекуван модел на мајсторството. Училиштата на Марија Монтесори, тргнувајќи од претпоставката дека децата мора да имаат контрола врз сопственото учење и дека среќата на детето е знак дека образованието е ефективно, биле поставени на овој начин. Возрасните ја обликуваат средината за учење, но на начин кој поттикнува истражување, љубопитност, креативност, автономија и развивање на вештини.

10377455_861154860583011_3247067620367868023_n

Слични пристапи се појавиле во последните децении, докажувајќи се како поуспешни од принципот на фабричките училишта. Кон крајот на 1980-тите, училиштата на проф. Хенк Левин од Стенфорд спровеле ваков модел кој е фокусиран на учениците. Исто така постои проект развиен од Хауард Гарднер на Харвард како и Програма за развој на училиштата на д-р Џејмс Комер од Јеил кои ја докажале својата ефикасност. Овој модел успешно се спроведува во Финска, нација која ја почитуваат едукаторите од целиот свет.

Се поставува прашањето, ако овој модел кој се фокусира на учениците се докажал како толку ефикасен, зошто тогаш “фабричкиот модел” се уште доминира во многу “водечки” земји низ светот? Зошто толку многу бизнис и владини лидери во држави како САД, Јапонија, Велика Британија и Кореја се опседнати со резултатите од тестовите и меѓународните рангирања? Дали не се свесни за општествените последици од овој пристап?

Учениците во Азија поминуваат многу добро на стандардизираните тестови, но по која цена? Во Јужна Кореја има високи стапки на самоубиства, физички болести и депресија поврзани со притисоците од образованието. Во Кина , на некои студенти им се даваат инфузии во училниците за да им помогнат да учат цел ден без да се онесвестат. Во Јапонија учениците се запишуваат на специјални училишта (cram schools) за меморизирање на поголем волумен на информации и “факти”, само за да заборават поголем дел од информациите во рок од една година или побргу. Дури и во “најдобрите” средни училишта во Јапонија од учениците се очекува да ја запомнат англиската граматика и речник, без притоа да им се даде можност да развиваат комуникациски вештини кои ќе им овозможат да го користат наученото. На прашањето зошто училиштата продолжуваат да го учат англискиот јазик на овој начин, одговорот даден од јапонските наставници е секогаш ист: “Нема време да се практикува вистинска комуникација, тие треба да го научат за испит”.

582384_550484314983402_348220024_n

Само-насочување, соработка со другите и уживање во учењето се клучни за образованието. Децата треба да бидат заинтересирани за она што го учат и да имаат многу можности да го практикуваат и применуваат стекнатото знаење со цел подлабоко да го разберат она што го учат и да развијат вистински вештини и компетенции.

Тестовите немаат врска со успехот, љубовта кон учењето и желбата да се совлада нешто ги охрабрува учениците да ги развијат своите вештини.

Истражувачките докази постојат, а успехот се гледа во училиштата на Монтесори, пристапот на Финска, програмите на образовните лидери како Џејмс Комер, Хенк Левин, Хауард Гарднер и други.

Што е тогаш проблемот?

Продолжувањето со принципот на високо-стресно тестирање и социјално дисфункционален пристап на фабричкиот модел е небрижност и несоодветно образование. Додека корпоративните лидери, компаниите за тестирање и владините лидери сакаат да го ажурираат, надградат и одржуваат овој модел, мнозинството родители и наставници знаат подобро.

Со авторитарниот акцент на покорност, конкуренција и тестирање, фабричкиот модел е застарен, недемократски и нечовечки. Движејќи се кон 21-от век, тој е реликвија од нашето минато која треба да се растури и да се пензионира засекогаш.

Кен Робинсон – Револуција во образованието

 

 

Зошто потрошувачите се несвесни за електромагнетното загадување?

Загадување! Трендовски и актуелен, но мрачен збор што означува нешто што повеќето луѓе не го сфаќаат сериозно и не му придаваат големо значење. Малку се оние кои разбираат што го предизвикува, кои се ефектите и како тоа влијае врз самите нив и животната средина.

electro_chem

Луѓето и технологијата, ненамерно или намерно, се примарните придонесувачи кон комплетното загадување. Процесите на производство, добивањето суровини и ресурси (рударство, шумарство, итн.) и технолошкиот “напредок”, заедно со издувните гасови од моторните возила, се неговите главни соработници.

