Соочување

Тркало на заборавот

Пред крај сме на уште еден бесцелен циклус, нималку различен од претходните. Последниот ден од циклусот е кулминацијата на човечката свест и интелигенција. Тоа е ден како ниеден друг, ден кога хуманоста, скромноста и сочувството се најизразени, ден кога луѓето најмногу се почитуваат, им помагаат на беспомошните, се грижат за животната средина и за целиот жив свет. Ден кога нема гладни и боси, ден кога нема убиства и страдања….ден кој треба да биде како и сите други. Дали ја посакувате оваа реалност? Ако ја посакувате, која е тогаш пречката?

A што пак ми е мене гајле за бедата, дај да си славеме и да си уживаме…..ресторани, кафани, музики, петарди и огномети, јадење и пиење до бесвест, да изнакупуваме непотребни работи, да ги наполниме фрижидерите, очите и стомаците… бескрајна среќа и врв на човечкото постоење. Прослави колку сакаш, предновогодишни, новогодишни, после новогодишни, па ќе дојде некој роденден, именден, па идат и други празници, верски, државни, па куќни слави, свадби, крштевки, веридби, се носат поклони, се честита…. кога, повторно дошла нова година. Тогаш, програмата 365 започнува од почеток да ги одбројува деновите до наредниот настан. На славењетo на човечкиот “напредок” и “еволуција” му нема крај.

Infinite-Soul

Луѓето кои слепо го вртат ова тркало се поизморени, а оние кои повеќе неможат да го вртат се заменуваат со нови, надградени и уште подобро програмирани. Па добро, тое е нормално, така треба и така сите прават… гледаш ли на телевизија и на фејсбук како се слави за нова година, за божик, за свети валентин, за велигден, за слава, за празник, кој каде бил, колку гости имал, што правел, каква скапа облека носел, со каква кола дошол, какви поклони добил, како било украсено, каков огномет имало, каква музика имало, кое фото-студио било ангажирано, какво скапо и богато мени на јадење и пиење имало, колку се испијанил и какви се глупости правел, со која или кој бил….

Тркалото секој го врти без притоа да се запраша зошто воопшто го врти и зошто тоа постојани врти во место. Единставно знае дека така треба, дека нема друг начин, така му е убаво, нормално и тоа го прави среќен. Но како знае кога нема пробано и незнае друг начин? Со што споредил за да може да одреди што е поубаво и што го прави посреќен?

Добро е да се спознае и да се испроба секој начин, но до одредена граница, бидејќи без експериментирање и испробување на други начини на вртење на тркалото нема напредок. Без испитување и истражување на најдлабоките точки на умот, телото и свеста нема еволуција. Тркалото ќе остане засекогаш да се врти во место доколку не се изнајде начин да се разбие имагинарната оска која го држи фиксирано. Спрегите се силни, но човечката свест е доволно моќна да ги разбие. Со едно добро проветрување на умот, негово реактивирање и со едно добро прочистување на телото многу работи можат да станат јасни, а линијата на движење на тркалото сама да се исцрта.

Човечкиот живот треба да се одвива во континуитет, минатото да се остави зад себе, слободно да се гази во сегашноста и без страв од иднината. Постојаното циклусно навраќање и бесконечното повторување се кочничари и тие треба да се прекинат. Време е човечкиот род да се оттргне од тркалото на заборавот и храбро да зачекори по патот на континуумот.

Човечки гниди

Константно жедни за крв, полни со омраза, желни за изживување и малтретирање, живеат и го трујат општеството. Ароганцијата, самобендисаноста и вознесеноста во самите себе им е препознатливиот стил на живеење и делување во средината. Хранејќи се со туѓата мака си го хранат сопственото его, газејќи по туѓи судбини го газат патот на тоа што го сметаат успех, а притоа уживаат во тоа. main-qimg-b6c8b1294c076a25ae97aa6cff7d690c-cПа нели ве е срам? Каде ви е човечноста? Човечки гниди, заслужувате да ви се прекинат сите пипци кои ги користите за да ја пиете крвта. Што правиме тогаш кога ќе се најдете помеѓу оние кои сте ги понижувале, газеле и плукале? Дали ќе ви биде убаво и вас да ве третираат на истиот начин како што сте ги вие третирале нив? Дегенерици на човечноста! Мислите ли дека некој ви се плаши или дека некој ве почитува заради тоа што го правите? Гадно се лажете! Чистата совест, правдината, добрината и љубовта секогаш победуваат без разлика колку и да ги газите. Тие секогаш истрајуват и излегуваат на површина. Општеството, без разлика колку и да е деградирано и заспано, секогаш повеќе ќе ја цени и памети човечноста. Помошта, споделувањето, сочувството и љубовта спрема колега, другар, пријател или непознат човек ќе биде запаметена и овековечена во нивните срца и никогаш нема да биде заборавена. Затоа и вас ќе ве снема, кога тогаш ќе ве снема. Се додека дека си мислете дека сте повредни и побитни од другите, се додека си мислите дека со цицање на туѓа крв ќе си ги остварувате своите болни цели за моќ, вие сте загрозен вид. Во првиот момент кога општеството ќе започне да се буди, ќе бидете шутнати и фрлени во кош.