Загадувањето кое е направено од човекот и неговите катастрофални еколошки и негативни здравствени ефекти се нарекува “антропогена активност”, што значи промени направени во природата од страна на луѓето. Попознати се: Земјоделско (почва, вода); Воздушно; Хемиско (опасен отпад), Светлина; Бучава; Радиоактивност; Термaлно.

Сепак, оваа листа на загадување не е целосна! Недостасуваат: Електромагнетните фреквенции(ЕМФ); Микробрановите радиофреквенции(РФ); Не-термичките зрачење и управувањето со соларна радијација (СРМ), попознато како “chem-trails” или временски геоинженеринг.

Само еден од горенаведените четири извори на загадување е видлив за луѓето, доволно е само да ги подигнеме главите од нашите телефони за да видиме што се случува на небото над нашите глави.

chem-image-1

Останатите три се невидливи за голо човечко око, но не и за човечката физиологија и за физологијата на другите живи организми, вклучувајќи го и растителниот свет!

Може ли да го видите ветерот? Не! Она што всушност го гледате се ефектите на ветерот, во повеќето случаи, расфрлано ѓубре, лисја и слично, но навистина не можете да го видите ветерот сам по себе, но, може да го почувствувате. Можете да видите облак од торнадо формиран од ветрот, но ветерот сам по себе не е видлив за голо око. Тоа е аналогијата и со електромагнетната фреквенција, радиофреквенциите и не-термичкото зрачење. Иако, во повеќето случаи, човечкото око не може да ги види електромагнетните фреквенции, тие сигурно постојат и може да се детектираат и измерат со користење на одредена опрема (детектори, емф-метри).

Иако невидливи, нивното присуство во атмосферата е реално, сеприсутно и се дел од морето на електромагнетни фреквенции со кои постојано сме бомбардирани – или, како што некои би рекле, благо сме помилувани со “мал електричен удар”!

Сегашната опсесија со мобилни телефони, паметни телефони и други технологии со микробранови зрачења, како, Wi-Fi опремата, бежичните рутери, компјутерските мрежи, АМИ паметните мерни инструменти, итн., создаваат загадување кое малкумина го знаат, но сите сме под негово негативно влијание. Секој пат кога некој користи мобилен телефон или некој технички производ кој користи микробранови за да работи, се создава електромагнетно фреквентно загадување(РФ) кое предизвикува здравствен проблем наречен елекромагнетна хиперсензитивност (ЕХС).

Електромагнетното зрачење се акумулира во телото се додека не можете да размислувате и функционирате правилно. Според статистичките податоци, 3,2% од жителите на Калифорнија; 9% од Германците; и 5% од швајцарската популација се пожалиле на ЕХС!

Тоа е непознатото несакано дејство на невидливото загадување на микробрановите зрачења и на ЕМФ/РФ, кои најчесто се појавуваат по долга изложеност на мобилен телефон и други електромагнетни фреквенции со години ЕХС синдромот (електросензитивност) е светски признаен како функционално оштетување и индивидуална попреченост.

Истражувачите проценуваат дека околу 3% од населението има тешки симптоми на ЕХС, а уште 35% од популацијата има умерени симптоми како што се нарушен имунолошки систем и хронични болести.

Дали зависноста од мобилните телефони и електромагнетната технологија навистина вреди?

Видови на загадување http://greenliving.lovetoknow.com/Types_of_Pollution

Лекарите презентираат докази за влијанието на безжичните зрачења кај децата 3 Мај, 2016 – Балтимор, Мериленд

Колкаво е електромагнетно зрачење на кое сме изложени?

ЕМФ/РФ и Електромагнетна хиперсензитивност, Д-р Вилијам Рае, МД / Центар за здравје на животната средина, 8345 Walnut Hill Ln # 220, Далас, Тексас, Телефон: +1 (214) 368-4132