prod-001Но добриот човек никогаш нема да се претвори во човечка гнида. Иако пипците ќе ви бидат скратени, добриот човек сепак нема да се однесува исто како и вие што сте се однесувале спрема него, туку напротив ќе ви одржи лекција по љубов и ќе ви покаже како се однесува човек спрема човек…со почит, културно, скромно, смирено, чесно и искрено, без разлика на функцијата, расата, полот, религијата, политичката припадност или богатството. Тоа е нешто што вие во вашите плитки мозоци, сега за сега, не ни можете да го замислите а камоли да го практикувате. Пипците се шират и сакаат да ги посејат човечките гниди насекаде. Борбата против нив неможе да се добие со нивните методи, борбата е едноставна, да не се дозволи човечноста да се претопи во нечовечност, да не се дозволи добриот човек да се претопи во човечка гнида.

Човечко наследство

Хуманост, грижа, љубов, здрава животна средина, унапреден генетски код, високо ниво на свест, култура, соработка, споделување, сочувство, хармонија, мир, одговорност, почит кон себе и целокупниот жив свет, цврсти темели за напредок и просперитет надвор од границите на наметнатата перцепција за човечката животна мисија. Сепак реалната слика за наследството на “хуманоста” на човечкиот вид е тотално спротивно на ова.

96f09981eda90fc6b5c25e5a08f430dc

Тоа е една бескрајна збирка и колекција од сите можни злодела, тотално уништување, токсичност, угнетување, убивање, омраза, завист и дегенеричност во секоја смисла на зборот. Тешко е и да се очекува нешто повеќе од свет кој е поставен на темелите на масовно поробување и крвопролевање од највиоки размери, секогаш со една иста цел – послабиот во пирамидата на доминација да биде угнетуван и искористуван од страна на посилниот и помоќниот. Секој стадиум пониско на скалилото значи и поголемо страдање, слугување и измачување.  Наместо човечкиот вид да се учи од сопствените грешки тој продолжува да мисли дека живее, бесцелно лутајќи во матрицата на безнадежноста и бесцелноста, задоволувајќи и лечејќи си ги комплексите на доминација и недостаток од љубов преку послабите живи суштеста и безначајните материјални предмети.

Зошто, па дури и со забрзано темпо, себично грабаме и масовно ги прифаќаме овие принципи, општествени норми и вредности?

За да дојдеме до одговорот најпрво треба да го вклучиме единствениот рецептор и емитор на свест и најмоќниот процесор на информации и логички операции. Со негово активно вклучување ќе започне и самостојното расудување на реалноста и перцепцијата на тоа што се случува околу нас, а одредени повторувачко-наследени процеси се повеќе и повеќе ќе ни изгледаат банални, бесцелни, надвор од границите на хуманоста и непотребни. Откако материјалнот свет на зависности ќе исчезне, ќе се роди нов свет со вистински можности и повисоки приоритети и цели. Меѓутоа, без воопшто и да се обидеме да се вклучиме во процесирање и резонирање, остануваме да се давиме во безнадежноста и амбисот на човечкиот отпад.

Па тоа е многу тешко, напорно и неизводливо! Ќе мора да размислуваме со сопствената глава без некој да ни кажува што е исправно а што не и како треба да го живееме сопствениот живот. Ќе треба да го користиме животниот потенцијал и ресурсите, кои би требало да ни се дадени на располагање со самото раѓање, со висок степен на само-одговорност без да го загрозуваме постоењето на светот околу нас. Како тогаш ќе ги оправдуваме нашите нехумани постапки штетни во секој поглед, како ќе ги оправдаме сите убиства, измачувања, угнетувања и злоупотреби, како ќе се соочиме со живиот свет на Планетата Земја кој го користиме за наша забава, изложување, изживување и колење. Откажувањето од работите кои ги сметаме за основа на нашето постоење и цел во животот ќе значи и признавање на сите овие катастрофални потези на човечкиот вид со далекусежни последици кон целокупното постоење. Од друга страна тоа би бил и одличен почеток за развој на повисока мисла и степен на свест. Како би изгледало, за почеток, да ги претвориме сите зоолошки логори, сите животински фарми, сите кланици, сите нуклеарни централи, сите нафтени полиња, нафтени рафинерии, термоцентрали и сите места за фрлање на отпад во природен и чист животен простор? Што би било кога поседите и имотите на злосторниците, кои продаваат приказни дека Земјата е пренаселена, од повисоките скалила на пирамидата кои се дрзнале од послабите да заграбаат и узурпираат огромен животен простор само за нив, а кој во никој случај не би требало да им припаѓа, да се претвори во слободна животна средина? Ова е премногу драстично за почеток, меѓутоа сепак работи кои реално можат да се направат и преземат има многу, единствено недостасува визија, храброст, одлучност, пожртвуваност и пред се желба за напредок.

Соочувањето и совладувањето на самите себе во процесот на осознавање е и најтешкиот дел за премостување на еволутивниот праг.

Заблудени и занесени во самите себе и сопственото его, со задоволство ги прифаќаме, величаме и подржуваме сите нечовечки принципи на живеење како нормални и тотално исправни. Без да ги оспориме, осудиме или преземеме некаква иницијатива или одговорност, свесни за штетата која ја нанесуваме, во наследство оставаме свет кој со секоја геренрација се повеќе се приближува до точка од која нема враќање назад.

 

Изгубена иднина

Дали некој ни ја украде или сами си ја продадовме иднината? Каде не носи таа трговија, кон напредок, кон просперитетна иднина или кон пропаст? Има ли назад од оваа состојба? Како можеме, а да не ја гледаме големата слика и театарот што ни се одвива пред очи? Зарем си мислиме дека ова што се случува во светот и со нашиот живот е нормално? Која е таа умствена бариера што не кочи за да ја видиме режијата и експлоатацијата на нашето најскапоцено нешто, нашиот животен пат? Кој е тој што се дрзнал да ни ги експлоатира енергијата и времето и зошто сме му го дозволиле тоа? Во што сме ние поразлични од фармските животни кои затворени, измачувани, изнемоштени и отровени едвај чекаат некој да им ги скрати маките? Дали сме се погледнале во огледало и сме се запрашале што всушност гледаме?

aad094a12736f7802eedb1134f7017f5

Во ред е, па зошто ние да се замараме….ќе им го оставиме тоа на идните генерации, тие нека му ја мислат. Наше е да ги доведеме на свет, да ги истренираме и да им го пренесеме сето наше животно искуство, мудрост, знаење и љубов. Што ќе им пренесеме и за што ќе ги истренираме? Сигурно не за убава иднина исполнета со сраќа, радост, здравје, хармонија, здрава социјализација, правилни вредности и напредок во чиста и здрава средина. Кои вредности ќе им ги пренесеме, која култира, кои навики? Што уште траба да се случи за да се освестиме дека ние не сме ништо друго туку обични фармски животни кои чекаат да им дојде редот за колење? Или пак, стомакот ни е полн со токсично-зависна храна, телото го третираме како канта за ѓубре па потоа го лечиме со разни скапи лекарски третмани, умот ни е полн со измислени приказни, фиктивни карактери и лажни идоли, собата ни е полна со разно-разни материјални играчки, еден- десет дневен годишен одмор и толку, тоа е животот. Додека се завртиш ни истекол рокот на траење.

Earth infected by humans RiseEarth

Браво за човечкиот род, најголемиот убиец на живиот свет на планетата Земја и најкрвочолното суштество кое некогаш чекорело на нејзината почва. А зошто? Е тоа е нешто за кое секој треба да се подразмисли и запраша. Самите си ја креираме нашата реалност, па така оваа состојба е наше ремек дело, наша реалност и наша желба. Болна желба за материјална и статусна моќ, алчност да поседуваме и заграбаме што е можно повеќе, себичност ништо да не споделуваме и даваме – тоа се темелите на нашето денешно постоење, а воедно и на нашето самоуништување, кое како толку многу да го посакуваме. Каде се свеста, совесноста, скромноста, смиреноста, стабилноста, дарежливоста, љубовта и почитта спрема целиот жив свет, еднаквоста, правичноста, позитивната енергија, желбата за знаење, споделување, работа, напредок? Уф…тежок е тој живот во кој материјалното ќе нема значение, ќе нема што да правиме, ќе немаме цел?! А како тоа сега да го сменам кога така сум учен, воспитуван и цел живот така функционирам? Зошто да сменам нешто што сите го прават? Кажуваат дека месото, млекото и јајцата се добиваат со најхумано-можни начини и методи на одгледување, собирање и колење на живи суштества, дека се добиени на здрав начин со користење на најдобрите хемикалии врз животните, дека само 70% од светското производство на антибиотици е наменето за фармските животни, дека во вкупното светско загадување нивното производство учествува само со 40%, дека само над 50% од производството на храна завршува како отпад, а на телевизија кажаа дека тие треба да бидат застапени на секое мени заради нивната хранливост и добробит по здравјето, а посебно по здравјето на децата!!! Браво, нема што, исто како привидната борба против фосилното гориво, нуклеарната енергија и технолошкиот отпад.

Живееме во време кога имунолошкиот систем на човекот е под константен физички и психички напад, а последиците од тој напад ги лечиме со уште едно оружје за создавање на отровна зависност. Фармацевската индустрија цвета, наместо природата да цвета на нејзино место, прехрамбената индустрија цвета наместо животот да цвета на нејзино место, загадувањето цвета наместо свежиот воздух да цвета.  Сите светски лидери, медиуми и организации многу добро ја знаат ситуацијата, јаки се на зборови ама на терен ситуацијата е се полоша и полоша. Не мрднуваат со мало прсте да сменат нешто, а ние чекаме од нив, ги бираме, им даваме власт за да работат во интерес на животот и да не заштитат од вакви напади.

А што можам пак јас како единка да направам и помогнам, како може ова да го сменам? Очигледно ништо бидејќи сето ова е твоја желба, твоја визија и твоја посакувана иднина.